Реакции на Законот против пушење на јавни места

Дали законот ке влијае врз економијата и слободното право на избор

  • Вкупно гласачи
    714

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Е па не е здраво да се биде и премногу слаб или премногу дебел па нема закон против тоа. Има и други производи, нормално легални, но сепак штетни по здравјето па нема кампањи против нив. На некој од една страна му смета чадот демек као се грижи за неговото здравје а од друга страна континуирано се труја и си го "скратува" животот со ред други работи....
.... и еве да речиме зошто да нема на пример локали каде ќе биде дозволено пушењето, на тие што им смета чадот не мора да излегуваат таму ќе си одат по местата каде не се пуши.

инаку дедо ми има 80 години скоро 70 години е пушач а еве уште нема рак на бели дробови
Колку што знам дебелината не е опасна за другите луѓе освен ако некоја дебела не ти седне во скут...така да неможеш да споредуваш баби со жаби.
Колку што знам ништо лошо нема да им се случи на пушач да одат во барови за непушачи ама тоа не важи и за обратното. :toe:

--- надополнето ---

Пред да им истерате очи на пушачите зошто пушат (не дека ги бранам, ама нивно право си е), запрашајте се што се‘ има во чадот кој не се гледа и не се осеќа додека шетате преку ден низ град.
Од она што јас успеав да го прочитам во статија на интернет, запамтив дека повеќе чад се вдишува со одењето по тротоар (од каде по долговремена изложеност на вакви чадови може да дојде до таложење на тешки метали кои ги има во нивниот состав по органи и делови од органи при што може да дојде до губење на некои основно моторни функции) одошто доколку одите помеѓу автомобилите.
Наспроти сета таа комбинација на издувни гасови во чиј состав има тешки метали и тек-тук некое канцерогено соединение, чадот од цигарите е планински воздух.

Да, и мене ми пречи понекогаш чад од цигари. Ама ми пречи и кога од нешто воведено не се гледаат никакви позитивни последици. Имам кажувано поназад, друштвата се делат по локалите затоа што пола дремат надвор на цигара, пола се внатре. Наместо на димот од цигарите, сега се чувствува мирис на кујна (ако има во локалот нели) или пак не дај Боже некаде мава и мирис од тоалетот ако некој влезе или излезе од таму и среќа зима што е па потта некако помалку се чувствува.

Некако, и после 1 година од законов, не гледам некој посебен позитивен ефект.

п.с.И никако во темава за марата. Имате на други места за неа:)
Уште побесмислено е да се споредува индустрија со самозадоволување со тутун. Од индустирја живеат сите луѓе подобро и подолго а од цигари пократко и помизерно.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Колку што знам дебелината не е опасна за другите луѓе освен ако некоја дебела не ти седне во скут...така да неможеш да споредуваш баби со жаби.
Колку што знам ништо лошо нема да им се случи на пушач да одат во барови за непушачи ама тоа не важи и за обратното. :toe:
Did you miss the point???
Сите на кои им смета чадот се повикуваат на тоа дека на тој начин им е загорчено здравјето а притоа си го нарушуваат со еден друг куп на работи. Нели е тоа малку лицемерно? И јас колку што знам нема ништо лошо да му се случи на непушач ако не оди во локали каде се пуши. Арно ама такви локали нема, барем законски...

Уште побесмислено е да се споредува индустрија со самозадоволување со тутун. Од индустирја живеат сите луѓе подобро и подолго а од цигари пократко и помизерно
Е па благодарение на тутунската индустрија 80% од населението во Прилеп живее подобро.... и јас како непушач најверојатно многу побрзо ќе умрам од срцев удар предизвикан од масти во крвта отколку од вдишувањето на чадот по локаливе
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Е па не е здраво да се биде и премногу слаб или премногу дебел па нема закон против тоа. Има и други производи, нормално легални, но сепак штетни по здравјето па нема кампањи против нив. На некој од една страна му смета чадот демек као се грижи за неговото здравје а од друга страна континуирано се труја и си го "скратува" животот со ред други работи....
.... и еве да речиме зошто да нема на пример локали каде ќе биде дозволено пушењето, на тие што им смета чадот не мора да излегуваат таму ќе си одат по местата каде не се пуши.

инаку дедо ми има 80 години скоро 70 години е пушач а еве уште нема рак на бели дробови
Треба ти да сфатиш дека не се работи само за твоето или здравјето на непушачот кој го изложуваш на ризик и дискомфорт. Едноставно се работи за проста прагматична логика, цигарите биле или не биле штетни создаваат чад кој е недискутабилно дискомфорт за луѓето во блиската околина. Тоа што пушењето беше дозволено не го прави по дифолт основно човеково право, се пушеше и во болници и во канцеларии и насекаде во одредено време во историјата. Меѓутоа ако одиме наназад во историјата се правеа и многу други елементарни биолошки потреби во јавност, како дефекација и уринирање.

Тоа шо ти сакаш да го постигниш хипотетички е еквивалентно на барање за повторно враќање на правото на човекот да моча и да сере каде ќе стигне. Алегорија е не ме сфаќај погрешно, ама фундаменталната поента е таја.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Did you miss the point???
Сите на кои им смета чадот се повикуваат на тоа дека на тој начин им е загорчено здравјето а притоа си го нарушуваат со еден друг куп на работи. Нели е тоа малку лицемерно? И јас колку што знам нема ништо лошо да му се случи на непушач ако не оди во локали каде се пуши. Арно ама такви локали нема, барем законски...
Предметот е цигари. За трева и разни наркотици си има закони. Мислам дека е грешно мислењето да се споредува со други чадови пошто и за другите чадови си има закон и на крај секој си бира суди за себе а не на другиот. Значи некој што го знаеш може да иде на трева или на цигари ама да си ги пуши во пристојно опкружување значи зависно од луѓето или просторијата пример дома никој тоа право не ти го забранува.
Поентата е кој што сака нека прави не е важно дали комшијата пуши цигари или не и тие што им сметале цигари што се некакви зависници битно е да не им наштетуува на другите во јавност а правото останува ти можеш да пушиш дома во кола итн..
И на крај што е со децава што пушат цигари ради друштво и слично па ако си има кампања ќе има и ефекти факт е дека цигариве се опасни и дека дојде време да мрднеме од традиционалните норми пред се ради тоа што не е морално да се пуши а најмалце во јавност.
Ја сваќам дека има луѓе што тераат по 90 години со цигари али пак е тоа генерализација види ги ти статистиките и јасно е. А да не збориме што од цигариве некој профитира и пере мозок веќе 50 години наназад.
 
Ама ти изгледа не ми ги дочитуваш постовите а баш се кратки...
муабетот ми е да има објекти каде ќе можи човек на раат да се труја пошто не ни е на сите дискомфорент чадот и за да не сере и моча на секаде по улица туку да има место каде ќе може да се прибере ко човек
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Did you miss the point???
Сите на кои им смета чадот се повикуваат на тоа дека на тој начин им е загорчено здравјето а притоа си го нарушуваат со еден друг куп на работи. Нели е тоа малку лицемерно? И јас колку што знам нема ништо лошо да му се случи на непушач ако не оди во локали каде се пуши. Арно ама такви локали нема, барем законски...

Е па благодарение на тутунската индустрија 80% од населението во Прилеп живее подобро.... и јас како непушач најверојатно многу побрзо ќе умрам од срцев удар предизвикан од масти во крвта отколку од вдишувањето на чадот по локаливе
1. Гледај во ред ти самиот да си го нарушуваш здравјето но не е во ред на друг човек тоа да му го правиш. Ако е во ред пушење и труење на други луѓе поради личен кејф. Тогаш некој будала може ќе почне да ни става отрови во храната бидејќи тоа му `прави кејф`. Битна е кој го врши дејството само може да се труеш може и да се самоубиеш. Но, друг несмееш да труеш и убиваш тоа се вика убиство и се лежи во затвор колку што знам.
2. Извини ама бесмислен е тој аргумент.
Ако е така може да почнеме производство на било кој наркоти и да речеме дека ако се забрани нејзината употреба е лошо за некој дел на економијата. Истиот аргумент може да се пременува и за полињата со афион во авганистан. На крајот на краиштата може да го извезуваат тутунот немора кај нас да ги продаваат.

Инаку ако толку им е проблем да луѓето немора да го пушат тутунот може да го џвакаат тоа е сосема во ред и може секаде да се прави.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Предметот е цигари. За трева и разни наркотици си има закони. Мислам дека е грешно мислењето да се споредува со други чадови пошто и за другите чадови си има закон и на крај секој си бира суди за себе а не на другиот. Значи некој што го знаеш може да иде на трева или на цигари ама да си ги пуши во пристојно опкружување значи зависно од луѓето или просторијата пример дома никој тоа право не ти го забранува.
Поентата е кој што сака нека прави не е важно дали комшијата пуши цигари или не и тие што им сметале цигари што се некакви зависници битно е да не им наштетуува на другите во јавност а правото останува ти можеш да пушиш дома во кола итн..
И на крај што е со децава што пушат цигари ради друштво и слично па ако си има кампања ќе има и ефекти факт е дека цигариве се опасни и дека дојде време да мрднеме од традиционалните норми пред се ради тоа што не е морално да се пуши а најмалце во јавност.
Ја сваќам дека има луѓе што тераат по 90 години со цигари али пак е тоа генерализација види ги ти статистиките и јасно е. А да не збориме што од цигариве некој профитира и пере мозок веќе 50 години наназад.
не мислев на наркотици мислев на холестерол, цироза итн... итн... искрено многу повеќе ми сметаат пијани отколку чад, ајде да се забрани и алкохолот пошто некои под дејство на алкохол го нарушуваат јавниот ред и мир а и тоа спаѓа во дискомфорт
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Колку што знам `серењето` е физиолошка потреба а пушењето не е потребно. И во оснва е чисто задоволство. По таа логика може некој сака да мастурбира во јавност (додуше поздрава навика) ама не го прави тоа. Ти гарантирам за 50 до 100 години да заплаши цигра во јавност ќе биде страмно исто како и да си го извадиш и почнеш да си го...

Ако си до пијан човек и ти нема да се опијаниш иако му смрди здивот а ако е многу пијан ќе го исфрлат од секој кафич веднаш.
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
Ама ти изгледа не ми ги дочитуваш постовите а баш се кратки...
муабетот ми е да има објекти каде ќе можи човек на раат да се труја пошто не ни е на сите дискомфорент чадот и за да не сере и моча на секаде по улица туку да има место каде ќе може да се прибере ко човек
Така беше на хартија, а во реалност е факт дека по дифолт секое место премина во место за пушачи. Така да ова твое нереално барање за некаква си толеранција и рамноправност од досега насобраното искуство се дискредитира уште од старт. Патем, имаш место ти пак да пушиш, таму каде што не смета на никој.

А да не зборуваме пак за правата на вработените кои работат во тие твои локали за пушачи. Која е логиката да се загрозува нивното здравје за твоите каприциозни потреби да пушиш каде сакаш, зошто тие немаат баш избор дали да бидат во локалот. Па арогантно е и недоблесно да ти смета да излезеш надвор од локалот да ги задоволиш своите себични потреби да пушиш цигара. Јас сум пушач и знам дека е големо задоволство да испушиш цигара со кафе, ама па кога некое говедо некултурно ме труе во дискотека со 5 непрекинати цигари во врат ми иди да му ги изгаснам вочи и да му се помочам за да не остани некој жар случајно.
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Колку што знам `серењето` е физиолошка потреба а пушењето не е потребно. И во оснва е чисто задоволство. По таа логика може некој сака да мастурбира во јавност (додуше поздрава навика) ама не го прави тоа. Ти гарантирам за 50 до 100 години да заплаши цигра во јавност ќе биде страмно исто како и да си го извадиш и почнеш да си го...
Ако си до пијан човек и ти нема да се опијаниш иако му смрди здивот а ако е многу пијан ќе го исфрлат од секој кафич веднаш.
оф топик
колку луѓе настрадале во сообраќајки предизвикани од пијани возачи?
колку жени и деца биле претепани од пијани сопрузи и татковци?
колку луѓе биле претепани пошто на некој пијан му се видело дека го гледале попреку?
колку пијани демолирале јавни објекти?
колку... колку...колку.... има многу...
а колку го направиле истото под дејство на цигара?
Ако чадот е штетен по човекот тогаш алкохолот е штетен по човештвото
 
Синдикат

Мајгада?!
Член од
22 август 2005
Мислења
3.110
Поени од реакции
180
оф топик
колку луѓе настрадале во сообраќајки предизвикани од пијани возачи?
колку жени и деца биле претепани од пијани сопрузи и татковци?
колку луѓе биле претепани пошто на некој пијан му се видело дека го гледале попреку?
колку пијани демолирале јавни објекти?
колку... колку...колку.... има многу...
а колку го направиле истото под дејство на цигара?
Ако чадот е штетен по човекот тогаш алкохолот е штетен по човештвото
Отвори тема за забрана на алкохолот и образложија темата. Апсолутно никако не ти помага аналогијата шо ја прајш за да ја докажиш поентата. Плус проѕирни и многу навредливи по твојата интелегенција ти се констатациите, зошто безброј пати сум бил пијан па никогаш ниту сум помислил да сторам шо и да било од наведените, а апсолутно секој пат кога некој пушел цигара до мене чадот ми сметал.

Без разлика, аналогијата нема никаква врска со темата, апсолутно никаква поврзаност.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
оф топик
колку луѓе настрадале во сообраќајки предизвикани од пијани возачи?
колку жени и деца биле претепани од пијани сопрузи и татковци?
колку луѓе биле претепани пошто на некој пијан му се видело дека го гледале попреку?
колку пијани демолирале јавни објекти?
колку... колку...колку.... има многу...
а колку го направиле истото под дејство на цигара?
Ако чадот е штетен по човекот тогаш алкохолот е штетен по човештвото
Работата е што споредбата не држи... Ако гледаш така колку луѓе се родиле со физички хендикеп? Па?
Убаво се изјаснија на темава пушењето не е морално и само прави беља. Е сега кој како го перцепира. На некој не му штети ама тој не е свесен за другите. После статистиките покажуваат дека во општествово сме не здрава нација првенствено се става знак и на цигари што е факт. Неморал.
После да не збориме за младинава што пуши ради тоа што "сите" пушат и што немаат пари за излагање а за цигари батка секогаш има.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
оф топик
колку луѓе настрадале во сообраќајки предизвикани од пијани возачи?
колку жени и деца биле претепани од пијани сопрузи и татковци?
колку луѓе биле претепани пошто на некој пијан му се видело дека го гледале попреку?
колку пијани демолирале јавни објекти?
колку... колку...колку.... има многу...
а колку го направиле истото под дејство на цигара?
Ако чадот е штетен по човекот тогаш алкохолот е штетен по човештвото
Извини ама пијаните одговараат за тие свои дела ако ги направаат пијанство не е олеснителна околност. А пушачите не одговараат за своите...поради тоа мора да бидат казнети на некој друг начин за тоа што го загрозуваат животот на други луѓе. Извини ама ќе седите надвор на ладно во некои шупи и подруми барем додека пушите. :toe: Правдата е таква. Искрено според мене и не е толку лошо да се оди надвор да се пуши.
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
оф топик
колку луѓе настрадале во сообраќајки предизвикани од пијани возачи?
колку жени и деца биле претепани од пијани сопрузи и татковци?
колку луѓе биле претепани пошто на некој пијан му се видело дека го гледале попреку?
колку пијани демолирале јавни објекти?
колку... колку...колку.... има многу...
а колку го направиле истото под дејство на цигара?
Ако чадот е штетен по човекот тогаш алкохолот е штетен по човештвото
Нормално...одат во кафиќ и локаат алкохол, но им сметал чадот од цигари...или можеби одат во кафиќи,пабови,биртии,клубови,дискотеки за да пијат сокќе од моркови feat. јогурт и кефир...

лицемерие до коска...:tapp:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Абе сите генерализирате што подразбираш под алхохол -пиво? Не споредувај глупи работи алхохол со цигари па и мало дете праи разлика
 
Kajgana Shop

На врв Bottom