Регистрирање на фирма?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.622
Поени од реакции
38.502
Оп стоп полека. Апсолутно не ти препорачувам за дрангулашки да отвориш фирма па после да испитуваш како ќе оди. За е продавница не ги знам законите, али ги знам трошоците на фирма и отварањето на фирма немојте да го сфатите како некоја заебанција да е тоа и е едноставна ствар. Фирмата подразбира трошоци кои се месечни, кои имале немале мора да ги платите. Прво ви е осигурано лице, месечно мора да поднесиш плата и трошоци на плата за државата, за пензиско, здравство. Минималец ти е 4000 за давачки, 8000 ти е плата, кои пари до 15ти мораш да ги имаш на сметка. Потоа мораш да имаш сметководител, од проста причина што многу луѓе мислеа ќе заштедат и на крај неможеа да се одглават со ујп, правејќи сами завршни сметки, па дури и сами си воделе пресметки читале на интернет како е. А тоа е цел еден факултет и најтежок од Економски плус пракса со години за книжење. Значи не е се така едноставно. Радиодифузна такса мораш да платиш секој месец, ти стасува од ујп. ПП апарат мораш да набавиш. Лиценциран софтвер мора да имаш. Комунална такса за град мораш да платиш годишно. Работел, не работел ти ова мораш да го имаш и да го плаќаш. Ако не го плаќаш, трошоците само се трупаат никој нема да ти помогне да се затвори. Затварање ви е комплициран случај со инспекција од УЈП. Кои детално те проверуваат да не не си платил нешто и како си работел и зошто ја затвараш. Ако не ја затвараш трошоците ти остануваат за цел живот да си ги плаќаш на 2 саати неделно 1200 денари секој месец за пријавен управител на нефункционална фирма.

За ваков бизнис, мој совет ти е далеку од фирма, ама апсолутно не размислувај дека тебе ќе ти се исплати таков начин на порачка и продажба со трошоци на фирма. Фирма се исплаќа на увозник на производи, палети, цели шлепери, контејнери од Кина, претставник на странска фирма за некои производи и слична трговија. Пример на сајтот на Стопанска Комора на Македонија од десна страна минат понуда и побарувачка на странци кои бараат соработка со наши фирми, пример ова:
http://www.mchamber.org.mk/(S(yzuefd453wrtf545au1ilviq))/default.aspx?mId=24&odId=7182&lId=1
Погледни десно има и други фирми кои бараат соработка.

Ако имаш специфична идеја за бизнис еве ова може да ти помогне:
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111113925403&id=10&prilog=0&setIzdanie=23024&fb_action_ids=10152115711430809&fb_action_types=og.likes&action_object_map={"10152115711430809":566148010143235}&action_type_map={"10152115711430809":"og.likes"}&action_ref_map={"10152115711430809":".UoECb0AZrGB.like"}&fb_ref=.UoECb0AZrGB.like&fb_source=timeline_og

Значи со е-бизнис гледам по фб дека функционираа нелегално, сега како е да замрено сето тоа. Плус уште пеј пал немаме е-бизнис ќе водиме :) За голем бизнис од тоа ти треба голем обрт. Дотогаш минусот ќе ти биде поголем, трошоците во трговија те јадат. Трговијата вели дека парата која ти останува после продажба треба да ти ги покрие сите трошоци, а при тоа со цената требаш и мораш да бидеш конкурентен. Во ера на развиена технологија, џинџурици од нет до 45 евра е најлесна ствар. Не ти предвидувам светла иднина на идејава. Пробај смисли нешто друго, ќе видиш решение.
 
Член од
16 септември 2007
Мислења
1.486
Поени од реакции
338
Веќе зборувавме за ова погоре, регистрацијата на фирма ти е целосно бесплатна ако одиш преку регистрационен агент (овластен сметководител/сметководствено биро).

Фб страната е меч со две острици. Од една страна, секој може да те најде и тоа е супер. Од друга страна пак, каква гаранција имаш дека нема да те кликне баш некој инспектор од УЈП, кој одма ќе провали дека работиш од дома, без регистрирана фирма и слично? Ако немаш јак грб, не ти препорачувам да ризикуваш.
Da be prikazni za mali deca ce kazuvame inspektor ce te nasol na FB ili ako napravis web sajt i prodavas nesto ili nudis lele lele ..Sto ne me najde mene inspektor kade 10-12 godini zarabotuvam preku internet do pred godina dena nemav ni otvoreno firma( ja otvoriv za prodavnica) ajde teski gluposti otvori firma na pocetok pa se zaebi so trskovite ...leandra ubavo objasni vo postot potpolno se slozuvam so nea deka otvaranje firma ne e zaebancija kako sto nekoi mislat ..Tie inspektori imat mnogu kogo da naodjat ama ne gi naodjaat
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.262
Поени од реакции
1.696
@Plavooka

Ти благодарам за опширните совети.
Дали има можност пред да отворам интернет продавница и да се ставам на трошоци како регистрирање на фирма..... како тест да користам facebook страница и продажба преку брза пошта со исплата преку курир, и сето тоа да е некој одреден временски период за анализа на пазарот.

Благодарам
..не.... само ќе губиш време и ќе си праиш и понатака илузија, ладеж или по нашки самозалажување, дека нешто корисно работиш...
..имаш ли дефиниран производ-производи или услуги кои ќе ги продаваш..или мислиш да препродаваш кинези или така нешто???
 
Член од
1 декември 2013
Мислења
8
Поени од реакции
0
registrirav firma za trgovija so kompjuteri i vovedov fiskalen aparat ...e sega vo istiot objekt sakam da pravam i servis na kompjuteri za sto vo CRM mi vikaat deka treba da registriram podruznica za servisot. Dali ke treba uste edna fiskalna ili moze so edna da bidat i prodavnicata i servisot? Znaci vo istiot objekt se dvete.
 
Член од
29 октомври 2012
Мислења
224
Поени од реакции
70

Kako go resi problemot so licenciran softver? na pr. so Windowsot
 
Комита Ултрас

Ултрас Модератор
Член од
4 јуни 2009
Мислења
9.313
Поени од реакции
16.750
Кој се одприлика месечните трошкови за ДОО, се работи за електронско списание ако има некаква улога ова.
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
113
Кој се одприлика месечните трошкови за ДОО, се работи за електронско списание ако има некаква улога ова.
Зависи, али ќе те фати некаде околу 250 евра со минимум плата од 8050 ден вклучено во вкупната сума.
--- надополнето: 3 декември 2013 во 22:13 ---
registrirav firma za trgovija so kompjuteri i vovedov fiskalen aparat ...e sega vo istiot objekt sakam da pravam i servis na kompjuteri za sto vo CRM mi vikaat deka treba da registriram podruznica za servisot. Dali ke treba uste edna fiskalna ili moze so edna da bidat i prodavnicata i servisot? Znaci vo istiot objekt se dvete.
Не ти треба подружница, и црм не се надлежни по тоа прашање, така одговараат. Најубаво е уште една шифра на работење да си запишеш во црм т.е. сега неможеш туку во завршната сметка треба да се пише шифрата, тој што ти води сметководство ова треба да му биде ко песна, прашај го него. А ти работи си ги и двете работи со 1 фискална во иста просторија. Зашто подружница да отвараш и повише трошкови да правиш, а касата каде ќе ти биде пријавена, на подружница или на седиштето, кога и за двете работи треба да се куца?
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Зависи, али ќе те фати некаде околу 250 евра со минимум плата од 8050 ден вклучено во вкупната сума.
--- надополнето: 3 декември 2013 во 22:13 ---

Не ти треба подружница, и црм не се надлежни по тоа прашање, така одговараат. Најубаво е уште една шифра на работење да си запишеш во црм т.е. сега неможеш туку во завршната сметка треба да се пише шифрата, тој што ти води сметководство ова треба да му биде ко песна, прашај го него. А ти работи си ги и двете работи со 1 фискална во иста просторија. Зашто подружница да отвараш и повише трошкови да правиш, а касата каде ќе ти биде пријавена, на подружница или на седиштето, кога и за двете работи треба да се куца?

Чекај како не е надлежен, кој е надлежен ? Од УЈП прво нешто што ти бараат е тековна состојба или решение од ЦРМ, кај што стои дејноста. Прво не знаеме за каква фирма станува збор, дали е ТП или ДООЕЛ. Ако е ТП треба да запише уште една шифра во ЦРМ, просто правиш проширување на предмет на работење (можност само ако станува збор за сродни дејности). Ако со годишна сметка пише уште една шифра, ако има повеќе приходи од неа, само автоматски ќе ја замени претходната шифра, а нема да стојат двете. Ако е ДООЕЛ најверојатно има општа клаузуза за бизнис и може да ја врши слободно и втората дејност.
 
Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
113
Чекај како не е надлежен, кој е надлежен ? Од УЈП прво нешто што ти бараат е тековна состојба или решение од ЦРМ, кај што стои дејноста. Прво не знаеме за каква фирма станува збор, дали е ТП или ДООЕЛ. Ако е ТП треба да запише уште една шифра во ЦРМ, просто правиш проширување на предмет на работење (можност само ако станува збор за сродни дејности). Ако со годишна сметка пише уште една шифра, ако има повеќе приходи од неа, само автоматски ќе ја замени претходната шифра, а нема да стојат двете. Ако е ДООЕЛ најверојатно има општа клаузуза за бизнис и може да ја врши слободно и втората дејност.
Епа убаво си кажа ти, двете работи немаат врска со отварање на подружница, јас зборев по претпоставка за Дооел, а ТП , да само сродни дејности, ама ептен сродни може да се работи. А надлежен е управителот, т.е. тој кажува во ујп и црм дека има нова шифра и ако дојде ујп инспекција или пазарна ќе ти бара тековна но ако уште по завршна немаш пишано нова шифра не е страшно ако другите документи кај што си внесуваш дневен пазар стои од што е пазарот и слично.
 
Комита Ултрас

Ултрас Модератор
Член од
4 јуни 2009
Мислења
9.313
Поени од реакции
16.750
Дали е законски за електронско списание да се отвори здружение наместо фирма за да се намалат трошковите? Така би излагало нешто како списание од самото здружение и за да се чита би се уплаќало на жиро сметка од здружението. Законски, м ? :)
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.622
Поени од реакции
38.502
Дали е законски за електронско списание да се отвори здружение наместо фирма за да се намалат трошковите? Така би излагало нешто како списание од самото здружение и за да се чита би се уплаќало на жиро сметка од здружението. Законски, м ? :)
Здружението не треба да има профит. Мислам дека идеше само со членарина. Значи парите од реклами (кои секако би требало да се главни финансиери) на која сметка би оделе?
И прашај во право делот за ова, они би требало да знаат некоја дупка.
 
Комита Ултрас

Ултрас Модератор
Член од
4 јуни 2009
Мислења
9.313
Поени од реакции
16.750
Мора да има некоја дупка затоа што познавам здруженија што вадат профит, ама не даваат конкретни одговори. Сепак фала на одговорот.
 
Член од
1 декември 2013
Мислења
8
Поени од реакции
0
Епа убаво си кажа ти, двете работи немаат врска со отварање на подружница, јас зборев по претпоставка за Дооел, а ТП , да само сродни дејности, ама ептен сродни може да се работи. А надлежен е управителот, т.е. тој кажува во ујп и црм дека има нова шифра и ако дојде ујп инспекција или пазарна ќе ти бара тековна но ако уште по завршна немаш пишано нова шифра не е страшно ако другите документи кај што си внесуваш дневен пазар стои од што е пазарот и слично.
znaci ako e dooel so godisna s-ka samo ke se pise sifrata za servis i toa e toa? ?????
--- надополнето: 10 декември 2013 во 21:33 ---
koj ima iskustvo so registriranje na firma kade neparicniot vlog po clen 175 od zakon za trgocski drustva ne e vnesen, t.e. do koga treba da se vnese neparicniot vlog i dali mora da se pravi procenka od procenitel. Ili pak kako sto e registrirana firmata nemora nisto da se pravi vo odnos na neparicen vlog? Citam po ova zakonot ama ne mi e bash jasno....
 
mackomk

...Chichino...
Член од
23 јуни 2007
Мислења
318
Поени од реакции
72
Член 186
(5) Ако при основањето на друштвото целиот износ на паричниот влог не е платен, преостанатиот износ се уплатува на начин определен со договорот за друштвото. Остатокот од влогот мора да се уплати во рок од една година од денот на објавувањето на уписот на основањето на друштвото. Се до плаќањето на целиот износ на паричниот влог, содружникот одговара на друштвото во висина на преземениот влог во согласност со договорот на друштвото.
 
На врв Bottom