Религиска поделеност или Меѓурелигиски соживот?

Религиска поделеност или Меѓурелигиски соживот?


  • Вкупно гласачи
    82

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Какви мислите дека треба да бидат меѓурелигиските односи во нашава држава, кој на кого и за што му смета??

Ајде да прокоментираме и да ја увидиме реалноста и ставот на едните кон другите.

Да пробаме да бидеме директни и да создадеме став, заедно да донесеме заклучок за религиозната состојба во нашава држава.
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.391
другар, меѓурелигиските односи во Македонија би се вратиле во нормално ниво кога партиите ќе престанат да се мешаат во нашите животи.
Дуи и Вмро се тие кои ја прават националната и верската нетрпеливост, а не ивз и мпц.
 

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Пошто ја отворив темава прв ќе ја прокоментирам и ќе го изнесам мојот став.

Во нашава мала држава ситуацијата со религиите е многу ранлива, претставуваме мултирелигиска и мултиетничка држава, држава во која многу често се мешаат овие два термини еден со друг.

Етникумот е етничка припадност и според тоа можете да бидете Македонци, Албанци, Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Американци, Англичани, Французи, Етиопјани па дури и марсовци ако така во едреден момент се почуствувате.

Религиска припадност е нешто сосема поинакво, тука можете да бидете припадник на Христијанската религија, Исламот, Католичката религија.

Поради мешањето на овие два поими се јавува недоразбирање и нетолеранција меѓу граѓаните, поготово во средини каде што се живее во послаба врска едни со други, во средини кои се поприлично еднорелигиски средини, места каде што нема голем контакт помеѓу едните кон другите, поради што како резултат на недоволното познавање на едните кон другите се донесуваат погрешни заклучоци.

Исто така како пречка во религискиот соживот го сметам и фактот кој говори дека едните(Христијаните) носени од фактот дека се мнозинство, иако не убедливо, се во страв дека доколку вториот ги претекне, ќе изгубат некојси доминантен статус, поради што се појавува одбивност, а вторите (Муслиманите) водени од помислата дека доколку станат мнозинство они ќе добијат некој си статус на доминација, а другите (Останатите религии) поради ваквиот ривалитет чуствуваат запоставеност, кај сите се создава чуство на ривалитет, што го намалува меѓурелигискиот дијалог во државата.

Мој заклучок е дека сето ова треба да се избрише од менталитетот на граѓаните и да се постави темелното и основно правило, никој не може да ни наштети онолку колку што самите себеси си наштетуваме, нам ни е дадено да делиме едно парче земја, кое никој не може да ни го земе, треба да живееме по него, секој по своето верско убедување, секој следејќи ја својата култура, визија и принцип, не само религиско определените, туку и оние кои себеси се сметаат како религиозно неопределени.

За крај, нели ние сме дел од одредена религија со цел да го најдеме о да го постигнеме најдобриот рецепт за добар Живот?? Зашто тогаш тоа да ни пречи да си попречуваме во спроведување во она што не учат религиите, или здравиот разум кј го поседуваме??
--- надополнето: 8 септември 2013 во 09:43 ---
другар, меѓурелигиските односи во Македонија би се вратиле во нормално ниво кога партиите ќе престанат да се мешаат во нашите животи.
Дуи и Вмро се тие кои ја прават националната и верската нетрпеливост, а не ивз и мпц.


Во добра насока ја начна дебатава, токму тоа е проблемот, каде е религиозното во политиката? каква врска има и ВМРО и ДУИ со религијата??
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
А зашо нема опција во анкетава, I don`t give a f**k, па да видиме на колку од нас ни е сеедно?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
.....не гласав на анкетата бидејќи го нема соодветниот одговор

религијата треба да биде лична работа....секој нека си верува (неверува) во што сака се додека не се обидува своите ставови да му ги наметне на другиот. Нас не ни треба соживот туку живот. Но религијата кај нас е во екстремно блиски односи со политиката и редовно на дневна основа се употребува за остварување на политички цели. Еден тако пример се протестите пред општина центар.

Тука го имаме и градењето на верски објекти од страна на државата што лично не го оправдувам. Оправдувам државата да се грижи, конзервира и возобновува културното наследство (манастири како Бигорски, Трескавец, разурнатиот манастир во Лешок, Шарената Џамија во Тетово, Тетовското Теќе, Џамијата во Прилеп и слично), но не и да гради верски објекти на секоја слободна зелена површина. И додека на секоја слободна површина никнуваат црквички и џамии за обележување територија, културното наследство пропаѓа, се распаѓа и се игнорира.

За да имаме нормален живот религијата МОРА да се одвои од државата, а политичарите своите религиозни ставови и верување да си ги чуваат за дома, а не да ги наметнуваат врз сите жители на Македонија. Во уставот Македонија е секуларна држава и религијата е одвоена од државата, но во реалноста и државата и религијата го злоупотребуваат народот и го делат за да може полесно да го искористуваат и злоупотребуваат.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
976
.


Има само Еден и Единствен Вистински и Совршено Светол БОГ,
Творец на небото, на земјата и на се’ што е во ними!

Тој Единствен Вистински и Совршено Светол БОГ - преку Својот Светол Дух - за спасение на сите во Исуса Христа Ја отелотвори Својата Света и Се’држителна Мудрост (Милост) чиста!

Во Него/Неа е совршеното јудејство, совршеното христијанство, совршениот ислам, совршениот суфизам, совршениот зенизам, совршениот будизам, совршениот комунизам, совршениот хуманизам, ... и многу многу повеќе од тоа, бидејќи Единствениот Вистински и Совршено Светол БОГ е лично во Него/Неа!



Неверниците и кривоверниците се тие што живеат во поделеност (шизма),
додека Чедата на Совршената Вистина се Единствени во Духот Светол БОЖЈИ,
најголемиот БОЖЈИ Дар (каризма)!

.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
А зашо нема опција во анкетава, I don`t give a f**k, па да видиме на колку од нас ни е сеедно?
имаш, опција бр. 2
.....не гласав на анкетата бидејќи го нема соодветниот одговор
...
За да имаме нормален живот религијата МОРА да се одвои од државата, а политичарите своите религиозни ставови и верување да си ги чуваат за дома, а не да ги наметнуваат врз сите жители на Македонија. Во уставот Македонија е секуларна држава и религијата е одвоена од државата, но во реалноста и државата и религијата го злоупотребуваат народот и го делат за да може полесно да го искористуваат и злоупотребуваат.
Можеш да наведиш држава каде религијата е одвоена од државата? Не по устав, туку во реалност. Има таква?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Можеш да наведиш држава каде религијата е одвоена од државата? Не по устав, туку во реалност. Има таква?
Шведска, Норвешка, Данска...

Црквите се празни, повеќе личат на музеи, а свештенството никој не го ферма за живо. Што од друга страна е сосем исправно, не можеш да го земеш некого за сериозно ако верува во чичко на небото кој наградува и казнува.

Македонија е светлосни години оддалечена од секуларност, најмногу заради тоа што овде живее најнеписмениот, најпростиот и најпримитивниот народ во Европа, после лепотаниве...
 

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
.....не гласав на анкетата бидејќи го нема соодветниот одговор

религијата треба да биде лична работа....секој нека си верува (неверува) во што сака се додека не се обидува своите ставови да му ги наметне на другиот. Нас не ни треба соживот туку живот. Но религијата кај нас е во екстремно блиски односи со политиката и редовно на дневна основа се употребува за остварување на политички цели. Еден тако пример се протестите пред општина центар.

Тука го имаме и градењето на верски објекти од страна на државата што лично не го оправдувам. Оправдувам државата да се грижи, конзервира и возобновува културното наследство (манастири како Бигорски, Трескавец, разурнатиот манастир во Лешок, Шарената Џамија во Тетово, Тетовското Теќе, Џамијата во Прилеп и слично), но не и да гради верски објекти на секоја слободна зелена површина. И додека на секоја слободна површина никнуваат црквички и џамии за обележување територија, културното наследство пропаѓа, се распаѓа и се игнорира.

За да имаме нормален живот религијата МОРА да се одвои од државата, а политичарите своите религиозни ставови и верување да си ги чуваат за дома, а не да ги наметнуваат врз сите жители на Македонија. Во уставот Македонија е секуларна држава и религијата е одвоена од државата, но во реалноста и државата и религијата го злоупотребуваат народот и го делат за да може полесно да го искористуваат и злоупотребуваат.



КОлку сето тоа е инспирирано од Историјата, а колку од поистоветувањето на религијата со нацјата??

кај нас веќе луѓето не гледаат разлика помеѓу овие две, тоа е голема пречка а нејзиното решавање голем чекор напред.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Кај нас полтиката ги меша работите јас имам полно другари муслимани и до сега никогас не сме се скарале.Оние ставову што ги изнесуваат партриите ретко се поклопуваат со ставовите на народот
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
имаш, опција бр. 2
Па и не ми е тоа баш опција... гајле ми е дал треба да има соживот, гајле ми е дал секој ќе си биде на своето, гајле ми е за сите дијалози, се додека е религија во питање а во позадина, главната улога ја игра владата. Се што е поврзано со религија/политика (контрола на народот) под која вие подразбирате само Христијанство и Муслиманство- i don`t give a fuck!
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Шведска, Норвешка, Данска...

Црквите се празни, повеќе личат на музеи, а свештенството никој не го ферма за живо. Што од друга страна е сосем исправно, не можеш да го земеш некого за сериозно ако верува во чичко на небото кој наградува и казнува.

Македонија е светлосни години оддалечена од секуларност, најмногу заради тоа што овде живее најнеписмениот, најпростиот и најпримитивниот народ во Европа, после лепотаниве...
Те разбирам и делумно си во право. Но сепак религијата зеде голем замав и во Скандинавските држави. Не протестанството како матична религија, туку азилантите, бегалците, емигрантите и "духот" што го донесоа со нив....
Неопходна е интервенција на политичкиот фактор. Тоа и се случува.
Норвешка? Брејвик е повеќе политички продукт, одколку религиски.. ги испоуби политичките неистомисленици.
Копенхаген е преплавен од мултиетнички струи.
Навидум изгледа убаво и тивко, но тоа е поради способноста на опшеството да се прилагоди на новонастанатата ситуација.
Народот не се замара ко кај нас, но политиката ито како е погодена. Пред се, социјалата.

бтв, живеам Шведска. :)
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Религиска поделеност....па кога ќе видам дека од таа страна на Вардар, е како друг свет....што треба да мислам :mad:
 

kralot

Вистина!!
Член од
9 април 2008
Мислења
466
Поени од реакции
72
Религиска поделеност....па кога ќе видам дека од таа страна на Вардар, е како друг свет....што треба да мислам :mad:


Не треба да мислиш, треба да го прифатиш како такво, а и тие тебе да те прифатат како таква.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Ако религијата е промотер на поделеност и пречка за соживот, дали терминот меѓурелигиски соживот не е оксиморон?
Како да имаш соживот со луѓе кои останатите морални вредности ги сметаат за нешто кое треба да се уништи? Луѓе кои сметаат дека хомосексуалците треба да се бесат, а вонбрачните парови да се казнуваат?
Како да има меѓурелигиски соживот, кога некои религии не се спремни да се адаптираат на новите времиња?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom