Реконструкција на Градскиот Стадион ''Гоце Делчев'' во Прилеп

Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
Ако се оствари ова, немам зборови. Секогаш сум сакал освен во Скопје репрезентација да следам на натпревар во внатрешноста. Извонредно за наши услови. Овој Мацко градоначалников мама му е*а на Прилеп ебагооо :D. Шала на страна стадиончево за наши услови е извонредно.
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Срамота е што освен „Филип II“ нема друг стадион во Македонија кој ги исполнува сите светски стандарди. Редно е да се направи таков, бидејќи освен во Скопје не може нигде да се игра меѓународен натпревар од повисок ранг во Македонија.

...Но сепак, да се потсетиме дека на пролет не чекаат локални избори, така да... :unsure:
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.054
Поени од реакции
6.658
убава реклама за претстојните избори - со ефтини клипчиња,наспроти започеток и реализација на вакви за нас фантастични проекти.....разработи го кликерот и доста фантазираш
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.693
Лажги со опашки. Слично ветуваат пред секои избори, и за во Прилеп и за во Битола.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121712835281&id=9&prilog=0&setIzdanie=22757
Еве ви и за Битола.

Нека потпишат прво на нотар дека ќе го направат ова, може ли така? Ако не го исполнат сите од Прилеп и Битола да им дадат по еден шут. Така веќе може да правиме муабет, а не вака на зборови :icon_lol:
 
Член од
30 јуни 2008
Мислења
1.962
Поени од реакции
1.237
Да ветеше градоначалникот на Гевгелија, немаше да верувам дека ќе се изгради, во овој имам далеку поголема доверба иако се и двајцата од иста партија.
 
F

freebird

Гостин
Овој во Битола е смешка према прилепскиот... За во Прилеп проектот вика дека требаат 6 милиони евра... од кои 2 ќе ги обезбеди општината... Стадионот ќе е во англиски стил со трибини до терен и слично...Многу добро изгледа...Ваљда конечно ке се почни да се игра нешто конкретно и надвор од ск :)
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
не сакам да звучам излитено и да с еповторувам ама ќе се цитирам самиот себе од темата за кино во прилеп

Почна политичката кампања, кино до избори, автобуска до избори, влезната авенија до избори, ма упм до избори !!! ...
сега имаме + стадион во предизборна програма.

Не, несакам да се свати мојот пост како анти Маирански, ама стадионот онаков како што го најавуваат ќе биди само ако победа ја купи некој арап или некој русин. Стадионот ќе беше малку подобор од ова што е ако Миле Аџи-Ристе не се бапнеше со мерцедесот и заминеше на вечни ловишта ама тоа е тоа, судбина. После сето тоа сега остнаа само нивата која е на местото од стадионот. Ако некој не знај треба така речено и да нема а нема ни да има ако прво не се смени цел тој слој на земја одозгора како во седумдесетите што направиле. Тогаш тревата била најдобра во цела југославија по мислењето на сите а на трибините секоја недела имало 1/3 од луѓето што воопшто живееле во прилепска општина а тоа значело 20.000+ секоја недела на стадион. Последно што знам е дека со Перуџа бевме околу 18.000 + кафезот до максимум без официјална бројка. Ама тоа беше пред 15 години. Од тогаш се е прохујало са вихором.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
И нас ни ветија бре... во Штип.

И тоа нашиот ќе го селат.... постоечкиот ке го рушат а нов ќе правеле во Сутлакот со 8000 седишта и плус 2 помошни!

За кај вас не знам како ќе биде... кај нас знам дека ќе пропадне!
 
B

BrunoFresh

Гостин
Абе каков сака нека го напра, кога нема квалитен Фудбал во Македонија :)
А изггледот на стадионот е добар
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.728
Поени од реакции
9.837
Да не се лажеме..ни една градска управа неможе сама да реализира ваква инвестиција без државна/централна помош. Ако реши грујо да одврзе кесе ондак можно е, а само со локална кеса тоа нема шанси.
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.779
убава реклама за претстојните избори - со ефтини клипчиња,наспроти започеток и реализација на вакви за нас фантастични проекти.....разработи го кликерот и доста фантазираш
А за што од спортски план Грујо излажа а не направи?! Ова не е за џабе направен клипов, консултации имало ај ни текнало за избори туку така ќе пуштиме ваков клип да го излажеме народов стадион ќе му напраиме да гласаат за нас. Истиот муабет и за Филип 2 пола не веруваа дека трибината ќе издржела...:facepalm: Па и без ова Мацко ќе тепа у Прилеп и сеа што?! Copy Paste им праам на неоптимистичкиве муабети а ако го напраат стадионов и овој и во Битола?? Што праиме ?
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.482
Поени од реакции
2.351
Леле што е ова бе, сегде стадиони. Ако се оствари барем еден од нив ќе биде супер. Инаку стадионов ако се направи, леле ќе биде многу јак.
 

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.020
Поени од реакции
2.059
:pos::pos: :pos:
Ако направат такви стадиони, се селам од Македонија.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.700
Поени од реакции
6.627
Абе нека напраат :vozbud: , мада се сомневам...ама кој ќе игра на него бе луѓе, кој?! Победа се распадна. 11 Октомври игра Втора лига, а можда и оттаму ќе испадне. Кој ќе го користи и одржува стадионот? Корзо?! Без јак, конкурентен клуб, ваков стадион би бил само скап споменик. Дури и да игра секој натпревар репрезентацијата овде, пак нема да се исплати :facepalm:
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.258
Поени од реакции
3.608
А за што од спортски план Грујо излажа а не направи?! Ова не е за џабе направен клипов, консултации имало ај ни текнало за избори туку така ќе пуштиме ваков клип да го излажеме народов стадион ќе му напраиме да гласаат за нас. Истиот муабет и за Филип 2 пола не веруваа дека трибината ќе издржела...:facepalm: Па и без ова Мацко ќе тепа у Прилеп и сеа што?! Copy Paste им праам на неоптимистичкиве муабети а ако го напраат стадионов и овој и во Битола?? Што праиме ?
Мацко твој или Маиран мој че тепа оти многу проста раја држи пелагонијава.
Апсолутно точно е дека градот живна по последниве два негови мандати ама верувма си го слушнал вицот како некој странски градоначалник дошол во возвратна посета на градоначалник од некој македонски град. Претходно македонецов кога бил таму видел некоја зграда со 7 ката по објаснување на тамошниот а таа со 8. Ова прашува како бе 7 кога се 8, а типот вика е па таа има 7 а 8от е мој и нигде го нема во книгите. Овај кога дошол нашиов му вика, ја гледаш оваа 10катница, Типот а бе не зезај нема зграда. Нашиот е па нема ама требаше да има...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom