Редот на раѓање го одредува карактерот на детето

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Првите деца имаат поголема самодоверба,голем натпреварувачки дух и доминантни се во споредба со последното дете во семејството. Поради тоа првородените најчесто се главни на некоја позиција,совесни се,го прифаќаат конвенционалниот морал, се идентификуваат со вредностите на своите родители и се попослушни. Имаат успешна кариера, загрижени се за својата положба, емоционално се напнати и сколни се кон бес. Ги избегнуваат ризиците, особено во спортот и повеќе сакат пливање, тенис, голф и други активности во кои нема контакт.
Второродените деца се разликуваат од првородените а во споредба со нив,имааат помала самодоверба. Но, затоа се алтруисти, повеќе сочувствуваат со туѓите чувства, а додека се мали повеќе се дружат со другите(поголеми) деца. Овие луѓе имаат помала совест и помала желба за освета од првородените. Подруштвени се и отворени се кон различни искуства. Бунтовни се и сакаат да ризикуваат.
Психолозите утврдиле дека редот на раѓање е важен фактор според кој родителите ја одредуваат улогата на децата во семејната драма.

Зошто се разликуваат?
Главна причина поради која доаѓа до такви разлики е во тоа што во зависност од редот на раѓање усвојуваме различни стратегии за да го привлечеме вниманието на родителите. Со оглед на тоа дека некогаш не можеме да добиеме доволно родителска љубов, мораме да си осигуриме посебно место во семејството и да се погрижиме да привлечеме љубов, негувајќи вештини и особености кои се различни од оние на братот или на сестрата.
Првородените први одат на училиште и се соочуваат со предизвиците на адолесценцијата,добиваат повеќе внимание, поголема грижа и поприврзани се со родителите во раното детство. Но ако до нивната 3та година не се роди друго дете, родилите кон нив стануваат поладни и им наметнуваат строги ограничувања. Првородените девојчиња се склони кон момчешки карактеристики,особено ако имаат само сестра,бидејќи повеќе се споредуваат со таткото. Ако по девојчето се роди момче,тоа ќе биде донекаде склоно кон женски особини.

Влијае и бројот на членовите
Во семејствата со многу деца повеќе се разликуваат децата што се родени едно подруго,отколку првото или третото дете. Ако едното дете повеќе се споредува со едниот родител, тоа што ќе се роди по него веројатно ќе се споредува со другиот. Ако сте прво дете во семејството, склони сте да тргнете по линијата на помал отпор во воспоставување на своето место во семејството, давајќи им на родителите тоа што го сакаат и поставувајќи се на нивна страна. Барајќи начин на кој ќе ја привлечат родителската љубов, се раководат според реакциите на родителите. Во создавањето на семејното сценарио исто така е важна и големината на семејството. Големите семејства со пет или повеќе деца мора да ги распределат своите материјални и емоционални можности, така што децата често се емоционално осиромашени. Поради тоа таквите деца морат повеќе да се трудат за да го пронајдат своето место во семејството. Помалите деца во големите семејства особено се склони кон различни интереси и ги привлекуваат патувањата. Девојчињата во големите семејства се поженствени, бидејќи зафатената мајка почесто ги терала да се грижат за помалите деца.

Постарите-помажествени,
Помладите-поженствени
Двата родитела се обидуваат повеќе да го забрзаат развојот на првороденото дете за разлика од другите деца. Добра вест за првородените деца е што родителите се воодушевени од нивното раѓање, па ги опсипуваат со внимание. Лошата вест е што со доаѓањето на другото дете доаѓа до релативно запоставување,кое е определен шок за првороденото дете.
Разликата во возраста меѓу браќата и сестрите одредува колку редот на раѓање ќе влијае врз децата. На четиригодишните деца малку влијае раѓањето на братот или сестра бидејќи тие се поспособни да се носат со тоа случување.
Карактеристиките на првородените,како што се водство,самодоверба и склоност кон натпреварување, се поврзуваат со мажественоста, а помладите во семејството се сметаат за поженствени:)zid:)

Извор:Весник,24 Часа Здравје(доаѓа со Дневник или Време(нат шур))



Очекувам мислења околу овие распределби за децата,јас како создавач на темата,ќе препрочитам неколку мислења и меѓу нив ќе го додадам и моето. :helou:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
Еј,донекаде се во право,јас сум со брат ми 10 години разлика и да,на моменти како помала се чувствував запоставена,и бев љубоморна.
Па не знам Спајдер,еве да се земам јас за пример,си имам некои проблеми со самодовербата.Точно е дека сум емоционално напната,а бесот го кријам во себе.На крајот на краиштата,се зависи од средината во која расте детето,нели?
И за второродените се сложувам,само што брат ми повеќе е емоционален од мене,и сочувствува со моите на моменти.Како и да е,не верувам дека ќе биде злопамтило:)како мене,значи,добри се психолозиве.
Некаде читав дека второродените деца(бидејќи најчесто едно просечно семејство се состои од 4 члена,меѓу кои се две деца)се поинтелегентни и побрзо сфаќаат од првородените.А има и доста примери со кои сум се сретнала.Пр.на првото му треба повеќепати да прочита една лекција за да ја запамти,а на второто од едно-две читања ја сфаќа суштината.

Сепак,мислам дека заедницата во која учествува едно дете,како примарните во кои се вбројува семејството,градинката,друштвото го одредува карактерот на детето.
 

Kvendolin

чупе од бурдите
Член од
24 март 2007
Мислења
1.003
Поени од реакции
75
Секоја чест за постот. Јас како првородено дете се најдов во многу од набројаните карактеристики.На пример натпреварувачкиот дух ,потребата од докажување, склоноста да се согласувам со мислењето на родителите и да учам од нивното однесување значи конвенционалниот морал,понатаму напнатоста, ја чувствувам скоро постојано.За разлика од мене мојот две години помал брат е поопуштен, поралаксиран , подруштвен и помалку амбициозен, а секако и поемотивен од мене. Скоро се, се совпаѓа со твојот пост.
 

Diabolical !llusion

Магец
Член од
3 август 2006
Мислења
2.238
Поени од реакции
22
хмм,за мене не останува многу,освен да се сложам со донекаде од напишаното во твојот текст..
не се слагам само со на за женственоста,иако до некаде сум пример,дека сум спортски тип,а брат ми кој е помал цели 8 години од мене не сака да чуе за спорт...мислам дека не се сите случаеви така..шо знам..ај ќе едитирам коа ќе ми се уклучи мозокот,на стенд бај ми е сеа :)
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
21
повеќе сакат пливање, тенис, голф и други активности во кои нема контакт.
Рак, прво дете=точно! Другото ми е такак-така, до некаде!
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
Ima vistina vo ova ama mene me interesira,dali ima nekoj nesto za decata koi se edinci vo semejstvoto?
Na primer:vo semejstvo kade ima edno dete,a negoviot tatko e isto taka edinec.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Mislam deka koga e samo edno dete, spored mene ima isti karakteristiki kako prvorodenoto dete. Mozebi e pogresno toa sto go napisav.
Epten pogodile za decata od toj dneven list, jas kako vtororodeno epten se najdov vo tie zborovi, dominantno e prvorodenoto dete ama vo nekoi pogledi i za nekoi raboti barem kaj mene vo semejstvoto. Za odredeni raboti jas sum odgovorna kako i za kupuvanjeto predmeti za trajna potrosuvacka. Se si zavisi i do roditelite/roditelot. Jas sum za rizik sestra mi ne i red drugi raboti koi go potvrduvaat gorenavedenoto, dobro ima nekoi isklucoci normalno.
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Приближно точно... е ова горе, но не е единствен фактор....

Многу зависи и полот на детето....
Има 4 можни комбинации.....

  1. две машки,
  2. две женски,
  3. постар брат - помала сестра, или
  4. постара сестра - помал брат...
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Димитар напиша:
Приближно точно... е ова горе, но не е единствен фактор....

Многу зависи и полот на детето....
Има 4 можни комбинации.....
  1. две машки,
  2. две женски,
  3. постар брат - помала сестра, или
  4. постара сестра - помал брат...
Па има нешто и околу полот за детето :)
 

Saiya Jin

Dizzy Fingers
Член од
26 април 2006
Мислења
1.266
Поени од реакции
10
За мене нема никаде. Дискриминација :). Не пишува ништо за третородено дете(како што сум јас на пример). Не ми е јасно зошто скоро секоја фамилија има само 2 деца. Ние сме 3 и супер ни е. Ај ако најде некој за третородено може да пише :)
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Единeц
  • Размазени и разгалени
  • Се чувствуваат некомпетентни бидејќи возрасните се поспособни.
  • Во центар на внимание, често уживаат во таа позиција. Можно е да се чувствуваат дека се специални.
  • Себе си се ставаат на прво место.
  • Често се потпираат на услугите од другите, отколку на својот труд
  • Се чувствуваат нефер третирани кога нема да е на нивни начин
  • Можат лесно да одбијат соработка
  • Играат „раздели па владеј“ на нивни начин
Прво дете
  • Одредено време било единец, па се навикнал да биде центар на внимание
  • Верува дека мора да стекне и да држи супериорност над другите деца.
  • Секогаш се во право, контролирајќи ги важните работи.
  • Може да реагира дека е запоставен и несакан после раѓање на второто дете.
  • Се залага да го зачува или придобие вниманието на родителите со добри работи. Ако ова не му успее, одбира да биде непослушен
  • Може или да добие одговорно понашање, или да стане многу обесхрабрен
  • Често се бори да ги заштити и да им помогне на другите.
  • Настојува да им задоволи на сите
Второ дете
  • Никогаш го нема целосното внимание од родителите.
  • Секогаш има брат/сестра кој/а е понапреден/на
  • Делува како да е трка, да го достигне и претекне првото дете. Ако првото дете е „добро“, второто може да стане „лошо“ Често стекнува можности кои ги нема првото дете. Ако првото дете е успешно, второто не е сигурно во себе дека ќе го стигне, па пробува да е успешно во друго поле каде првото е послабо.
  • Може да биде бунтовник.
  • Често не ја сака позицијата која му ја даваат.
  • Се чувствува „стеснато“ ако се роди трето дете.
  • Се обидува да стане повлијателен од останатите браќа и сестри.
Средно дете (од три)
  • Нема права ни на најстар (најискусен) ни на најмал
  • Се чувствува дека животот не е фер
  • Се чувствува несакан, зафрлен, стеснат
  • Чувствува дека не му е место во фамилијата.
  • Станува обесхрабрен и проблематичен или се обидува да се издигне највисоко, на сметка на другите - односно спуштајќи ги пониско
  • Се адаптира
  • Учи како да се справи и со постариот и помладиот неодбирајќи средства
Најмалото дете
  • Се однесува како единец
  • Чувствува дека сите се поголеми и поспособни
  • Очекува другите да ги прават неговите работи, да прават одлуки за него и да ја преземаат неговата одговорност
  • Се чувствува најмал и најслаб. Често не е сфатен сериозно.
  • Станува главен во фамилијата добивајќи услуги од останатите и работејќи по негов начин
  • Може или да стекне чувство на инферионост или поради помошта од постарите брзо да учи и брзо да дојде над останатите.
  • Секогаш останува „бебче“, секогаш очекува услуги од другите.
  • Ако е најмал од тројца, често се здружува со најстариот/та против средниот/та
Покасно нешто повеќе и во односот пол - ред на раѓање
 

СпаЈдеР

DissentiveMoron202
Член од
1 март 2006
Мислења
3.201
Поени од реакции
52
Не можам никако да го постирам целото мислење :tapp:
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
Димитар напиша:
Единeц
  • Размазени и разгалени
  • Се чувствуваат некомпетентни бидејќи возрасните се поспособни.
  • Во центар на внимание, често уживаат во таа позиција. Можно е да се чувствуваат дека се специални.
  • Себе си се ставаат на прво место.
  • Често се потпираат на услугите од другите, отколку на својот труд
  • Се чувствуваат нефер третирани кога нема да е на нивни начин
  • Можат лесно да одбијат соработка
  • Играат „раздели па владеј“ на нивни начин
Најмалото дете
  • Се однесува како единец
  • Чувствува дека сите се поголеми и поспособни
  • Очекува другите да ги прават неговите работи, да прават одлуки за него и да ја преземаат неговата одговорност
  • Се чувствува најмал и најслаб. Често не е сфатен сериозно.
  • Станува главен во фамилијата добивајќи услуги од останатите и работејќи по негов начин
  • Може или да стекне чувство на инферионост или поради помошта од постарите брзо да учи и брзо да дојде над останатите.
  • Секогаш останува „бебче“, секогаш очекува услуги од другите.
  • Ако е најмал од тројца, често се здружува со најстариот/та против средниот/та
Покасно нешто повеќе и во односот пол - ред на раѓање
Ги одбрав овие две за коментирање,бидејќи во првото ги ставам мажот ми и ќерка ми,а во второто самата себе!
1.Не ги пронајдов во точка-2,5,8....ни под разно!
Се разбира дека ова не е мерило за сите единци..итн.и дека постојат многу други фактори за комплетирање на една личност!
Е,сега под
2.Ако е најмал од тројца, често се здружува со најстариот/та против средниот/та------кај нас беше обратно,против најстарата,тоа како деца!
во останатите можам да се пронајдам,иако не комплетно,сепак,да!:je:
 

NaTaLi

BabaSera pod Ste4aj
Член од
22 април 2006
Мислења
1.061
Поени од реакции
17
Димитар напиша:
Единeц
  • Размазени и разгалени - не е точно
  • Се чувствуваат некомпетентни бидејќи возрасните се поспособни. -пак згрешка :)
  • Во центар на внимание, често уживаат во таа позиција. Можно е да се чувствуваат дека се специални. - ни ова..
  • Себе си се ставаат на прво место. - ни малце
  • Често се потпираат на услугите од другите, отколку на својот труд - ретко, ама тоа го прават и другите :helou:
  • Се чувствуваат нефер третирани кога нема да е на нивни начин - никогаш
  • Можат лесно да одбијат соработка - не баш..:nenene:
  • Играат „раздели па владеј“ на нивни начин - колку нема врска :nenene::nenene::nenene:
ја сум единица, и неам ама баш ниедна особина од гореспоменатвиве :)
 
Член од
19 септември 2005
Мислења
5.616
Поени од реакции
180
Рамада, ни јас не можам да се пронајдам во многу точки (како единец) но, сепак ова е психологија, ова не се факти кои ги измислив јас, едноставно некој ги смислил, јас само преведов....

Сега, сепак, ова е правено со експерименти... на групи на луѓе и процентуално се избирани резултатите...

Како што напоменав, не е единствениот фактор за карактерот на личностите...
Веднаш после ова е: статусот на семејството, полот на децата како и разликата во години помеѓу нив
 

Kajgana Shop

На врв Bottom