Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

Jovannah

Smile me baby
Член од
11 февруари 2008
Мислења
584
Поени од реакции
50
Точниот назив на темата гласи „Реакции на новиот Закон против пушење на јавни места„. Името заборува само за себе... темата се однесува на законот наведен во името не на законите за другите загадувачи.

Кога би сакал да одам off topic би ти кажал дека со сесрце би подржал и било кој друг закон за заштита на животната средина. Би додал и дека подршката за таквите закони не значи одобрување за прекршувањето на законот што всушност се дискутира тука.
Те гледам блаботиш цело време, се трудиш и докажваш (сам не знајш шо), па си реков да ти вратам, барем на цел труд шо го имаш вложено греота е да не ти врати чоек.
Пред да вратам, само да кажам дека се воздржвам не знам колку време од пишење на ова тема баш ради вакви размислувања, ама ете појако е од мене и морам да пишам.

Ме интересират неколку работи.
Досега одеше по кафичи, дискотеки, кафани, прчвари и кутриот ти беше оштетен од пушачите (ужасни луѓе, јаз'к да ни е), сега откако не се пуши во такви места, кажи ми за колку проценти твоето здравје ќе се подобри.
Друго, на лето ко ќе седиш во некој кафич надвор (без разлика дали е забрането или не пушењето) како ти ќе се заштитиш од нас пушачите (убијците) ако помини некој со цигара в раце???

И последно, да имам многууууу пари некогаш, ќе одам во кафичот кај шо пиеш кафе (и вдишваш чист планински воздух) ќе седнам до тебе и ќе испушам 10 цигари, па ќе си ја платам казната. Вреди.

Тууу ко не имав пари.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.879
Поени од реакции
23.280
Законот не е дискриминирачки. Не разликува дали ти, јас или било кој друг е пушач или непушач. Забрането ни е на сите да пушиме во затворен јавен објект. Забраната важи за тебе, за мене и за секој друг. Јас не сум привилегиран, ни јас не смеам да пушам во локал.
Дискриминација е кога, како во Германија пред последната светска војна, Евреите ги дискриминирале да не можат, на пример, да одат во ресторани. Нив значи ги жигосале против нивна волја и не по нивен избор. Родени биле како Евреи и со тоа предопределни дека не смеат да прават одредени работи. Ги дискриминирале.

Претпоставувам тука би прашал што е разликата помеѓу таа поделба и поделбата на пушачи и непушачи?
Не се раѓаш како пушач или непушач, сам го одбираш тоа и можеш да се предомислиш и да преминеш во првата или втората група по сопствен избор. Не ти забрануваат да пушиш, ти забрануваат да труеш други (т.е. да пушиш во затворен јавен простор). Слично како што ти забрануваат да убиваш и да крадеш. (не е толку опшествено прифатено ама одредена група луѓе сепак го практикуваат и ова)

Опшеството носи норми на однесување и бара од членовите на тоа опшество да ги почитуваат нормите. Нормите се регулирани преку законите за да ти и јас не се ставаме во ситуација сами да ги толкуваме нормите.
сега ванлок извини вака ама ако планираш да објасниш зошто во ред ако не немораш можеби некој друг има нешто попаметно да каже.едно е ако ти одговара тебе а друго е дали е дискриминиралки или не.по автоматизам незначи дека ако ти одговара тебе тогаш и не е дискриминирачки, а тоа право важи и за мене.јас се потрудив логички да доловам зошто мислам така без да употребам некој статистики и факти кој умрел и зошто, дали бабами и дедоми пушела и тн.потрудисе и ти без да навлегуваш во банални работи.јас зборам за поводот по кој е донесен законот, а ти ми вртиш за еднаквоста и за норми и обичаи во кои патем и грешиш.не значи и ако државата донесла некои норми дека и тие не се дискриминирачки,а уште помалце дека сме исти пред законот кога ти не пушиш а јас пушам.значи со самото тоа што пушам јас сум обележан.не споредвам со евреите во војната , ама пак и пушењето не беше забарнето со закон до пред малце, а од 1 јануари јас сум граѓанин од втор ред под изговор дека со моето однесување го загрозувам твоето здрваје а законот е донесен токму ради тоа за да се заштити твоето здравје ама не од самиот себе не од било што друго туку стриктно од моето пушење.сега ако тоа не е дискриминиација незнам стварно што е.биди маж и речи дека да законот е дикриминирачки ама мене ми одговара и никој ништо нема да ти преречи на форумот.во најмала рака ако веке сме кај тоа и на белците во јужна африка им одговараја државните норми во врска со црнците ама тоа не значи дека немаше дикриминација или апартхејд.јас многу добро кажав и уште подобро објаснив зошто сметам дека законот не е фер.ти препорачувам уште еднаш обрни внимание на мојот претходен и претпретходен пост пред да одговориш , а ако не можеш не е задолжително да одговориш,можеби некој друг ке даде подобар одговор, можеби и нема одговор или не заслужувам одговор од тебе , ама сепак ако се решиш да одговориш гледај одговорот ако не факти пошто не користев ни јас барем да има некоја каква таква логика оти вака повеке нема смисла исто како и законот
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.960
Те гледам блаботиш цело време, се трудиш и докажваш (сам не знајш шо)...
... да имам многууууу пари некогаш, ќе одам во кафичот кај шо пиеш кафе (и вдишваш чист планински воздух) ќе седнам до тебе и ќе испушам 10 цигари, па ќе си ја платам казната. Вреди.
:)

Општеството ко прават луѓето лекција број еден и нормите се носат со согласност на мнозинството од народот лекција број два која си заборавил да ја научиш.
Љубезно од тебе што ме подсетуваш на лекциите кои сум ги пропуштил...
Мнозинството велиш? Дури ни на анкетава на форумов пушачите не се мнозинството...

Ако не забележа и пушачите и дел од непушачите се против овој бесмислен закон . Ова е исто како да забраниш турбо - фолк музика бидејќи предизвикува глупавост и го контаминира општеството. Па не имаат забрането иако е штетно , ај прекини да дрвиш со некакви ми блујотини демек општеството курац палац океј?!
Непушачите што јас ги знам не се против законов, напротив.
Споредба турбо - фолк музика со последици од пасивно пушење, хмммм....

10 страни те читам теб .
Уффф, а јас со сила те терам?
Иди под Кориснички панел после кликни на Листа за игнорирање, тука додади ме и... завршена работа! :helou:

Ајт у курац и повтори водед во право и социологија а и антропологија малце читни како настанале општествата и законите.
Фала за советот, многу си љубезна.

Пушачите не бараат сите кафичи да бидат пушачки туку да се дозволи пушење во одредени кафичи. Дали тоа ќе биде одредено со прописи или лиценци тоа нека реши власта.
За ова мислиш дека е едноставно затоа што не си размислила за самата имплементација. Касно е а и со тонот и начинот на изразување не заслужуваш ни оволку колку што ти одговорив ама еве ќе се цитирам самиот себе...
Предлагаш релативно конструктивна идеја ама ајде да ја продискутираме подетално.
Кажи како ти би ја направил таа поделба на локалите на пушачки и непушачки? Во кој прцоцент би била поделбата? Да направиме јас и ти една листа, кој од нас кое место си го преферира за себе? Можеби и ќе се договориме некако... ама што ќе кажат други пушачи и непушачи, што нормално ќе преферираат различна поделба? Што ќе кажат и власниците на локалите, на кои сосема сигурно нашиот избор нема да им се допадне... :wink:
Луѓето, освен што се разликуваат по тоа дали се непушачи или пушачи, се разликуваат и по музичките вкусови, по тоа кое место им „лежи„ по тоа кое не им „лежи„...

Разбираш сега зошто законот е донесен во ваква форма каква што е донесен...? :)
сега ванлок извини вака ама ако планираш да објасниш зошто во ред ако не немораш можеби некој друг има нешто попаметно да каже.едно е ако ти одговара тебе а друго е дали е дискриминиралки или не.по автоматизам незначи дека ако ти одговара тебе тогаш и не е дискриминирачки...од 1 јануари јас сум граѓанин од втор ред ...јас многу добро кажав и уште подобро објаснив... барем да има некоја каква таква логика оти вака повеке нема смисла исто како и законот
Владе, ти изгледа не ги разбираш сосема поимите Дискриминација и Граѓанин од втор ред. Ти објаснив погоре што е и едното и другото и зашто тоа никако не може да се однесува на твојот случај (по никаква логика). Се што би напишал сега за законот и твоето толкување на истиот би било повторување на истото. Можеш да се обидеш да го прочиташ тој пост повторно.

Од друга страна ако сакаш да го напишам тоа што ти сакаш да го слушнеш... извини но за тоа не можам да ти удоволам... :smir:
 
Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Абе седнав у кафич и си пијам кафе. Без цигара нормално. Цигарата ја пушев пред кафич а надвор снег. Ми паѓаат снегулки на жарчето. Си реков шо убава зимска идила ова со непушењево еј. Башка стварно....не се пуши. Кафичот празен. Другар ми келнер којшто живее од таа работа го избркаа. И он вика...па добро...супер! Ми се свиѓа законов...да да!
по анти-шмек закон неам видено!
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.960
Откако се донесе законов, значи од први јануар, јас немам стапнато во кафич. Не излегувам бидејќи за мене е незамисливо да излезам на кафе без пепељара до него. Јебига, некој сака Цеца да ја слуша, некој друг Rolling Stones, некој трет сака кафичи кадешто излегуваат млади/стари, а јас сакам пепељара и цигара во неа до макијатото. Не ме интересира што музика пуштаат баш, не ме интересира баш кој се излегува во тој локал, колку што ме интересира она со цигарата и макијатото.
Бидејќи јас во моментов не можам да го имам она што мене ми е crucial, јас не излегувам. Веќе 29 дена немам излезено во кафич, многу веројатно е дека нема да излезам додека законов е во сила. Си најдов други методи (ало спасе дај кафе до кај мене, оди спасе кај мене со кафе, и си палам цигарче со кафето) за привремено решавање на проблемот, ама не е тоа-тоа.

Значи ти (индиректно во муабетов) мене ми ограничуваш излегување. Јас поради тебе (индиректно пак) не излегувам веќе.
Од кај тоа право бе друже? Тоа е слобода, демократија, право на избор?

Das ist nein слобода, што би рекол Хитлер на германо-македонски.
Добро Принц, еве да предпоставиме дека законов нема да се измени... каде се гледаш себе си за година дена? Уште си со Спасе по дома?

Па не ли гледаш дека сам себе се ограничуваш? (директно, не индиректно)
Сам си донел одлука да пушиш тутун а од почетоков на годинава си донел одлука да не излегуваш. Никој со сила ништо не те тера... друже. Законот не те ограничува ниту да не излегуваш ниту да не пушиш, ограничено ти е само правото да им наштетуваш на други. :(

Јас те разбирам дека имаш навика... кафе со цигара. Ама не ги врти работите, правото на избор секако не ти е одземено... не го обвинувај законот за сопствениот избор.
 
P

Princ

Гостин

Не ме прочита. Значи јас НЕ МОЖАМ бе човек да пијам кафе без цигара, ни под разно, ни во болница да сум, не е дека не сакам да излегувам. А не сакам да ги откажам. Мое право, мое задоволство, па макар нека биде и моја зависност. Мое си е тоа. Чевли не сакам да носам, патики уживам. Комоција батка.
И да, законов индиректно, мене ме тера да седам дома. Со друштво се собираме по дома (забрането пушење стап), ама јас не дружам никого во просторија кадешто уз кафе не можам и цигара да си запалам. Надвор не излегувам :)
Океј.
Сите по малку ќе загубиме.
Некои локали кадешто излегував моите пари, јас задоволството да пијам кафе во кафич со цигара. Под претпоставка да остане законов во оваа форма.

Ама не ги врти работите, правото на избор секако не ти е одземено... не го обвинувај законот за сопствениот избор.
Е тука те чекав. Јас немам избор. Уствари изборот ми е да одам на кафе и да не пушам, или да не одам ич.
Избор, дали да влезам во овој кафич во кој е дозволено пушењето,
или во оној другиот, поубавиот, ама со забрането пушење,
немам.

Ти имаш избор дали ќе одиш во кафич во кој се пушта турбофолк или ќе одиш на кафич кај што се пушта ретро.
Тоа е избор.
Да пуштаа сите кафичи турбофолк и да бевме на таква тема, а ти да не мирисаш ич турбофолк (ко јас што не мирисам кафе без цигара), ти ќе речеше: знаете што... јас не излегувам никаде, немам избор.

Смајли :)

Едит: не знам како да ти објаснам поедноставно, а сакам, сакам да ме/не разбереш.
Да речеме зборуваме за маици. Ако ти речам "имаш избор дали да носиш маица или не" дали ќе се согласиш дека имаш избор? Мислам дека не е тоа некојси избор.
Ако ти речам "имаш избор да носиш ваква маица, или ваква, или ваква, можеш и ваква, со кратки ракави, овие се малку подолги..."... е тоа е веќе избор, не?
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
295
Поени од реакции
105
:)

Уффф, а јас со сила те терам?
Иди под Кориснички панел после кликни на Листа за игнорирање, тука додади ме и... завршена работа! :helou:
Види колку лесно било, а зошто мене ми филозофираш со турбо-фолк и остала срања, локалот кај што се пуши-а ти па ИГНОРЕ и... завршена работа! :helou:
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.960
Види колку лесно било, а зошто мене ми филозофираш со турбо-фолк и остала срања, локалот кај што се пуши-а ти па ИГНОРЕ и... завршена работа! :helou:
Сони, ти пак погрешно разбра, никого јас не игнорирам а ти брат ако сакаш повели, нека ти се најде упатството што го напишав... :wink:

Не ме прочита. Значи јас НЕ МОЖАМ бе човек да пијам кафе без цигара, ни под разно, ни во болница да сум, не е дека не сакам да излегувам. А не сакам да ги откажам. Мое право, мое задоволство, па макар нека биде и моја зависност. Мое си е тоа. Чевли не сакам да носам, патики уживам. Комоција батка.
Знам бе бате, за тоа цело време зборам, не се работи за губење на права... се работи за губење комоција!

И да, законов индиректно, мене ме тера да седам дома. Со друштво се собираме по дома (забрането пушење стап), ама јас не дружам никого во просторија кадешто уз кафе не можам и цигара да си запалам. Надвор не излегувам :)
Океј.
Сите по малку ќе загубиме.
Некои локали кадешто излегував моите пари, јас задоволството да пијам кафе во кафич со цигара. Под претпоставка да остане законов во оваа форма.
Јас да ти кажам право, не загубив ништо со законов, баш напротив, го добив тоа што никогаш го немав до сега.
А тебе те разбирам. Проблемот е што законот не те разбира. Само напред со бојкотот, ќе биде инетересно да се види кој ќе издржи повеќе... ти (индиректно во муабетов) или законот. :wink:

Е тука те чекав. Јас немам избор. Уствари изборот ми е да одам на кафе и да не пушам, или да не одам ич.
Избор, дали да влезам во овој кафич во кој е дозволено пушењето,
или во оној другиот, поубавиот, ама со забрането пушење,
немам.

Ти имаш избор дали ќе одиш во кафич во кој се пушта турбофолк или ќе одиш на кафич кај што се пушта ретро.
Тоа е избор.
Да пуштаа сите кафичи турбофолк и да бевме на таква тема, а ти да не мирисаш ич турбофолк (ко јас што не мирисам кафе без цигара), ти ќе речеше: знаете што... јас не излегувам никаде, немам избор.

Смајли :)

Едит: не знам како да ти објаснам поедноставно, а сакам, сакам да ме/не разбереш.
Да речеме зборуваме за маици. Ако ти речам "имаш избор дали да носиш маица или не" дали ќе се согласиш дека имаш избор? Мислам дека не е тоа некојси избор.
Ако ти речам "имаш избор да носиш ваква маица, или ваква, или ваква, можеш и ваква, со кратки ракави, овие се малку подолги..."... е тоа е веќе избор, не?
Јас те/ве разбирам, работата е што не можам да ве оправдам и да се согласам со ставот дека немаш избор.

Разбирам дека примерот со маиците ти е направен за да ја илустрираш мислата, ама овој избор што го наведуваш (без разлика дали е за должината на ракавите или за „апстиненција од маици„) нема многу заедничко со изборот ти што го правиш со пушењето и излегувањето.
Сакам и ти/вие да ме разберете затоа ќе продолжам со твојата аналогија. „Легална замена„ за „маичките„ има во многу форми, има блузи, кошули... а било што да одбереш, вклучително и маички нема никако да влијаеш на здравјето на околината.
Или изборот за ориентацијата на кафичите во кои излегуваме. Сето тоа се избори што сите имаме право да ги правиме. Исто како и изборот дали некој ќе пуши и дали воопшто ќе излегува.
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Знам бе бате, за тоа цело време зборам, не се работи за губење на права... се работи за губење комоција!
.

Изгледа тебе никој ти го нема кажано она.......што си се распиштолил, не се наоѓаш во кафана бе....
.....затоа не ги разбираш овие работи......:helou:
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99
Добро Принц, еве да предпоставиме дека законов нема да се измени... каде се гледаш себе си за година дена? Уште си со Спасе по дома?

Па не ли гледаш дека сам себе се ограничуваш? (директно, не индиректно)
Сам си донел одлука да пушиш тутун а од почетоков на годинава си донел одлука да не излегуваш. Никој со сила ништо не те тера... друже. Законот не те ограничува ниту да не излегуваш ниту да не пушиш, ограничено ти е само правото да им наштетуваш на други. :(

Јас те разбирам дека имаш навика... кафе со цигара. Ама не ги врти работите, правото на избор секако не ти е одземено... не го обвинувај законот за сопствениот избор.
Бреее тресење зелени.... алал да ти е за упорноста дечко...

но ова твоево инсистирање и инатење најмногу личи на лечење на некој комплекс што го имаш набиено од некој пушач или пушачка :), а не на дечко кој брани некој свој став и мислење, со цел да не просветли нас, ооооо непросветлените пушачи... :smir:
 
Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Мене ме интересира само едно нешто. Демек ние сите шо го браниме (на некој начин) ставот на пушачите, та пушачи, та непушачи, не сме во право, а само ти си во право?..
Сум прочитала секакви мислења на темава, ама ти толку си упорен шо ми се чини дека си идниот месија кој, како што рече колегава, си дојден да не` просветлиш.
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708

+ 1000
znam se so milion nepusaci i 90% od niv ne se soglasuvat so ovoj zakon a ovoj Vanlok kako da e portparol na vladata ovde
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
Ова бре тотален хаос, кој јаде, кој пие...кој не плаќа.

Како да не беше доволно тоа што бизнисот ни замре со Законот за заштита од пушење, туку сега и тие гости што доаѓаат ни бегаат без да ни ги платат пијачките - се жалат угостителите.
- Пушачите постојано влегуваат и излегуваат од кафулињата за да запалат цигара, па затоа е многу тешко да се контролираат сите. Во таа мешаница дел од гостите ќе излезат да запалат цигара, а потоа воопшто не се враќаат и не го плаќаат пијалакот. Ова е срамота, настана таков хаос што ние угостителите не можеме самите да го регулираме - вели еден угостител од Прилеп.
...Извор
Се најавува глобално заладување, ние пушачите надрљавме али и фондот за здравство (средства за боледувања, синузити, бронхити, пнеумонии...). Па и за изгубени саати работа, неефективност на работно место...

Ај, го избришав Македонке офтопикот...да не боде очи :)
 
Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Есап дома и на пазар...битно алиштата мирисаат фино :)
:eek:ftopic: си.Не е темата за миризливи и чисти алишта :хехе:
п.с.Lurtz ако не кажеш дека е законот супер ќе те стрелаат тебе, мене....сите оние кои не поддржуваат диктатура и дискриминација.:смајли:
ACHTUNG!!!
Erreichen 24 / 7
Revival in 100 Schritten
Regierung von R.M
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.879
Поени од реакции
23.280
сега јас не сум правник па правно да го образложувам законот, можеби си ти ама тоа незнам.затоа толку просто го разложив за да не дојдат до вакви недоразбирања.
и точно се работи за како си го интерпретираш законот, затоа и сме тука.и јас не се фокусирав на законот што тоа тој точно вели во него туку која му е намената.ниеден закон како таков не е донесен за да казнува сам посебе туку нешто како превентивна и едукативна мерка.не е донесен закон само заради некој да не помине на црвено на семафор па да го казнат туку за да се заштитат пешаците кои преминуваат улица или другите возила од другата страна, што значи законот по принцип не е само да казнува туку да спречи.доттука ме пратиш мислам.
е сега ако целта коренот или намената на овај закон е здравјето на сите граѓани без исклучок тогаш ок не е дикриминирачки.ама како што напоменав во моите претходни постови а и мислам дека и уште подобро објаснав целта на законот не е тоа туку целта е да привилегова одредена група на сметка на друга а притоа не водејки сметка за здравјето општо на сите( ни моето ни твоето ни на никој и со што се труеме ние) тогаш мислам декае јасно за каков закон зборуваме.законот како таков не води сметка за здравјето на сите туку само на некој и со тоа неговата сама основа или корен се лажни и тоа го прави дискриминирачки.значи на законодавачот не му е гајле за здравјето туку сака да дисциплинира или да дискриминира одредена група на сметка на друга , што значи самиот корен на законот здравјето е лага и со тоа го прави овој закон лош.појасно од ова незнам како можам да објаснам, сега и пак ако не свати што ми беше поената тогаш немам коментар стварно.едно е да се инаетиме друго е да збораме конструктивно
 
Kajgana Shop

На врв Bottom