Редовна војска повторно?

M

Mamba.

Гостин
Слушајте шо ви викам де...

А еве и да нема пак че одиме..мислам тиа шо сакат.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
^
"Иде Дунав. Значи на своју вољу, ризик јак, мила душа и да погинеш, колку можеш ќе се спасиш"-Непознат Кумановец.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.308
Поени од реакции
3.064
Мора да се враќа воениов рок , од сите страни не притискаат гледате...ако ништо друго бар кој може нека се пријави доброволно. Мора да се браниме.
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
Не никако времето е драгоцена работа зошто да се помине во војска кога може да се потроши на компијутер или во кафичи.:cool:
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Не никако времето е драгоцена работа зошто да се помине во војска кога може да се потроши на компијутер или во кафичи.:cool:
Секое време, потрошено на било што, ако ти е волја, е подобро потрошено време од време потрошено во една ебана армија.

Ама толку ви фаќа црпката...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Секое време, потрошено на било што, ако ти е волја, е подобро потрошено време од време потрошено во една ебана армија.

Ама толку ви фаќа црпката...
Ке научиш дисциплина,ке се исчеличиш и ке знаеш да работиш со огнено оружје,6 месеци не е ништо.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Секое време, потрошено на било што, ако ти е волја, е подобро потрошено време од време потрошено во една ебана армија.

Ама толку ви фаќа црпката...
Затоа кога ќе пукне,ќе се криеш во подрум како глушец.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Ке научиш дисциплина,ке се исчеличиш и ке знаеш да работиш со огнено оружје,6 месеци не е ништо.
Си го погледнал наоколу реалниот свет, си видел колку многу луѓе немаат три чисти, а биле и во поорганизирана армија, каде што требало... да се исчеличат, да знаат со огнено оружје?!
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Си го погледнал наоколу реалниот свет, си видел колку многу луѓе немаат три чисти, а биле и во поорганизирана армија, каде што требало... да се исчеличат, да знаат со огнено оружје?!
Секакви луге има во светот тоа не мора да значи дека тие не би правеле глупости и да не би отишле во армија.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Секакви луге има во светот тоа не мора да значи дека тие не би правеле глупости и да не би отишле во армија.
Ете. Сам си одговори. Значи самиот си знајш дека приказната за херојството и војската е курац, ама ти останало од времето, ко веројатно те лоботомирал некој ЈНА носталгичар дека армијата мажи создава, па сега уште си се убедуваш самиот дека одење во армија е позитивна работа.
Не само што била позитивна, туку била најдобра работа што може млад чоек да направи.

Абе за дисциплина - се'!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.886
Поени од реакции
23.288
Некако на мала врата почна да се најавува повторно воведување на воен рок и тоа баш поради економски причини.
А чим почнаја тогаш не ви бега повторно воведување, па сега сте се челичеле, сте плачеле исто ви се фаќа. Ај и баш да видам дали сте толку храбри како тука на форум па да речете што сакате прајте јас не одам, нека одат тие.
И тоа колку што прочитав строго за стража ке ве користат, поголемо губење на време од стоење неколку сати во едно место неможам ни да смислам.
Милина:)
 
Член од
8 април 2012
Мислења
165
Поени од реакции
84
Датум: 28.11.2012, 18:14
РИЗИЧНА ИДЕЈА НА ГЕНЕРАЛИТЕ

Враќање на воениот рок - враќање назад?


Со враќање на обврската за служење воен рок, Македонија би влегла во мала група земји во Европа што с` уште имаат регрутен состав и би станала единствена земја во регионот, со исклучок на Грција, која нема целосно професионална армија. Идејата да се врати обврската за служење воен рок потекна од пензионираните генерали на АРМ, кои во декември лани побараа да се вратат регрутите за да ги извршуваат „помалку важните работи“ и да бидат стражари, курири, возачи, да варат кафе и да ги чистат касарните. Идејата како чекор наназад ја оценија експерти, министерот за одбрана, но и претставникот на НАТО во земјава. Сите страни се едногласни дека се потребни внимателни анализи за проблемите што ја иницирале идејата.

Македонија во 2006 година ја укина обврската граѓаните задолжително да служат воен рок, но остави можност за доброволно служење. Од тие регрути се пополнува редот на професионалните војници во АРМ.
Во моментов, само Грција од земјите во регионот с` уште има регрутен систем на пополна на армијата. Kонцептот, кој е прифатен во целиот регион, во најголем дел од земјите во НАТО, но и во Европа е на доброволна пополна на вооружените сили, односно на професионални армии. Во 2003 година, Словенија ја укина обврската за отслужување воен рок, во 2006 година тоа го стори и Босна и Херцеговина, во 2007 година Бугарија и Романија, а во 2008 година и Хрватска. Последна во регионов регрутниот состав го укина Србија, на 1 јануари 2011 година.
По Македонија, задолжителното служење воен рок го укинале членките на НАТО - Албанија, Бугарија, Хрватска, Германија, Полска и Романија.
- Поголемиот дел од земјите-членки на НАТО, дури и тие што имале долга традиција, го имаат напуштено регрутниот систем и имаат воведено доброволен систем на пополна т.е. имаат целосно професионални армии. Се чини дека ова е тренд во НАТО. Останаа само малку земји што го задржаа регрутниот систем - оцени претставникот на НАТО во земјава, бугарскиот полковник Александар Александров, во интервју во последниот број на магазинот „Штит“, кој го издава Министерството за одбрана.
Во НАТО регрутен состав имаат само Данска, Естонија, Грција, Норвешка, и Турција. Во Европа задолжително е служење на воен рок и во Австрија, Белорусија, Kипар, Финска, Швајцарија и Украина, која најави дека до 2015 година ќе има целосно професионална армија.
Kоментирајќи ја идејата за враќање на регрутниот состав во АРМ, Александров нагласи дека Македонија прва во регионот целосно ја професионализира војската и нагласи дека професионализацијата е „еден од неколкуте од никого неоспорени воено-технички столбови на националната одбрана, постигнат и реализиран со мисла за јасна припадност на земјата кон модерните системи за колективна безбедност во Европа и во светот.“
Парите се главната причина зошто се размислува за враќање на воениот рок. Овој став го делат и експертите, но и Генералштабот. Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Горанчо Kотески изјави дека анализите покажале оти регрутите ќе чинат помалку од професионалните војници во улога на стражари и логистичко обезбедување на активности.
(И.K.И.)

#
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 18:30 ---
Ova e samo maska . tuka ima nesto sto ne e za kazuvanje za vo javnos inace zosto bi ja vrakali regrutna armija .A za ostanatiot komentar na bugarot ima nesto sto ispustil da kaze .Deka vo BG godisno dobrovolno suzat po okolu 35000 vo GER po okolu 100\160.000 dobrovolci a vo ostanatite balkanski drzavi po okulu 30\40 posto od toa koga bilo zadolzitelno na codisno nivo sto e okolu 20000 do 30000 vojnici
--- надополнето: 29 ноември 2012 во 18:32 ---
a kaj nas nesto poveke 2700 za6 godini
 

Kajgana Shop

На врв Bottom