jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.422
Не само по многуте најави и анализите на разни експерти, веќе и дојде времето кога регионот на Балканот и Мала Азија и Блискиот Исток, се доближува до точката на вриење. Арапската пролет од Афричка почва се префрла на Блискиот Исток, се поголема и погласна е подршката на Турција, а не се незабележливи и тие структури на Балканот.
Најгласни во нивните убедувања за војна од регионален карактер, но со елементи на граѓанска војна се Израелските аналитичари кои сметаат дека овие структури се доволно моќни во овој регион да издејствуваат силна дестабилизација, која би можела да одекне и надвор од овој регион. Одтаму и непринципиелниот премолчен сојуз помеѓу традиционалните непријатели, режимот на Асад и Израел. Интензивноста на ова радикално движење придонесе до брзо менување на поларноста во регионот на Блискиот Исток и Мала Азија. Турција од традиционален силен сојузник на Израел, стана главен непријател и спонзор на Хамас. Не е ни чудо што Израел инситира на брзо сменување на режимот во Иран, кој инаку бил традиционално наконет на Израел пред Исламската револуција.
Какво е мислење на традиционалните евреи кон политиката на САД, доволно збори фактот што претседателот го нарекуваат Имамот Обама, целејќи на неговата подршка на рушењето на непријателските но умерени секуларни влади и инталирајќи крајно радикални режими. Факт е дека со Египет владее партијата која произлегува од терористичката организација Муслимански Браќа.
Контроверзноста на Турција, која има потенцијал да го затресе целиот регион, ги активира Израелските разузнавачи да подготват база внатре во Турција, каде покрај Курдите постојат уште и силни националистички елементи, кои се цврсто против режимот на Ердоан. Една таква мрежа, Ергенкон е всушност мрежата која доведе до апсења на високи функционери во војската на Турција. Оваа организација е означена како терористичка. Веќе наголемо во Израелскиот печат се збори за логистичка и разузнавачка подршка на Курдските бунтовници.
Интересна работа во сето ова е проектираниот начин на делување на овие структури, кој случајно или не, се совпаѓа со случајот во Смиљковци. Се делува да се навлече гнев кај локалното население врз Муслиманите, за да проблемите станат верски. Втор чекор би бил радикализација на муслиманите како реакција на настанатиот гнев.
Иако напредна фаза на такво делување гледаме во Сирија, неможеме да ја споредиме со ситуацијата во Македонија. Со играњето на картата на Албанците, ова движење се инфилтрира длабоко во општеството, а осетливоста на Албанците во мешањето во нивните работи, ги направи заложник на ова радикално движење. За среќа постојат сеуште свесни Албанци, кои го гледаат проблемот, и пробуваат да излезат на крај со него. Всушност овој проблем можат да го решат само Албанците меѓусебе.