Реалноста за окултузмот и сатанизмот

Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Темава ја отворив поради документарниот филм кој го најдов на интернет пред некое време, мислам дека добро објаснува и темелно за се она што претставува сатанизмот во неговата вистинска форма.
Ако е веке отворено нешто слично или ако треба да се премести тогаш ок, во секој случај треба да се погледнат клиповите пред да се почне да се зборува со нагагања и субјективни свакања за ваквите теми.

Останатите делови се поврзани на ју туб...
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Сепак би те замолил да дадеш вовед за клиповите .. верувам си ги гледала затоа шо велиш пожелно е да се гледаат .. па едно резиме накратко твое видување ..
 
T

Tetro

Гостин
и? која е реалноста? не ми се гледа нешто за глупост само, и да трошам лимит (кој се помалку го имам).
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.676
Поени од реакции
11.713
Occult преведено од латински значи скриено. Не скриено знаење како што се преведува и шири по интернет, туку само скриено, тајно.
Зошто тајно? Едноставен одговор: Заради Црквата која се противеше на Кеплер, на Галилео, на алхемичарите кои си играа со хемиски соединенија, на учењата донесени од Исток после Крстоносните војни.
И ете сега сеуште Црквата(не знам веќе која ги има над 3000 регистрирани христијански цркви) сето тоа знаење, го окарактеризирува како сатанизам, за да ние покорно се свртиме кон слепата вера.
Сатанизмот нема врска со окултното(скриено) знаење.
Насловите на клиповите врескаат : Не гледај не троши време ова се бедни обиди да се оцрни нешто кое полека но јасно ја покажува својата важност и вистина.
1500 години мрак се доволно за да видиме дека сатанизам промовираат баш овие кои тврдат дека окултното знаење е сатанистичко.
Во окултните науки не постои ниту се спомнува нешто сатанистичко. Ралзично од учењето на црквата, да, но тоа не е сатанизам.

Наместо клипови и документарци, попаметно е да се читаат книги. Сами да размислите и да истражувате. И да не открие човек нешто, барем ќе го вежба умот да размислува.

Реалноста за окултизмот никој нема да ја знае! Окултно=Тајно :)

P.S. Книги, не документарци. :)
 
831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.679
Поени од реакции
11.751

Брате, тешко е да се читаат книги...треба да го напниш мозокот, да го натераш да функционира. Секогаш е подобро за заспиеш со документарец....:)
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Окултизмот е толку многу опширна тема, што неговото сведување на сатански ритуал и жртвувања, на антихристијански и аморални дејанија е прилично површно тврдење. Секое битие (треба да) тежнее кон некакво самоспознание. Патиштата до него се различни и некои може да имаат неочекуван и непожелен тек. Исто така тие, иако различни и навидум спротивставени, можат да водат во една иста насока (или правец). И самото христијанство има проблем со различни толкувања и извитоперувања, како од разни групации така и од поединци, но тоа не ја менува неговата суштина.
Христијанството во својот двомилениумски историски развој, како и сите други вери, минало низ низа етапи. За темава, во врска со она што се нарекува окултизам (некаде прочитав дека првиот негов именител е Е. Леви), важна е трансформацијата на христијанството од вера на подредените и прогонуваните, во вера на оние што се на власт (значи, од Константин наваму). Монотеистичките религии во принцип не се толерантни и тежнеат кон тотална контрола врз верскиот живот. Тоа секако, порано било многу поизразено од денес.
Секое друго верско и филозофско учење кое би можело да го загрози авторитетот и монополот на црквата е прогонувано, оцрнувано и омалуважувано, независно за каков вид на учење (добро, лошо) се работи. Оттаму, поради влијанието на долговековниот став на црквата дека разните окултистички учења се неизбежно сатанска измама и денес во голема мера преовладува истиот став кај повеќето од луѓето. Е сега, не секоја секта или култ кои биле прогонувани од црквата биле невини и добродушни. Како и секогаш, како и секаде имало по некој забеган и опасен фрик, кој „бил“ некакво и нечие „отелотворување“ и имал чудни идеи и замисли.
Не бранам ниту пак осудувам. Само мислам дека не треба да се генерализира и да се носат некакви воопштени заклучоци, независно од тоа дали се негативни и позитивни.
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Сепак би те замолил да дадеш вовед за клиповите .. верувам си ги гледала затоа шо велиш пожелно е да се гледаат .. па едно резиме накратко твое видување ..
Во ред...
Значи на почетокот многу јасно напоменува дека целта на самиот филм е да ги обелодени фактите, некои појави коишто навистина и очигледно постојат а за тоа има документиран материјал. Зошто некој би сакал да искриви нешто доколку самото по себе не е искривено и изопачено ? Самите луге во продукцијата немаат за цел некого и нешто да нападнат туку да ја истакнат реалноста.
Појавите на мачење на животни, содомија , бизарни ритуали, и накрај убиства е нешто што е реалност и што јасно говори какви се последиците од ваквите сатанистички култови и секти. Тоа не е фантазија или игра туку некој што свесно те насочува да извршиш злосторство и многу јасно е изложено како еден припадник на таква група убил 13 души и ред други одвратни работи.
Па тука исто е споменат Ла Веј неговата изопачена филозофија, поделбата на бела и црна магија (ако воопшто може да постои бела) и најважно искуствата на луге коишто биле дел од тоа..Мегу бизарните обреди спомнато е жртвување на луге и бебиња , мачење на животни т.е уживање во бавното убивање верувајки дека агонијата во која умира животното дава сила и мок. Многу одвратен момент е кога постарата жена разкажува како кога била млада и била дел од обредите на едно бебе му е исчен вратот а потоа била неговата крв потурена по неа и силувана од водачот на култот. Она што најмногу го мразат е невиноста и затоа како човечки жртви најмногу им служеле деца и тинејџери .
Треба да се погледни видеото иако е постаро полно е со информации јас не можам да кажам како што таму е се скоцкано .
Од она што јас можев да заклучам е објавената војна на Бог со тоа што тие сметаат дека сатаната бил оправдано побунет затоа што го заслужувал еднаква мок со него.
Ниеден здрав човечки разум без разлика на која и да религија припага не може да го прифати она што го нуди црквата сатаната.

--- надополнето ---

Окултизмот е толку многу опширна тема, што неговото сведување на сатански ритуал и жртвувања, на антихристијански и аморални дејанија е прилично површно тврдење. Секое битие (треба да) тежнее кон некакво самоспознание. Патиштата до него се различни и некои може да имаат неочекуван и непожелен тек. Исто така тие, иако различни и навидум спротивставени, можат да водат во една иста насока (или правец). И самото христијанство има проблем со различни толкувања и извитоперувања, како од разни групации така и од поединци, но тоа не ја менува неговата суштина.
Христијанството во својот двомилениумски историски развој, како и сите други вери, минало низ низа етапи. За темава, во врска со она што се нарекува окултизам (некаде прочитав дека првиот негов именител е Е. Леви), важна е трансформацијата на христијанството од вера на подредените и прогонуваните, во вера на оние што се на власт (значи, од Константин наваму). Монотеистичките религии во принцип не се толерантни и тежнеат кон тотална контрола врз верскиот живот. Тоа секако, порано било многу поизразено од денес.
Секое друго верско и филозофско учење кое би можело да го загрози авторитетот и монополот на црквата е прогонувано, оцрнувано и омалуважувано, независно за каков вид на учење (добро, лошо) се работи. Оттаму, поради влијанието на долговековниот став на црквата дека разните окултистички учења се неизбежно сатанска измама и денес во голема мера преовладува истиот став кај повеќето од луѓето. Е сега, не секоја секта или култ кои биле прогонувани од црквата биле невини и добродушни. Како и секогаш, како и секаде имало по некој забеган и опасен фрик, кој „бил“ некакво и нечие „отелотворување“ и имал чудни идеи и замисли.
Не бранам ниту пак осудувам. Само мислам дека не треба да се генерализира и да се носат некакви воопштени заклучоци, независно од тоа дали се негативни и позитивни.
Мислам дека не се работи за црквата во однос на сектите туку за сектите и култовите независно од неа. Точно христијанството минало низ низа етапи и самото тоа било подложно на злоупотреба, во таа смисла католицизмот одамна ги нема тие вредности како што ги имал предходно кога со православната пред 1054 биле едно , ама јас не сум толку упатена за тоа да зборувам. Главно е да се напомене е дека во период на среден век науката и сектите апсолутно не можеле да прикажат ниедно слободно учење ,после 18 век некаде се јави таа слобода која подоцна се повеке се прошири и доага 19 век и ние го имаме тој бунт и гнев собиран поради погрешното концепирање на верата. Но јас зборувам независно од верата , како секта , што тие прават а некој пробува да ги разсветли да ги ублажи и да ги направи праведни..

--- надополнето ---

Occult преведено од латински значи скриено. Не скриено знаење како што се преведува и шири по интернет, туку само скриено, тајно.
Зошто тајно? Едноставен одговор: Заради Црквата која се противеше на Кеплер, на Галилео, на алхемичарите кои си играа со хемиски соединенија, на учењата донесени од Исток после Крстоносните војни.
И ете сега сеуште Црквата(не знам веќе која ги има над 3000 регистрирани христијански цркви) сето тоа знаење, го окарактеризирува како сатанизам, за да ние покорно се свртиме кон слепата вера.
Сатанизмот нема врска со окултното(скриено) знаење.
Насловите на клиповите врескаат : Не гледај не троши време ова се бедни обиди да се оцрни нешто кое полека но јасно ја покажува својата важност и вистина.
1500 години мрак се доволно за да видиме дека сатанизам промовираат баш овие кои тврдат дека окултното знаење е сатанистичко.
Во окултните науки не постои ниту се спомнува нешто сатанистичко. Ралзично од учењето на црквата, да, но тоа не е сатанизам.

Наместо клипови и документарци, попаметно е да се читаат книги. Сами да размислите и да истражувате. И да не открие човек нешто, барем ќе го вежба умот да размислува.

Реалноста за окултизмот никој нема да ја знае! Окултно=Тајно :)

P.S. Книги, не документарци. :)
Како да дискутирам за нешто што не го имаш ни зирнато а предвреме судиш? Јас не правам муабет за верата, темата не е за верата тука за сектите и нивниот однос кон човештвото , бог и лугето. Погледни па искоментирај не е ништо фејк барем се познава по разкажувањата на лугето . Читам и книги :) ама има работи што многу добро се прикажани и визуелно :).
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Мислам дека не се работи за црквата во однос на сектите туку за сектите и култовите независно од неа. Точно христијанството минало низ низа етапи и самото тоа било подложно на злоупотреба, во таа смисла католицизмот одамна ги нема тие вредности како што ги имал предходно кога со православната пред 1054 биле едно , ама јас не сум толку упатена за тоа да зборувам. Главно е да се напомене е дека во период на среден век науката и сектите апсолутно не можеле да прикажат ниедно слободно учење ,после 18 век некаде се јави таа слобода која подоцна се повеке се прошири и доага 19 век и ние го имаме тој бунт и гнев собиран поради погрешното концепирање на верата. Но јас зборувам независно од верата , како секта , што тие прават а некој пробува да ги разсветли да ги ублажи и да ги направи праведни..
Слободата всушност се јави малку порано, во времето на хуманизмот и ренесансата (и што тука се препородува?). Во уметноста, пред се во делата на Леонардо да Винчи, Микеланџело и други, кои всушност повеќе се неоплатонисти и гностици отколку христијани (погледни ја нивната визуелна интерпретација на старозаветните и новозаветните теми, сличноста со античката, паганска уметност воопшто не е случајна) изобилува со симболизам и пораки кои и покрај надворешната христијанска форма се со содржини кои во основа не се христијански (и пак велам, дека во овој случај не се работи за никаков сатанизам), туку за поинаков, самостоен и невообичаен пристап. Нешто слично е и со Пеколот на Алигиери, само е малку поприкриено, да не речам (оти не е докрај соодветно) поокултно :)
Во средниот век доминацијата на христијанството е изнасилена, принудна и пред се`, најмногу од се` нехристијанска. Станува државна, фарисејска идеологија, каде што и божјото и царевото (параболата со Христос и паричката:) ) е поистоветено и банализирано до бескрај.
Сепак, да се вратиме на темата.
Произлезот на сектите, култовите, па ако сакаш и на еретичките учења (иако тие не се најбитен дел од темава) е мошне разнороден - од различни временски периоди, од различни географски простори, со различни целни групи и на крај со различни концепции, ставови, ритуали и сл. Не се сите исти. Не можат да бидат. Ќе се повторам - не ми е целта оправдувам или да осудувам. Умоболни, фанатизирани чудовишта кои си основале сами или се вклучиле во некаква окултна група, колку и да се присутни и зачестени, не можат да се поистоветат со еден толку широк поим како окултизмот.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
[SIZE=+3][FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]The Eleven Satanic Rules of the Earth[/FONT][/SIZE]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]by Anton Szandor LaVey[/FONT][FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif][SIZE=+2] [/SIZE][/FONT][FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]©1967[/FONT]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif][/FONT]​

[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]1. Do not give opinions or advice unless you are asked. [/FONT]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]2. Do not tell your troubles to others unless you are sure they want to hear them. [/FONT]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]3. When in another’s lair, show him respect or else do not go there. [/FONT]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]4. If a guest in your lair annoys you, treat him cruelly and without mercy. [/FONT]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]5. Do not make sexual advances unless you are given the mating signal. [/FONT]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]6. Do not take that which does not belong to you unless it is a burden to the other person and he cries out to be relieved. [/FONT]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]7. Acknowledge the power of magic if you have employed it successfully to obtain your desires. If you deny the power of magic after having called upon it with success, you will lose all you have obtained. [/FONT]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]8. Do not complain about anything to which you need not subject yourself. [/FONT]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]9. Do not harm little children. [/FONT]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]10. Do not kill non-human animals unless you are attacked or for your food. [/FONT]
[FONT=Georgia, Times New Roman, Times, serif]11. When walking in open territory, bother no one. If someone bothers you, ask him to stop. If he does not stop, destroy him. [/FONT]
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Слободата всушност се јави малку порано, во времето на хуманизмот и ренесансата (и што тука се препородува?). Во уметноста, пред се во делата на Леонардо да Винчи, Микеланџело и други, кои всушност повеќе се неоплатонисти и гностици отколку христијани (погледни ја нивната визуелна интерпретација на старозаветните и новозаветните теми, сличноста со античката, паганска уметност воопшто не е случајна) изобилува со симболизам и пораки кои и покрај надворешната христијанска форма се со содржини кои во основа не се христијански (и пак велам, дека во овој случај не се работи за никаков сатанизам), туку за поинаков, самостоен и невообичаен пристап. Нешто слично е и со Пеколот на Алигиери, само е малку поприкриено, да не речам (оти не е докрај соодветно) поокултно :)
Во средниот век доминацијата на христијанството е изнасилена, принудна и пред се`, најмногу од се` нехристијанска. Станува државна, фарисејска идеологија, каде што и божјото и царевото (параболата со Христос и паричката:) ) е поистоветено и банализирано до бескрај.
Сепак, да се вратиме на темата.
Произлезот на сектите, култовите, па ако сакаш и на еретичките учења (иако тие не се најбитен дел од темава) е мошне разнороден - од различни временски периоди, од различни географски простори, со различни целни групи и на крај со различни концепции, ставови, ритуали и сл. Не се сите исти. Не можат да бидат. Ќе се повторам - не ми е целта оправдувам или да осудувам. Умоболни, фанатизирани чудовишта кои си основале сами или се вклучиле во некаква окултна група, колку и да се присутни и зачестени, не можат да се поистоветат со еден толку широк поим како окултизмот.
Јас воопшто болдираново не го негирам дури и се сложувам , нема дилема што сакал да винчи со рогастиот Давид да постигне или Микелаџело со извитоперените фрески во сикстинската капела , тоа е повеке од очигледно дека е чист неопаганизам , јас не велам дека е чист сатанизам ама си имало примеси од симболи кои биле наметнати од некои тајни друштва.
Самата основа на окултизмот е езотеријата нешто тајно и прикриено од нашите сетила, веројатно не се глупави социолозиве што сатанизмот го сместиле во култ зошто и тоа е култ кон сатаната, обожавање на сатаната . Широкиот поим на окултизмот опфака тоа магесници вештери вражари, астролози, биљкари бели црни вештерки, видовити сите што сакаат наводно да ги откријат тајните на природата и да го откријат наводно невозможното... современиот окултузам опфака еден куп такви одграноци кои ја величаат заблудата. Секоја мок што се добива по пат на окултизам е дар од сатаната.

@nihilista
Чудно како тоа толку добри ? кога сатаната е лош? Нели- прави што ти е по волја?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Да, но сатанизмот на Ла Веј е само мал дел од сатанистичкото движење во светот...

Појавите на мачење на животни, содомија , бизарни ритуали, и накрај убиства е нешто што е реалност и што јасно говори какви се последиците од ваквите сатанистички култови и секти. Мегу бизарните обреди спомнато е жртвување на луге и бебиња , мачење на животни т.е уживање во бавното убивање верувајки дека агонијата во која умира животното дава сила и мок. Многу одвратен момент е кога постарата жена разкажува како кога била млада и била дел од обредите на едно бебе му е исчен вратот а потоа била неговата крв потурена по неа и силувана од водачот на култот. Она што најмногу го мразат е невиноста и затоа како човечки жртви најмногу им служеле деца и тинејџери .
Треба да се погледни видеото иако е постаро полно е со информации јас не можам да кажам како што таму е се скоцкано .
Сите тие работи сатанистите ги прават со одредена цел.
Целта им е да манипулираат со енергијата, во случаите со педофилија ја крадат енергијата на децата која е “најчиста“ пред влегување во адолесценција и пред хемиско-биолошките промени во организмот.Таа енергија која ја земаат од жртвата им треба за одредени цели кои сметаат дека ги остваруваат со помош на одредени ритуали.
Исто е и со жртвувањето луѓе и животни,се ослободува енергија со која манипулираат,тоа не е својствено само за сатанистите,тоа го има на пример во вуду религијата на Хаити,но сатанистите се оние кои тоа го прават на глобално ниво.
За жал ваквите структури се поврзани со политичката и бизнис “елита“ низ целиот свет и законите не важат за нив,во најдобар случај ќе остават некоја ситна риба да биде осудена како на пример белгискиот монструм Жак Дитру кој бил и снадбувач на Бриселската елита со деца, а кој бил осуден за силување и убиство на 4 девојчиња.Тој тврдел дека е само дел од огромна мрежа педофили и ритуални сатанисти,но попусто...и онака бил неговиот збор против богатите и моќните на кои им набавувал деца...

The U.S. Department of Justice reports

797,500 children (younger than 18) were reported missing in a one-year period of time studied resulting in an average of 2,185 children being reported missing each day.
203,900 children were the victims of family abductions.
58,200 children were the victims of non-family abductions.
115 children were the victims of “stereotypical” kidnapping. (These crimes involve someone the child does not know or someone of slight acquaintance, who holds the child overnight, transports the child 50 miles or more, kills the child, demands ransom, or intends to keep the child permanently.)
http://www.missingkids.com/missingkids/servlet/PageServlet?LanguageCountry=en_US&PageId=2810

India - 1 million+ for year 2007
Belgium - 2928 for year 2007
UK - 4802 for year 2007
http://www.missingchildreneurope.eu/

Сатанистичките ритуали со одземање животи и педофилија се реалност.
Брисел е еден од најголемите центри во светски рамки на вакви случувања што не е чудно.
Таму се седиштата на НАТО,ЕУ,Белгиската влада и локалните власти како и правосудство...
Freaks are running the game...:(
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.676
Поени од реакции
11.713
@G-ca Ljubov: Секоја мок што се добива по пат на окултизам е дар од сатаната.
Ова не е точно. Кажавме што значи окултно.
Не може окултното да се рамни со сатанизам. Егзотеријата не е сфатена како што треба од толпата, не пак да се разбере езотеријата.
Инаку во врска со сектите (кога се зборува во христијански смисол) да додадам: Во вистинската религија не постојат секти. Имаме ние во светот вистинска религија? Мислам дека немаме...
Сите стари богови, чудни аспекти на природата, денеска од некои им се дадени епитетите на демони, болести и бесови. Богот Фоб, Пан што се денес? Фоб-ија, Пан-ика... итн итн... Видете каков бил Пан и како е опишан...
Тајното учење постои, има луѓе што го продолжуваат неговото постоење без разлика на забраните и прогонувањата на црквата пред 500 години. Денеска црквата после толку време, нема веќе моќ над науката и знаењето. Дојде времето кога црквата е таа што ги поправа своите ставови за светот што ја опкружува, а не како во минатото, делата на познати окултни научници да бидат масакрирани од луѓе што не ја познаваат ни природата ниту пак бога.

@G-ca Ljubov: Самата основа на окултизмот е езотеријата нешто тајно и прикриено од нашите сетила, веројатно не се глупави социолозиве што сатанизмот го сместиле во култ зошто и тоа е култ кон сатаната, обожавање на сатаната.

Реченицата нема логика. Првиот дел е точен. За окултизмот дека е езотеријата. Но прикриено од нашите сетила??? Толку се потпираш на твоите 5-6 сетила? После 10 пива, мислам дека не би имала никакви сетила, да не зборувам за сетилата ако користиш дроги :)
Другиот дел од реченицата, нема врска со првиот дел, а и тој е неточен. Би можела да разгледаш Јунг кој бил и што. Не случајно има книга под наслов Алхемија и Психологија, каде што се опишани соништата на физичарот Паули (го измислува ласерот).

@G-ca Ljubov: современиот окултузам опфака еден куп такви одграноци кои ја величаат заблудата.
Може да ни кажеш која е вистината? За да не ја величиме заблудата, иако колку што знам окултните науки не величат ништо.

Да не замине добра мисла од Сабазиј:
Секое друго верско и филозофско учење кое би можело да го загрози авторитетот и монополот на црквата е прогонувано, оцрнувано и омалуважувано, независно за каков вид на учење (добро, лошо) се работи. Оттаму, поради влијанието на долговековниот став на црквата дека разните окултистички учења се неизбежно сатанска измама и денес во голема мера преовладува истиот став кај повеќето од луѓето. Е сега, не секоја секта или култ кои биле прогонувани од црквата биле невини и добродушни. Како и секогаш, како и секаде имало по некој забеган и опасен фрик, кој „бил“ некакво и нечие „отелотворување“ и имал чудни идеи и замисли.

Значи да се каже дека окултното е сатанизам, е паушален одговор и премногу неточен. Кинеските окултни гранки, и тие се сатанизам? Кинеската филозофија барем е практична, нема кај нив многу зборувње. Поеќе работа.
Злоупотребата на окултните знаења од поединци или поедини групи е друга тема на која може да се пишуваат книги и книги.

@G-ca Ljubov: Прави што ти е Волја и тоа нека биде целиот Закон! (ова не е сатанизам или пак е?) :)
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Шо има врска со темава ова? темата не е за перење на мозок ако сакаш отвори си нова и постирај таму вакви ефтини американски баптистички сранја и лечи копмлекси на друго место.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom