Одличен цитат, и токму тоа е едно од нештата што ме интересира за револуцијата како „феномен“.
Но, ова,
has utterly obscured the real idea of growth, which means leaving things inside us. -
зошто мора да го има револуцијата овој дел, дали е нужен?
ќе дадам еден банален пример, тој прв ми дојде во глава, христијанството и христијанската црква - на почетокот биле гонети и убивани, за после оној што ги убивал да ги прифати, за да освојува и ја задржи власта, а на крај да се распадне, па потоа таквото христијанство институционализирано преку црквата, да изврши метод на догма, а заради кој метод ќе се вршат освојувања, во име на религијата и верата, така што како резултат на тоа ќе има стотици години интелектуален мрак, за кога ќе се појави првиот зрак „светлина“ - идејата за реформација, да започне инквизицијата, која што ќе трае во некои земји (Шпанија) до пред 130 години, за денес истата таа религија и институција што ја претставува, да прокламира мир и соживот и други хуманистички идеи и подвизи, а денес да повеќето луѓе воопшто да не се замараат со неа.
Е сега, токму тука лежи прашањето за нужноста на жртви на револуцијата, ако знаеме веќе за последиците кои се случиле низ историјата, зошто би ги повториле?
Зошто да постои перпетум мобиле - знаеш, историјата се повторува? Нели е тоа можеби помалку хедонистички, па дури и мазохистички?