Ребраст каиш

Член од
21 мај 2009
Мислења
876
Поени од реакции
466
ај да си прашам и ја за мојава - сменив ребраст пред 2 000 километра некаде - купив оригинал фленор и ми рекоа следно менување на 4/5 години или на 40/50 000 километра...

е сеа ме интересира - пошто погоре некој пиша на дизелаши или 16 вентислки мотори обавезно се кршат клипови се криват вентили и слично - мојава ланчија ( ипсилон ) е 8 вентилса па во случај да скине каиш ( недај боже на никој не посакувам ) дали би искривило вентили и слично или шансите се помали?

моторот е исти како на пунто ( најслаб мотор 44 киловати )

Брат не се замарај со таа проблематика.Гледаш само мајсторишта и стручњаци за коли и мотори.....

Ребрастиот каиш се менува на секои 4/5 години или да си спиеш мирно на 40-50 000км.Бидејки кај нас има ептен квалитетни резервни делови,запази го ова темпо и ке немаш проблеми никакви....

Инаку ако моторот има хидраулични подигнувачи на вентили,значи под притисок од маслото од моторот ги отвара и затвара вентилите.Во случај да скине каиш,вентилите се вракаат во затворена позиција,за да не дојде до нивно оштетување и оштетување на моторот....

Е сега кај тебе е постар модел на мотор кој за жал нема хидраулични подигнувачи на вентили.Кинење каиш=нокна мора.......

Затоа уживај и вози се.....
--- надополнето: 10 декември 2013 во 00:36 ---
Kakva zastita od skinat rebrast be druže. :D
Kaj nekoi koli so standarden 4 klipen 8v motor ventilite nemaat dopirna tocka so klipovite,kaj ovie i da se skine kaisot nema posledici za motorot. Kaj site dizeli i 16v benzinci se skina li kaisot otidoa ventilite,znae da se skrši i bregasta ili klip.
Zatoa pamet u glava,menjavanje na rebrast na sekoi 50.000km ili na 3-4 godini bez razlika na kilometri maksimum.

Ај повтори си ја лекцијата...

Принцип на работа на 4 тактен бензински мотор,бидејки гледам трескаш зелени на форумот.....

Ако не си возел 101 е тогаш не знаеш што е да ти скине каиш ребраст.Мотор 128А ознака 8вентилски кој кога ке скине каиш ребраст го криви вентилот под 90.......

А бе машко има уште фурни леб да јадеш да научиш механика......Ај здраво
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ако не си возел 101 е тогаш не знаеш што е да ти скине каиш ребраст.Мотор 128А ознака 8вентилски кој кога ке скине каиш ребраст го криви вентилот под 90.......
Не се љути бре, тој не ти пиша дека мотор 128А со 8 вентили не се стига... Јас сум сигурен дека моторот на VW 1.6 ТD (вградуван во Гољф 2) не се стигаат вентилите со клиповите. Ете ти контра пример дека ИМА таков, а ко шо гледам погоре пишува Kaj nekoi koli so standarden 4 klipen 8v motor ventilite nemaat dopirna tocka so klipovite така да, јас само би надополнил дека кај некои мотори отворен вентил нема допирна точка со клип...
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Fiesta 1.3 бензин 2007 има ребрaсти или ланче? :)
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Јас сакам да го сменам за некој месец на 60 000. Сега имам 57 000 колата е купена 2010 од салон гледам во пежо овластениот сервис каиш сосе затегачи и работна рака 4.145 ден. Што мислите за ценава?
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Јас сакам да го сменам за некој месец на 60 000. Сега имам 57 000 колата е купена 2010 од салон гледам во пежо овластениот сервис каиш сосе затегачи и работна рака 4.145 ден. Што мислите за ценава?
Коска..Мојот Дајко 1500 денара каиш,плус два затегачи по 1500=4500 + 1000 денара за менување 5500..Па види ти сега..
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.056
Поени од реакции
6.663
ако не се рикнати затегачите нема потреба од менување
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.762
Гледам горе има дебата за во случаи ако се скини ребрастиот каиш. Има две врсти на мотори во врска со ова прашање-мотори као кои обавезно доаѓа до судир на вентилите и клиповите при кинење на каишот-интерференциски(скоро сите мотори) и мотори каде не доаѓа до овој судир-неинтерференциски(бензинците на пример на Голф 1 и некои други, ама се многу помалку).

Ова убаво го објасни Ед Чајна во ``дилери на половни коли`` на Дискавери

Во врска со затегачите кај нас е ``правило`` кое го нема во западниот свет а тоа е кога ќе се извади каишот, со рака се завртува лагерот на затегачот и ако врти мазно можи да остани уште едно менување на каиш, а ако се слушаат звуци-обавезно менување.

Иначе во овластен сервис обавезно се менуваат затегачите
 
Се чудам кај знае тој Ед толку..Нема нешто што незнае..Со секакви апарати е опремен,и за 3Д тоа техниките кога правеа делови за Спачакот мислам беше.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.980
Поени од реакции
14.762
Не се сеќавам баш најдобро за која кола беше, но убаво го објасни тоа.

јас сум имал случај пред нешто повеќе од 20 години на мој другар му пукна каишот на Голф 1 и механичарот (доста добар беше во тоа време) ми објасни како кај некои коли не се случува судар.

Кај Заставините возила доаѓа до масакр при судир. И воѓиците од вентилите страдаат
 
Комшијата си купи половен мотор за неговиот 101,4000 денара го плати..Повеќе му се исплаќаше да си го поправи својот,диктон за глава за Југо/101 270 денара..За мојата половина литро масло кошта толку
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Ве молам за мал совет и помош.

Пред некој ден ми се скина ребрастиот каиш во вожња, на брзина од околу 30 км на час и при менување на брзина, барем колку што кажува жената. Колата е Хјундаи Гетц, 1.4 бензинец и 16 вентили, што посебно ме плаши. Грешката е моја што одма после купување на возилото не му сменив цел сет, затоа што поверував на газдата (демек како преку пријатели го најдов) дека на 100 000 менувал каиш и сите тие пропратни работи. Мајсторот треба да ја отвори утре, земав ребраст каиш но ништо не ми спомна за водена пумпа. Рече да го отвори моторот и да ги види вентилите па за понатака ќе видиме што како, иако од муабети причув дека нема шанса да не се отидени вентилите.

Со оглед на тоа дека многу не се разбирам во коли, кое е најлошото сценарио кое може да се деси, а како најлесно би поминал во целава ситуација? Дали има шанса ниеден вентил да не е отиден, дали треба да си сменам и водена пумпа ( и некој друг дел ), дали крајно сценарио е моторот да е хаварисан и да не е можна поправка?
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Најлошо сценарио се да е искривено,скршено,се подразбира на вентили,оштетување на радилица,па прва специјала,па втора,па летечи-лежечи лагери..Па тоа ти значи генералка,нови вентили,обработка на клипови,глава рамнење.Водната пумпа спаѓа во потрошен материјал,не е скапа,околу 20-30 евра,со секое менување на ребрастиот каиш е препорачано да се смени и таа,таа е поврзана со ребрастиот каиш,ако се кине ребрастиот,и таа не врти т.е не е во функција,фактички водата не циркулира низ системот..Можеш и да ја прегрееш,многу е битно ако си го сетил каишот кога се кине,одма да ја изгасиш колата,и ДА ЗАСТАНЕШ ВЕДНАШ..Кај некои мотори не се стигаат вентилоот со клипот,а кај некои се прават попара..Можно е да ниеден вентил да не е отиден,се зависи од времето на запирање..Моторот скроз неможе да отиде,ваљда не си до толку баксуз,се на денешниот свет МОЖЕ ДА СЕ ПОПРАВИ..Само ти требаат пари и живци да трчаш по мајстори..
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.092
Поени од реакции
15.953
Изгледа имав премногу среќа затоа што поминав само со замена на ребраст каиш и затегачи за истиот, без смена на водена пумпма затоа што била ок и немало потреба да се менува, а и ребрастиот не одел преку неа. Е сега има една работа што мене лично ми буди сомнежи, а тоа е дека моторот веќе не е тој што беше, не е воопшто лош но се осеќа сосема минимална вибрација кога е на 900 обртаи, односно во лер. Вожњата е ок, гаста е добра, чинам дека не е изгубено од силата и живоста на моторот (97 коња). Мајсторот ми укажа на тоа и вели дека можно е некое минимално оштетување да имало на вентилите, но можно е пак тоа да се среди со возење после 2 недели до месец дена, као демек да се исправеле уз возење. Мене ми е ова сомнителна приказна и сите што ги прашав различно ми одговорија. Важно мајсторот ми напомена дека не би било толку неопходно да се отвара мотор и да се ставаат нови вентили зашто најмалку 250 евра ќе ме кошта. Вака поминав со 70 евра.

Навистина не знам што да правам дали да терам вака, меракот може не е веќе тој зашто малку тресе ( сосема малку ) и да ја возам некое време, да се потсредам финансиски или одма да ја носам и да мењам вентили?
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.308
Поени од реакции
7.293

Биди среќен дека само со тресењето на 900 обртај си поминал, ја не би очекувал моторот после скинат ребраст каиш у сред вожња дека ќе биде воопшто исправен.
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Изгледа имав премногу среќа затоа што поминав само со замена на ребраст каиш и затегачи за истиот, без смена на водена пумпма затоа што била ок и немало потреба да се менува, а и ребрастиот не одел преку неа. Е сега има една работа што мене лично ми буди сомнежи, а тоа е дека моторот веќе не е тој што беше, не е воопшто лош но се осеќа сосема минимална вибрација кога е на 900 обртаи, односно во лер. Вожњата е ок, гаста е добра, чинам дека не е изгубено од силата и живоста на моторот (97 коња). Мајсторот ми укажа на тоа и вели дека можно е некое минимално оштетување да имало на вентилите, но можно е пак тоа да се среди со возење после 2 недели до месец дена, као демек да се исправеле уз возење. Мене ми е ова сомнителна приказна и сите што ги прашав различно ми одговорија. Важно мајсторот ми напомена дека не би било толку неопходно да се отвара мотор и да се ставаат нови вентили зашто најмалку 250 евра ќе ме кошта. Вака поминав со 70 евра.

Навистина не знам што да правам дали да терам вака, меракот може не е веќе тој зашто малку тресе ( сосема малку ) и да ја возам некое време, да се потсредам финансиски или одма да ја носам и да мењам вентили?
Според мене си требало да ја смениш и водната пумпа,незнам зошто толку ти смета тоа..Али вози така,и не ме нервирај и мене..Вентили ќе менувал,ни штракаат,ни лупаат,таа вибрација може ти е од нешто друго,држач на мотор,лошо гориво,криви гуми итн..Вози си ја колата,мило ми е што си поминал со ништо и не се замарај..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom