Резолуција на ООН за геноцид во Сребреница

Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
5.210
Со 84 гласови ЗА и 19 против се усвои резолуцијата во Обединетите нации со која се признава како Геноцид увиството на преку 8000 бошњачки мажи и момчиња во 1995 во Сребреница од страна на србите.
11 јуни се прогласува за ден на Геноцидот во Сребреница.
Се повикува да се осуди негирањето на геноцидот и глорифицирање на сторителите на геноцидот.



Србите мислат дека со оваа резолуција србите постанаа Геноциден народ.

Истовремено истите срби го негираат геноцидот и ги слават убијците на преку 8000 невини бошњаци.

Често имињата на Младич, Караџич, Аркан можат да се видат и во Македонија, напишани по ѕидови од објекти и во мурали.

Македонија заедно со Црна Гора, БиХ, Хрватска, Словенија како поранешни Југословенски републики гласаа ЗА резолуцијата, а српските политичари се закануваа на истите.

Нека почиваат во мир жртвите на Сребреничкиот геноцид, одговорност за сторителите.

Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори.

1-7.jpg
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.825
Поени од реакции
80.359
Сега овој преседан, како косовскиот, ќе предизвика лавина од други:
геноцидот над Русите и другите совети во Втора Светска, геноцидот над Србите во Јасеновац, како и геноцидот над Ерменците. Овие три само чекаат ова да помине. А ќе се појават и други.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.825
Поени од реакции
80.359
Кога ќе има поздрава политичка клима тука, ќе се најде некој кој ќе поднесе вакво барање и за нас.
Основа ќе бидат првите две коминикеа на УЧК, како и неколкуте случаи на воени злосторства извршени врз Македонците.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.246
Поени од реакции
5.210
Кога ќе има поздрава политичка клима тука, ќе се најде некој кој ќе поднесе вакво барање и за нас.
Основа ќе бидат првите две коминикеа на УЧК, како и неколкуте случаи на воени злосторства извршени врз Македонците.
Го признаваш ли геноцидот во Сребреница?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.825
Поени од реакции
80.359
Го признаваш ли геноцидот во Сребреница?
Не знам како се прави тоа, бидејќи не сум јас субјект кој признава или непризнава геноциди.
Но, ми се чини дека ако се признае ова за геноцид, ќе треба и други такви случаи да имаат ист третман, што ќе предизвика други процеси.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.825
Поени од реакции
80.359
Ако целта на генералното собрание беше да ја усложни сотојбата во БиХ, како и да ги антагонизира народите во неа дополнително, тогаш на прав пат се со резолуцијава.
Западот прави глупи потези на Западен Балкан по почетокот на војнава.
 
Последно уредено:

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.436
Поени од реакции
4.264
Ќе кажам што е во сребреница- мое разбирање е дека има инфлукс на радикализирани муслимани и муџахедински оператори во босанската војна, и применуваат иста тактика како што применува хамас, базирана на ставката во куранот дека бегање од непријател т.е. невереници е напуштање на вербата во алах т.е. брадосаните копиљи играле блокаторски одреди да спречат бегство на цивили, симултано користејќи ги како жив штит. Истото талибаните го имат праено, исто чеченците, исто и исис. Со такви само бел фосфор. Ужасно за живиот штит, но такви индивидуи мора брзо и насилно да се уништат. Пошто и да дојде до пукање, опсада или да пробаат да се спасат заложниците, има да погинат и така голем број, а копиљите има да се извлечат.
 

Честити Царе

₳̶̺͚̞̅̎₱̸̞̯̽͑͑̏Ø̴͍̻͒͒̚͝₵̸͕̩̔͐̀̑₳̴̯̬͑͗̓Ⱡ̵̣̿̓̈Ɏ̵̛͊͂͋
Член од
22 февруари 2024
Мислења
740
Поени од реакции
2.406
Сребреница е факт,не злочин .

Но целата процедура беше чудна . Во право е Вучиќ.
 
Член од
22 јуни 2022
Мислења
136
Поени од реакции
526
Го признаваш ли геноцидот во Сребреница?
Шипо знаеш ти шо е геноцид?? Ај кажи ми дефиниција. Како може Геноцид да е 8000 жртви на едно населено место. Прави примери за геноцид е Гладомор на пример (10 милиони жртви), Камбоџиски геноцид (2 милиони), Бенгалски Геноцид (3 милиони),Ерменски геноцид (1.5 милиони), Геноцид во Руанда (1 милион) итн итн. Научи разлика меѓу геноцид и воено злосторство па дојди.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
1.917
Поени од реакции
4.401
Нека стои ова тука.
Масакр во Беличица — масовно убиство извршено од балистите врз македонското население од горнореканското село Беличица на 19 септември 1944 година. Во борбата со балистите, бранејќи го селото загинале 19 партизани од Третиот тетовски партизански одред. По завршетокот на борбата со партизаните, балистите убиле 17 жени, деца и старци од селото, а потоа го запалиле до темел целото село.
Загинати селани
Калина Јовановска (родена во 1925 година)
Тодор Ѓурчиновски (роден во 1904 година)
Петар Атанасовски (роден во 1908 година)
Анестија Богучевска (родена во 1878 година)
Наталија Богучевска (родена во 1913 година)
Ана Бибовска (родена во 1858 година)
Нада Брајковска (родена во 1932 година)
Сара Брајковска (родена во 1878 година)
Лена Ѓурчиновска (родена во 1868 година)
Лиска Јовановска (родена во 1856 година)
Лефтер Јовановски (роден во 1931 година)
Параскева Брајковска (родена во 1912 година)
Адам Метаниевски (родена во 1929 година)
Сара Богучевска (родена во 1868 година)
Ценија Богучевска (родена во 1928 година)
Грозда Богучевска (родена во 1930 година)
Соломија Јовановска (родена во 1883 година)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom