Да се иде во војска е добра работа. За мене беше супер искуство. Како прво у војска се иде на 19-22 години зашто ке научиш како е да се грижиш сам за себе. Ке научиш да примаш команда, зашто после у живот кога ке работиш некаде истото ке те чека, ке мора да извршуваш команди иако некад ти се чинат бзпотребни. Ке научиш да јадеш зеље и леп, лушпи од компири и леп, и што уште не, па еден ден кога нема да имаш пари за у ресторан и кинеска храна, ке седнеш дома и ке го јадеш истото што го јадеше у војска и ке бидеш среќен поради тоа.
Ке бидеш физички активен од 6 до 20:00. Ке спиеш 7 часа од 24. Ке чистиш тамо кај што цел ден серат 100 војници, ке переш сам на рака, ке чуваш сопствена опрема, гардероба, и ке цениш одмор 2 дена.
Ке научиш како да се ориентираш ноќе по звезди, ке знаеш на колку метри се гледа запалена цигара ноќе, ке лежиш у ров цела ноќ... ке идеш на стража 1 месец.
Ке бегаш од касарна вешто, ке пумпаш 300 склека и 100 гуштеров лет за другар. Ке ти украдат гардероба па ке мора и ти да крадеш.....
И после 1 година таков живот ја верувам дека секој млад дечко ке се смени барем малце, ке научи барем нешто од војската. Тоа е 1 година од вашиот посран досаден живот.
Немора да значи дека тактиката да убиеш непријател некад ке ја употребиш, тоа не е битно дали ке се бориш за границата на сопствената република, или ке заштитуваш своја куќа, стан... можда и против вонземјани ке се бориш утре за добро на цела планета

Којзнае, битно е да знаеш.