Редовна војска повторно?

Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
ех војска.. војска... кога ќе помислам на заклетва 6 часа стоиш во место корења може да пуштиш, пијани другари, расплакани мајки и уште порасплакани девојки... носталгија ме фаќа...
еден куп народ собрано на едно место половината од бесилка сметнати, кој вози дајц по ходници брчи дали брчи, кој ги поздравува рибите, кој ја брка светлината со капа од спалната за да можат војниците да си легнат, кој им ги мириса нозете случајно на некој да не не му се убаво измиени... со такви јунаци кој смеј да не нападни
 
Член од
21 ноември 2009
Мислења
8
Поени од реакции
0
abe luge, vo vojska mozat mnogu raboti da se naucat....
na primer.... deka na sekoe govedo mozes da mu kazes gospodine bez da imas griza na sovest deka ne mu ja kazuvas vistinata :D
 
M

Mario Gómez

Гостин
Момчиња, ако има трета светска војна, се ќе се заврши со 3-40 нуклеарки, или бомби 50 пати помоќни од неа... И да знаеш карате, аикидо, кунг фу и уште 50 страшни збора, да пукаш со пушки калибар 90, исто ти се фаќа : ))

А од соседите, не се плашете, и сами си знаат дека нема што да бараат тука, ни леб има ни погача : ))
Попаметен пост немам прочитано. Значи за вас фантазерите, вака стојат работите.

Шансите за бидеме нападнати од регуларна војска се 0,000%, нема никакви предуслови за тоа. Грција ќе не нападни ако посегнеме по нејзината територија.

Друга можност се терористички напади од радикални исламски организации, за ова и не треба војска, туку силна разузнавачка агенција, координација на полицијата, пограничните служби и аеродромите.

Последната шанса е вооружен конфликт со нерегуларна вооружана скупина на планинци, со која денешнава професионална војска, и солидна опрема на АРМ може да се справи лесно.

Значи нема никаква потреба од регуларна војска, треба нешто повеќе од 150.000 резервисти за да се добијат модерните битки, се се оди кон намалување на човечкото пожртвување во конфликтите, компјутерите превземаат од тоа што денешниве луѓе се серат. :)


Што ни треба нас?

Максимално професионализирање на војнициве што ги имаме, добри програми за обука.

За идните војници, добри плати, услови за бесплатно школување додека отслужуваат војска за да работат откако ќе се пензионираат, не да протестираат по улици. Квалитетни обуки и современа опрема.

Не ни треба ни ултрамодерни тенкови, ни авиони од петта генерација, ни ПВО.
 
Х

Ханзо

Гостин
оф леле па ти не одиш во војска дека ке те нападне некој. туку поминуваш низ филтер низ кој би требало секој да помине.
Објасни, каков е тој филтер и зошто треба секој да помине низ него?
 
Член од
6 јуни 2010
Мислења
119
Поени од реакции
3
Напнат, ако сакаш и вработи се во АРМ не ми смета. Јас како што ти кажав живеам во своја држава, слободна земја, не сум роб, не гледам причина дека некој утре ќе не нападне, не гледам ни причина за редовна војска. Нити па гејците се заканија со војна кога не блокираа во нато. Со претскажувања за иднината не работам, нити сакам со нив да се служам, не ме интересираат чаршиски муабет од типот ова ќе се распадне, она ќе се распадне или па кој каква сигурност ќе има, та нити јас знам нити ти, единствена разлика е што ти изиграваш гатач на иднината. Јас во оваа сегашност не гледам закана за војна кон нас, нити причина некој да не нападне, а уште помалку, море ич не гледам нити една разумна причина за секој да мора да служи во војска и да губи време од своите зацртани животни цели.
Поминаа неколку генерации кои не служеа војска и одлучно функционираат нештата и супер си е.
за да одиш во војска не мора да те нападне некој. мислам пожелно е да има ревовна војска и сите барем 3 месеци да поминеме низ тој филтер.

--- надополнето ---

Објасни, каков е тој филтер и зошто треба секој да помине низ него?
зар би ти штетело малце обука? трчање,вежбање,преживување.....
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
за да одиш во војска не мора да те нападне некој. мислам пожелно е да има ревовна војска и сите барем 3 месеци да поминеме низ тој филтер.
не гледам причина да е пожелно сите да одат војска, секој си има свои цели во животот, па бидејќи кај нас војската е професионална значи тоа некому му е или ќе му биде професија, а на некој друг друга му е професијата

зар би ти штетело малце обука? трчање,вежбање,преживување.....
Не ми треба војска за да трчам, вежбам, преживувам, ако го сакам тоа го можам и без да одам во војска
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
никој не сака војни,разурнувања,страдања,сиромаштија,болести,глад итн.....треба да сме свесни во каков свет и на какво место живееме.....за регуларна армија со каква располагаше земјава сум апсолутно против,меѓутоа мислам дека младинава треба да биде запознаена што е тоа армија,затоа што не дај боже можеби ќе И бидат потребни на оваа земја....друга земја немаме...
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.939
Поени од реакции
12.526
не гледам причина да е пожелно сите да одат војска, секој си има свои цели во животот, па бидејќи кај нас војската е професионална значи тоа некому му е или ќе му биде професија, а на некој друг друга му е професијата



Не ми треба војска за да трчам, вежбам, преживувам, ако го сакам тоа го можам и без да одам во војска
Точно. платон имал добра идеја за држава, секој да го работи тоа што знае, сака и во што е најдобар...не може роден сметководител да пука и да води војна а роден војник да седи во канцеларија...сето однопаку, тоа е рецепт за пропала држава...:toe:
 
Член од
6 јуни 2010
Мислења
119
Поени од реакции
3
не гледам причина да е пожелно сите да одат војска, секој си има свои цели во животот, па бидејќи кај нас војската е професионална значи тоа некому му е или ќе му биде професија, а на некој друг друга му е професијата



Не ми треба војска за да трчам, вежбам, преживувам, ако го сакам тоа го можам и без да одам во војска
еве да речеме никој нема да оди во војска. професионалните војници што ги имаме ќе отидат во пензија и готово. па после во не дај боже ситуации кој ке не брани? некој што работел во слаткарница или што седел во канцеларија цел живот? затоа мислам треба задолжителна војска
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Баш би сакал да има повторно редовна војска, се надевам дека ќе ми стигне "наредба" за да одам:vozbud: Сега не ги исполнувам условите за да се пријавам самиот.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
еве да речеме никој нема да оди во војска. професионалните војници што ги имаме ќе отидат во пензија и готово. па после во не дај боже ситуации кој ке не брани? некој што работел во слаткарница или што седел во канцеларија цел живот? затоа мислам треба задолжителна војска
И претходно споменав дека не работам со претскажувања. Секогаш има некој кој ќе сака тоа да му биде професијата, а 100000000 пати кажав дека не гледам причина оти некој ќе не нападне.
Ако работиме со претскажувања што ако снема градежници па ќе живееме во шатори :vozbud:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
Имам извесно искуство со војска и сметам дека редовната војска развива одредени квалитети и знаење кај индивидуата.
1.
Но не сум сигурен дека губењето толкаво време во тие услови е исправниот начин на развој на гореспоменатите квалитети и исправен начин на здобивање со тоа знаење. Тие квалитети и знаење, поединецот може да ги стекне и на друг начин (ако сака).
2.
Покрај тоа редовната војска е трошок за државата.
3.
Модерните начини на војување и воено политичката реалност во ова време исто така не ветуваат практичност и ефективност кај редовниот состав.
 
Член од
6 јуни 2010
Мислења
119
Поени од реакции
3
И претходно споменав дека не работам со претскажувања. Секогаш има некој кој ќе сака тоа да му биде професијата, а 100000000 пати кажав дека не гледам причина оти некој ќе не нападне.
Ако работиме со претскажувања што ако снема градежници па ќе живееме во шатори :vozbud:
а ти би ја бранел ли македонија? не е ова претскажување туку сакам да знам дали би ја бранел?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.034
Поени од реакции
83.467
а ти би ја бранел ли македонија? не е ова претскажување туку сакам да знам дали би ја бранел?
Можеби најдобро ќе ти одговори некој кој веќе го правел тоа, бидејќи тој што не бил во војска и/или не ја бранел веќе земјата, поима нема што точно значи тоа. А ни ти, верувам.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
а ти би ја бранел ли македонија? не е ова претскажување туку сакам да знам дали би ја бранел?
Не, јас ќе седам на Малдиви ќе пијам Cuba libre и ќе уживам.
100000000000 пати кажав и пак ќе кажам дека не гледам причина некој да не нападне, а ти сакаш со тоа што ќе ти кажам ДА на прашањето дека е причина за служење војска.
Ене ти над постот твој уште еден убав одговор.
И доста се натегаш со едно исто цел време.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom