Спајдер напиша:
Првите деца имаат поголема самодоверба,голем натпреварувачки дух и доминантни се во споредба со последното дете во семејството. Поради тоа првородените најчесто се главни на некоја позиција,совесни се,го прифаќаат конвенционалниот морал, се идентификуваат со вредностите на своите родители и се попослушни. Имаат успешна кариера, загрижени се за својата положба, емоционално се напнати и сколни се кон бес. Ги избегнуваат ризиците, особено во спортот и повеќе сакат пливање, тенис, голф и други активности во кои нема контакт.
Сестра ми не ги сака нарцисите,но сепак има поголема самодоверба во споредба со мене,истакнат натпреварувачки дух, и секако многу подоминатна од мене.....Не знам на која позиција ќе биде,а дека е попослушна од мене,попослушна е(и двајцата тераме инат,ама ја го имам поголемиот,т.е. јас многу поретко попуштам). За кариера како што е тргната сега,верувам дека ќе ја има,она е емоционална,а дали е повеќе од мене не знам,сепак ниеден од нас двајца не е ладен длабоко во себе...но и двајцата го имаме тој некаков штит кој некако не прави ладни кога разговараме со други лица. Склона е кон бес,да...а за избегнување ризици?....NОT!...Сака кошарка,има играно фудбал(на женски турнир) и мислам дека сака да превзема ризици и едно време имаше испринтано на една нејзина маица,кое можеби и е едно од нејзините мотоа "Those who are affraid to fall,will never fly" , па сега видете дали се плаши на предизвиците
СпаЈдеР напиша:
Второродените деца се разликуваат од првородените а во споредба со нив,имааат помала самодоверба. Но, затоа се алтруисти, повеќе сочувствуваат со туѓите чувства, а додека се мали повеќе се дружат со другите(поголеми) деца. Овие луѓе имаат помала совест и помала желба за освета од првородените. Подруштвени се и отворени се кон различни искуства. Бунтовни се и сакаат да ризикуваат.
Имам помала самодоверба,алтруист сум,епа да...поинтересно е со поголемите деца,поразлични искуства,повозбудливи...За друштвен,друштвен сум,ама одкога ќе се опуштам во разговорот,одпочеток секогаш сум срамежлив.....Бунтовен сум, секогаш сакам да го добијам тоа што сум го намислил,на било каков начин...добро сега,има некои исклучоци :smir:
СпаЈдеР напиша:
лавна причина поради која доаѓа до такви разлики е во тоа што во зависност од редот на раѓање усвојуваме различни стратегии за да го привлечеме вниманието на родителите. Со оглед на тоа дека некогаш не можеме да добиеме доволно родителска љубов, мораме да си осигуриме посебно место во семејството и да се погрижиме да привлечеме љубов, негувајќи вештини и особености кои се различни од оние на братот или на сестрата.
Првородените први одат на училиште и се соочуваат со предизвиците на адолесценцијата,добиваат повеќе внимание, поголема грижа и поприврзани се со родителите во раното детство. Но ако до нивната 3та година не се роди друго дете, родилите кон нив стануваат поладни и им наметнуваат строги ограничувања. Првородените девојчиња се склони кон момчешки карактеристики,особено ако имаат само сестра,бидејќи повеќе се споредуваат со таткото. Ако по девојчето се роди момче,тоа ќе биде донекаде склоно кон женски особини.
Eпа сигурно потсвесно сите ние сакаме на различен начин од нашиот брат/сестра да го добиеме родителското внимание и родителската љубов. Инаку за ова женскиве особини не знам,ако мисли дека дека не сме баш по спортот,може да се рече...или дека не ни пречи да не бидеме први секаде т.е. не сме толку со натпреварувачки дух како првородените...не знам,овие женски и машки особини не ми се баш адекватни ама како и да е. Инаку пред да не роди мајка ни,за првото дете(сестра ми) до крајта го мислеле машко,а мене до крајта(пред раѓањаето) женско....
:kesa: