Тоа и јас го имам пишано низ темава, така е најдобро од проста причина што веќе не живееме во век каде војувањето е нешто постојано низ целиот свет, туку живееме во време кога човекот дава приоритет на многу други нешта, значајни за неговиот живот. Но сепак стојам на тоа дека обука за како да се постапи во време на војна и како се користи оружје во рок од недела две, не е на одмет и колку и да не е исто како обука од една година, сепак е некакво знаење. И точно, скап е влогот во сето тоа, но кога се даваат големи пари за се и сешто, тоа и не би било некој голем трошок.