Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 25.721
- Поени од реакции
- 33.960
Јас повеќе пати повторив дека и другите проблеми со животната средина треба да се средат. Но тоа на никој начин не значи ниту може да значи дека и проблемот со пушењето не е проблем и не треба да се „среди„.Добро бе, ако дискутираме за тоа колку дупки има законов и за тоа колку други работи прво треба да се средат, и за тоа колку вие непушачите „се грижите“ за вашето здравје (од цигарите, а се` друго е валкано и гнасно околу вас), тогаш е бегање од темата?
Повикување на други проблеми затоа што е решен проблемот што тебе/вас не ви одговара да биде решен? Ќе чекаме да ги затворат сите фабрики во земјава за да го решиме проблемот со пушењето? Ако тоа не е бегање од темата, тогаш не знам што е...
Анабел си го кажа искрено тоа што го кажа. Доволно искрена беше да каже не ја засегаат последиците.И воопшто не реков, барем не јас, дека ти ни солиш памет. Само прашав дали во нас 20 души кои моментално пишуваме на темава, а неколку од нив се непушачи, дали во нас е проблемот, или е во тебе?
Знаеш, не може 20 души (меѓу кои и луѓе кои не пушат, значи објективно гледаат на законов) да не се во право, и упорно да зборуваат и да докажуваат, а ти еден, да бидеш за се` во право.
Едноставно, така не функционираат работите.
Ако е една личност со која не можеш да излезиш на крај, во ред, ќе се прифати дека не е во право и дека зборува глупости. Ама 20 души ти го зборуваат истото шо Аннабел го кажа (во еден така смирен пост, без нервози), ние сите десет страни наназад ти го зборуваме.
Сите работи кои ги наброив се поврзани со темата. Друга работа е тоа што тебе не ти одговара да дискутираш на тоа и затоа велиш сите да се држиме кон неа.
За разлика од тебе, таа не се повикува на ред „други проблеми што биле полоши„ за да обезбеди алиби за проблемот што го дискутира темава.
Цифрата од 20-те луѓе што ги набројуваш, не е никаков аргумент со оглед на тоа дека од сите нив 2-3ца се обидуваат да дискутираат, останатите се тука да навиваат и најверојатно не ги ни читаат постовите. Ред членови што постираат тука а не се согласуваат со вас или видоа со кого полемизираат (кога почнаа да се прават споредби како на пример со алкохолот и брзата храна колку штетни биле) па си заминаа одтемава... или дел од нив беа банирани кога исфрустрирани од глупавоста на ваквите постови, почнаа да се спуштаат на нивото на постерите на тие постови. (кои инаку гледам уште си постираат вулгарности, препукувања или нерелеванти работи)
Не. Штетноста на димот од цигари не била помалку штетена и пред законов. Разликата е во тоа што сега тоа е законски регулирано, како што е тоа случај и со други штетни работи.Значи по твојот муабет, до досегашното постоење на Македонија пушачите беа во право, и од 1 јануари сега непушачите се во право?
Ќе се повторам. Повикување на други проблеми затоа што е решен проблемот што тебе/вас не ви одговара да биде решен... лош изговор.Би ја сфатила целта на законот во држава каде што се` друго е средено, па ајде дојде време и да се реши проблемот со цигарите.