Регрутацијата на Македонците во Балканските војни

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Во Првата светска војна Македонија е подложна на нови окупации. Србија присилно регрутира 53.000 Македонци, Бугарија - 33.000, а Грција - 20.000.

Четничките акции и воените судири за Македонија помеѓу Србија и Грција (кои се на страната на Антантата) и Бугарија (која е на страната на Централните сили), особено големите воени операции на Македонскиот фронт, предизвикуваат трагични последици за македонскиот народ кои се чувствуваат и денес, особено во спорот за името со Грција.

Интересно е што во српските и бугарските историски документи никаде не се споменува ниту еден единствен македонски војник. А, македонските војници учествуваа во најкрвавите воени судири во текот на Балканските и Првата светска војна.






Познат е масовниот бојкот на регрутацијата во 1913 г. и учеството на немањичките регрути во крагуевачкиот бунт , кога заедно со останатите регрути од источна Македонија одбиле да дадат заклетва на српскиот крал.

Во времето помеѓу двете војни во селото наизменично се сменувале ѕверствата на српската џандармерија и просрпските чети.

(Панов, Митко: Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Патрија, Скопје, 1998, стр. 206)


Во Втората балканска војна од српската војска најпрво биле регрутирани околу 40 никодинци кои биле присилени да се борат во битката на Брегалница. Тогаш од селото била собрана најспособната машка работна рака, така што немало кој да ги обработува нивите, а војската барала реквизиции - жито, месо, млеко... Била потрошена сета храна за луѓето и за стоката, така што пролетта од глад пцовисал сиот добиток. Со доаѓањето во Никодин, Србите воспоставиле своја власт од селаните што ја поддржувале нивната пропаганда. Така, селото се поделило и почнала братоубиствена борба со бугароманите.

За кмет на селото бил поставен Насто Чундески- Никодинец, голем поддржувач на српството. Неговиот збор бил закон. Оној што не му бил по ќеф, го прогласувал за „бугараш“ и го испраќал во смрт. Така завршил и Јован Мирчески. Oткако му била залепена бугарашка етикета, го викнале од дома, го врзале и го однеле во блиското село Попадија, каде што, заедно со друг „бугараш“ - Арсо Поповски, со ортоми го влечеле со коњи до Топлица. Оттаму ги однеле во Прилеп, каде што биле заклани заедно со попот од Кадино Село.

Бугарите веднаш почнале и со регрутација на преостанатото машко население. Најпрво ги мобилизирале мажите од 18 до 32 години, а подоцна и до 45 години. „Така никодинци ја доживеале судбината на целиот македонски народ. Тие како војници се нашле на обете страни на фронтот, кој ја делел нивната татковина на две половини. Еден брат војувал во српската, друг во бугарската армија. Војувале против својата волја и се убивале брат со брат за доброто на едниот или другиот поробувач“, вели Глоговичанец.

Потресни се воените години на Атанасе Карев, кој бил српски војник. Кога по текот на Морава се повлекувала неговата единица, ги нападнала бугарска коњица и целиот вод го исклала.

„Арно ама, кога паднал, дедо Атанасе се преправал дека е мртов за бугарските војници да не го докусурат со бајонетите. Го спасило тоа што од вратот обилно му течела крв поради соголената кожа. Бугарските војници помислиле дека и тој е мртов и си заминале“, вели Глоговичанец.

Дедо Атанасе немал коса поради раната на тилот и од траумите од војната бил психички растроен. Постојано молчел, само тогаш кога ќе го прашале, ќе кажел нешто. Често велел. „А, ебаго, во Солун ги носеа тие отепаните. Таму ги закопуваа“.



Српските воени гробишта во Солун ги посетив неколкупати и таму сретнав и никодинци чии презимиња завршуваа на ’иќ‘. Тие гробишта се повеќе македонски отколку српски. Таму не се погребани многумина Македонци. Во едно црквиче во посебни фиоки се сместени черепите на загинатите. Напишани се и нивните имиња и презимиња, од кое место се и каде загинале. Треба да се отиде таму, да се истражи и тогаш ќе се дознае колку Македонци загинале во војните, борејќи се во туѓи војски и за туѓи интереси“, вели Глоговичанец

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=47961ED804B7EA47B91BCEE955C5FDB9

Во текот на целата војна македонското население било активно вклучено во воените активности како дел од составот на војските на државите под чија власт се наоѓало. Најчесто ова вклучување било наметнато и присилно.

Србија извршила мобилизација на македонско население, при што биле регрутирани 53.000 Македонци. Овие војници без никаква воена подготовка биле испраќани во првите борбени редови.

Во Бугарија била направена мобилизација на 33.000 Македонци кои живееле на територии во составот на Бугарија.

Истата судбина ја имало и македонското население од териториите во составот на Грција, каде грчката влада, и покрај неутралноста, извршила регрутација на 20.000 Македонци.

http://www.pressonline.com.mk/default.asp?ItemID=DDB43EBB92520E4383F31861A21A889D

Се' вкупно биле регрутирани над 100.000 Македонци во Балканските војни, чија регрутација траела и во Првата Светска војна.
 

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
3.801
Поени од реакции
8.391
У ПМ.

Прадедоми поминал слично, во 1914 бил регрутиран од Србите и се борел до негде крајот на 1915 или 1916 (не сум сигурен) кога се предава на Бугарите, кои кога разбрале дека е од Македонија го прогласуваат за Бугар и го пракјаат да се бори за нив. Кон почетокот на 1918 се предава на Грчката војска и за да не го тепаат им вели дека е Српски војник кој е принудно мобилизиран, и Грциве го „враќаат“ на Србите на солунски фронт и со нив останува до крајот на војната.

Е сега во 20-те или 30-те некој локален шериф пијан почнал да вреѓа по селото дека се сите „бугараши“ и кога прадедоми му акнал една овој се вратил со жандари да го апсат. За среќа извадил документ каде се гледа дека бил ранет и одликуван во војната и искочи шерифот да го уапсат за малтретирање „ветеран“.

Ебати судбината кога двајца браќа пукале еден на друг.
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
86
Се' вкупно биле регрутирани над 100.000 Македонци во Балканските војни, чија регрутација траела и во Првата Светска војна.
над 100.000 Македонци

Кога и да читам за овој период ,неможам а да не ја спомнам избрзаноста на Илинденското востание односно прекрасно одиграната ролја на Бугарија и нејзините 14.000 штиха ,за неговата предвременост.

Да ти го &%@* тој Никола Карев,што пушка зел за да побегне ,тој Груев што предвреме лудило не го стигнало ... и сите друзи по ред што рипнале како млади мајмуни...тогаш кога не било време за рипање....

Еј која војска ќе беше ...
и каква Македонија.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Мислам дека имам читано негде ама не сум сигурен за бројот од 200 000 Македонци кои биле убиени после востанието од страна на турската војска што стварно ја ослабува Македонија и ја прави лесен плен за хиените од комшилук.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Пиреј, супер книга,доволно е да ја прочиташ за да се аздисаш шо се дешавало во Битолско 1916-1918 и да ги занеќиш србите и бугарите.

Зборам општо за регрутацијата на македонци од 1912 до 1918.
 

Homer MakeDonski

*Матриот
Член од
14 јуни 2005
Мислења
823
Поени од реакции
86
Преземено од записите на Виктор Цветановски


Ужаси од војните кога Македонија стана пекол,...


Сведоштва од Првата светска војна најтрагично минато на македонскиот народ

Српска војска во Кратово оди кон Црн Врв во борба против Турците

Браќата Митре и Петре од мариовското селото Старавина за време на Првата светска војна биле на позициите на македонскиот фронт кај местото Соколот, војувајќи еден против друг, цели три години. Едниот бил војник во бугарската војска, другиот во српската. Биле на оддалеченост од 100-ина метри, но не знаеле дека се толку блиску еден до друг. Од околните ридови го гледале родното село, но не можеле да ги посетат своите најблиски. И двајцата биле мобилизирани од српската војска во 1914 година. Меѓутоа, Петре бил заробен во битката на Дрина од Австоунгарците и од логорот го ослободиле Бугарите есента 1915 година за потоа да го испратат на фронтот кај Кајмакчалан, каде што на спротивната страна се наоѓал неговиот брат Митре, кој ја преживеал голготата на српската војска во Албанија и стасал на Крф. Како ги завршиле животите браќата од Старавина не се знае, не се знаат ниту нивните гробови. За трагична судбина на Митре и Петре, за тоа дека на фронтот пукале еден против друг се дознало откако завршила војната од нивните соселани кои, исто така, биле на позициите со нив и имале среќа дома да се вратат живи.

Еден бугарски офицер во дневникот што ќе го води на фронтот ќе забележи една друга македонска судбина на браќа кои биле во спротивставените војски на фронтот. Едниот пукал од рововите на бугарската, другиот од рововите на српската војска. Меѓутоа, за разлика од Митре и Петре, тие дознале дека се еден наспроти друг на оддалеченост од стотина метра. Околу полноќ, кога ќе молкнеле оружјата, често се довикувале, распрашувајќи се за домашните. Тој нивен разговор го слушале војниците од обете страни. Чекале да дојде полноќ за да видат што ќе си кажат браќата. Ова се само два примера како родени браќа биле присилени да пукаат еден во друг, а нив ги има илјадници.

Балканските војни и Првата светска војна на еден или на друг начин одново стануваат актуелни во последно време кај нас. Еве веќе неколку години официјална Софија настојува да ги возобнови гробиштата на своите војници паднати на македонските простори. Тоа најпрво го направија во струмичко Ново Село, а на чинот на возобновувањето на гробиштата му беше дадено највисоко државно значење. Специјално за тоа со својата гарда границата ја премина претседателот на бугарската држава. Пролетва на Денот на помирувањето, по иницијатива на првиот наш парламентарец, со полагање венци на бугарските и на српските гробишта, симболично беа помирени двете балкански држави кои во тие војни беа најлути противници. Чинот на симболичното подавање рака на помирување треба да се поздрави, зашто сите војни што се воделе до сега наместо добро, носеле зла. Истиот ден во Цапари претставници на бугарската држава открија и спомен-плоча на паднати бугарски војници, а од Софија се најавува возобновување на многу други нивни воени гробишта и споменици.

Во сите овие иницијативи на соседите да не се заборават загинатите, македонската држава е нем посматрач. Тогаш кога се помируваа Бугарите и Србите во Битола, никој не спомна дека во тие страшни војни гинеа и македонски синови, доброволци или присилно мобилизирани во нивните војски и натерани да пукаат еден во друг, брат во брата, татко во син. Никој не спомна дека тогаш цели седум години крвавеа македонските полиња и планини, никој не кажа дека највисоката цена на тие војни ја платија луѓето што живееја на македонските простори каде што немилосрдно се пресметуваа туѓите војски за свои интереси.

Периодот од 1912 па се' до 1919 година е најкрвавиот дел од македонското минатото, за кој пошироката јавност малку знае. Тие години се подраматични и од славната илинденска епопеја, попогубни од сите дотогашни војни и по бројот на загинатите и по страдањата на населението. Карнегиевата комисија формирана да ги истражува ѕверствата по Балканските војни ќе напише: „Македонија, веќе, не гроб, стана пекол“. Ако малку се ѕирне во тоа што е оставено како пишан документ од тоа време или, пак, ако се слушнат усните кажувања на нивните синови и внуци за несреќните судбини на нивните татковци и дедовци зафатени од виорот на војната, ќе се види дека тие години се случувала невидена драма. Немало македонско семејство што не било засегнато од стравотиите на војната. Во тие седум години, додека се војувало, војските од обете страни, придружувани од сопствените паравојски и подгревани од силните пропаганди, немилосрдно се пресметувале, вршејќи страшни колежи, оставајќи зад себе пустош. Одгласите од Првата светска војна ги слушаме и денес во Мариово и Битола по експлозиите на заостанатите бомби.

До сега никој не успеал да ги изброи македонските жртви, ниту, пак, можел да го направи тоа, зашто тие што ги бележеле имињата на загинатите Македонци ги заведувале или како Бугари, или како Срби или, пак, како Грци. Меѓутоа, нашите соседи многумина од нив не успеале да ги запишат во воените дефтери, па така не се знае каде гнијат нивните коски, каде им се гробовите за нивните потомци да им запалат свеќа.

И по создавањето македонска држава на Илинден во „Прохор Пчињски“, биле оставени да ги слават и величат државите што ги присилиле да војуваат за нив, да ги претставуваат како свои воини. Никој до сега не сакал или, пак, немал храброст да им каже дека тоа биле наши луѓе, а не Бугари, Срби или Грци, како што ги претставувале тогашните пропаганди. Тие луѓе заслужуваат многу поголема почит од македонската државата, нивните внуци и правници треба да знаат за воената голгота што ја преживеале. Помина речиси еден век од тој пекол, сеќавањата на нив бледнеат, а тие наши луѓе не треба да заборават, да се избришат од нашето паметење. Ако ништо друго, треба да им се подигне споменик кој ќе сведочи и предупредува на тоа страшно време за да не се повтори.

Директорот на Институтот за национална историја Тодор Чепреганов вели дека многу држави направиле споменик на незнајниот јунак, а тоа треба да го направи и Македонија и на тој начин да им се оддолжи на сите оние што загинале во сите наши востанија и војни, без разлика што не биле тие војни наши, туку се воделе за туѓи интереси. „Во Балканските војни и во Првата светска војна Македонци учествувале во сите војски, и во бугарска и во српска и во грчка, дури биле присилени да се борат меѓу себе браќа и роднини. Тоа е најголемата македонска трагедија“, вели Чепреганов. Тој додава дека во последно време малкумина историчари се занимаваат со Балканските и Првата светска војна. „Тој дел од нашето минато не е докрај истражено и ќе мора да се доистражи“, нагласува тој.

Александар Стојчев е единствен од македонските историчари што во последно време ја истражува Првата светска војна. Магистрира на тема „Дојранските позиции на македонскиот фронт“, а моментно работи докторска теза за македонскиот фронт од 1915 до 1919 година. И тој смета дека најдобар начин да им се оддолжиме на загинатите е да им се подигне споменик. „Многу македонски војници биле погребувани како припадници на други војски, некогаш и во заеднички гробници. Единствен начин да им се оддолжиме е државата да им подигне споменик, на кој ќе се напише дека тие војувале во разни војски, дека биле доведувани во ситуација да пукаат едни против други и да гинат за туѓи интереси“, вели Стојчев.

Тој, исто така, смета дека овој трагичен дел на македонската историја не е истражен и сета вистина за нашето учество во Балканските и во Првата светска војна не е кажана. „Тоа треба да се направи за сите странци кога ќе дојдат во Македонија да знаат дека во војните гинеле и наши луѓе и дека на Македонците тогаш им е нанесена голема болка и штета“, вели младиот историчар.

Додека читавме за многуте ѕверства на македонските простори постојано не' следеше дилемата дали треба сега, по стотина години од тие крвави настани, да се потсетува на нив. Натежна убедувањето дека, сепак, за нив мора да се знае, за да не се повторат никогаш. Сигурно од минатото не се живее, а потсетувањето на него отвора длабоки рани. Меѓутоа, без познавање на сопствената историја, ниту еден народ не може со сигурност да гради успешна иднината. „Утрински весник” во овој фељтон ќе потсети на времето кое остави драматичен печат во нашето минато.


Над 50.000 загинати војници и ликвидирани цивили



Жртви по битката кај Куманово

Точно не се знае колку Македонци учествувале во Балканските и во Првата светска војна. Се смета дека во двете балкански војни на едната или другата страна учествувале околу 30.000 Македонци, доброволци или, пак, насилно мобилизирани. Постојат сигурни податоци дека бројот на македонските ополченци што ги испратила Софија да војуваат на Едрење, а не во Македонија, изнесувал 15.670. Во Првата светска војна нивниот број е многу поголем. Во трите различни армии биле мобилизирани околу 200 илјади - во српската околу 50 илјади, во бугарската меѓу 100 илјади и 120 илјади и во грчката околу 20 илјади души. Само во Единаесеттата македонска дивизија која била под бугарска команда се наоѓале над 30.000 Македонци.

Колку од нив загинале точно не се знае зашто во воените евиденции нив ги определувале или како Бугари, или како Срби или како Грци. Се знае само бројот на загинатите ополченци - 3.631 човек. Александар Стојчев посочува еден англиски документ во кој се спомнувало дека само во една битка кај Градско во 1915 година меѓу македонски единици и француската војска загинале околу 2.000 Македонци. Само во еден напад на македонска единица кај Дојран загинале околу 600 лица. Стојчев проценува дека вкупната бројка на загинати војници, на ликвидираните цивили и на умрените од болести појавени во војните изнесува околу 50.000 лица.

Извор
http://www.mn.mk/istorija/1204-Uzasi-od-vojnite-koga-Makedonija-stana-pekol-a-za-toa-alarmiraa-svetskite-intelektualci
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Доста интересно тема.Знае се много добре дека во бугарската армиja е имало цели девизии со 99% население от днешна РМ.
Таков привер е 11 македонска девизиja со численост около 35 000.
Има и уште примери.
Интересно прашане е,след като на тези хора им е дадено оружие во рацете,собрани са сите заедно и сите те сакали от срце независна Македониja,какво ке ги спре да започнат да пукат и срешту бугари и срешту срби и срешту сите?!
 
F

FilipMacedon

Гостин
над 100.000 Македонци

Кога и да читам за овој период ,неможам а да не ја спомнам избрзаноста на Илинденското востание односно прекрасно одиграната ролја на Бугарија и нејзините 14.000 штиха ,за неговата предвременост .
Да ти го &%@* тој Никола Карев,што пушка зел за да побегне ,тој Груев што предвреме лудило не го стигнало ...
и сите друзи по ред што рипнале како млади мајмуни...тогаш кога не било време за рипање....

Еј која војска ќе беше ...
и каква Македонија
Знаеш како велат подобро на сто овци лидер лав отколку на сто лава овца лидер,секогаш сме имале лоша проценка за лидерите,па и ден денес
 

skywallker77

realen pragmaticar
Член од
1 октомври 2009
Мислења
223
Поени од реакции
28
Доста интересно тема.Знае се много добре дека во бугарската армиja е имало цели девизии со 99% население от днешна РМ.
Таков привер е 11 македонска девизиja со численост около 35 000.
Има и уште примери.
Интересно прашане е,след като на тези хора им е дадено оружие во рацете,собрани са сите заедно и сите те сакали от срце независна Македониja,какво ке ги спре да започнат да пукат и срешту бугари и срешту срби и срешту сите?!

Abe Bugar, ti strasno glupavo prasanje postavuvas. Sakas da kazis deka mozele da se dogovorat i da bidat na nicija strana i da se borat za nezavisnost na Makedonija?

Jas na primer ne znam dali bilo mozno aj sam probaj da si odgovoris na postavenoto prasanje te molam.

Dali mozele da ne zazemaat nicija strana tie 35.000 i da se borat za nezavisna Makedonija?Gluposti.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Доста интересно тема.Знае се много добре дека во бугарската армиja е имало цели девизии со 99% население от днешна РМ.
Таков привер е 11 македонска девизиja со численост около 35 000.
Има и уште примери. Интересно прашане е,след като на тези хора им е дадено оружие во рацете,собрани са сите заедно и сите те сакали от срце независна Македониja,какво ке ги спре да започнат да пукат и срешту бугари и срешту срби и срешту сите?!
Чекале Чак Норис да земе Македонско државјанство ради тоа :classic:
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Тука мора една споредба да напраjме. Мислам чим е таков експерт, нема проблем, Bratov ќе асистира.

Дали во српската армиjа имало толку моќни, организирани и многуброjи формации слични со Македоно-одринското ополчение од доброволци со кои командувале офицери родум од Македониjа за време на Балканските воjни, каков што е случаjот со Петар Дрвингов, Македонец од Кукуш?

Дали Србите некогаш дозволиле началник на цела нивна армиjа да биде Македонец, каков што е случаjот со ген. Климент Бојаџиев од Охрид и Прва бугарска армија за време на Првата светска воjна?

Одиме уште поназад.

Дали во српската армиjа за време на Српско-бугарската воjна имало чети од македонски доброволци меѓу кои истакнати ликови, каков што е случаjот со легендата Дедо Иљо Малешевски од Берово, Пере Тошев од Прилеп, Димитар поп-Георгиев од Берово, Андреj Љапчев од Ресен, Тома Караjовов од Скопjе, Никола Генадиев од Битола, Владимир Кусев од Припел, и останатите арамии од Македонскиот батаљон со кои командувал бугарскиот кап. Коста Паница во Битката за Пирот 1885 г.

Аjде, Bratot, copy-paste, се гледа дека си добар. Ама не е доволно тоа. Треба за све да се интересираш. Коj е човекот на сликава, од каде е родум, каква професиjа бирал? Не ми личи на присилно регрутиран...
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.402
Поени од реакции
6.022
Мојот прадедо бил регрутиран во првата балксанска војна на страната на Бугарија.

Негова цел (како што кажувал) е ослободување на Македонија од Отоманското царство, но кога увидел дека го праќаат на фронт против Србите - тој одбил и било наредено да се застрела од страна на бугарскиот офицер.

Но скоро целата чета биле Македонци па и тие му се спротиставиле на офицерот итн.

Неговиот брат пак е погинат во Бугарија за време на првата светска војна(насилно регрутиран).
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Аjде, Bratot, copy-paste, се гледа дека си добар. Ама не е доволно тоа. Треба за све да се интересираш. Коj е човекот на сликава, од каде е родум, каква професиjа бирал? Не ми личи на присилно регрутиран...
Не ќе да е присилно. Се чини имал некаков интерес, се гледа вјаден е, спокоен, воопшто не е како комитите- оние вистинските. Кој е и од кое охридско маало е воопшто не е важно. Св. Недела му пресуди.

А во однос на другите прашања и тоа како здушно се дружеле Македонците и Бугарите читај чедо егзархиско и долго имај ги наум овие зборови:

Егзархијата со својата црковна и просветна дејност тука во Македонија ја врши всушност најмизерната задача, му го одзема името на еден народ и го заменува со друго, му го одзема мајчиниот јазик и го заменува со туѓ, му ги одзема сите национални белези и ги заменува со туѓи... Турците земаат имоти и животи на рајата, но не посегаат по духот. Тие го уништуваат телото, но духот го почитуваат. А нашата света Егзархија го убива она другото, постојаното, затоа ние духовниците, по потекло Македонци треба да се здружиме и да го покренеме нашиот народ да се разбуди, да ги отфрли туѓинските управи, да ги отфрли Патријаршијата и Егзархијата и да се обедини духовно во лоното на Охридската Црква, нивната вистинска мајка црква.“

P.S.
Еден мој прадедо бил бугарски војник. Ама не беше бугарин. Се борел кај Сер. Во духот на своето време и животно искуство кога бев мал (у време СФРЈ) се чудеше на која држава ќе сум и служел војска.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Кажав пак това не е само тази дивизиja,хората от днешна РМ во состав на бугарската армиja са били во пати повеке от 35 000.
Зер во Крушево беха повеке от 35 000,ама не им пречеше да се борат против турците.Што им попречи сега со топове,со картечници,со модерно оружие во раце да не се борат за независима Македониja?!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom