Раѓање деца на постари години

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.480
Поени од реакции
10.386
Кој кога сака нека прај деца и раѓа, не разбирам шо се крева толку фама околу темава.
Затоа што сме проклет народ, ете затоа. Воошто не размислуваат колку тоа нивно оговарање може да го здоболи некој до срж, во срце, во душа како да му се забива нож....Не рсзмислуваат дека со тоа алапачење можат нечија среќа и радост да уништат.
За срамота сме.
Јадни луѓе...колку само беа пресреќни што Бог им подарил дете после толку големи маки и труд, а сега се срамат душички на улица да излезат, оти знаат дека луѓето ги огивараат, дека се свесни оти никој нема да верува дека се они мајка и татко, оти знаат дека нивното дете ке го зафркаваат во школо затоа што ке има стари родители.....
Абе доста гледате туѓи животи, берете си го своето гајле!!!
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.696
Поени од реакции
34.214
Посвојувањето во македонија не оди баш така како на филмовите.
Челични нерви ти требаат за да посвоиш и ако успееш, што за мене е многу чудно со оглед колку се полни домовите за деца без родители.
Hi SweetGirl*,

Не знам како се преведува condescending (од филмовите го слушнав), претпоставувам навредливо, надмено - но токму така може да се протолкува твоето обраќање до мене. Постот што го цитираш a и ти се допаднал ја брани доцната бременост + обработува доста комплексни агли на што е морално, правилно, од права до обрвски како семејни така и општествени, легални, медицински… низ призмата на модерното време доста вешто и искрено ако ме прашуваш мене, па многу тука би биле дефанзивни ако на тоа некој им отвори како што ти отвори “не е како на филм” како да е само напишано “што не посвоиле” и ништо друго. Требало челични нерви за посвојување велиш како да е голема мојата претпоставка дека би ги имале ако толку декади време потрошиле на тоа, и пари, и нервози, и надеж, до толку што ризикувале и родиле на 60+. Твојот наивен пристап истовремено се исмева и со моето големо разбирање од филмската уметност и го прави x2 outta pocket. Црешата на шлагот е што се чудиш и ме прашуваш зошто се полни домовите и процедурата бара челични нерви е одговорено зошто така мислам во самиот пост што го цитираш:
Посвојувањето И треба да е ригорозно, која е поентата ако тоа сираче е посвоено и додека е дете постои голема шанса пак стане сираче? Идејата е државата да му даде општа заштита како редовна храна, едукација, здравје до полнолетност освен ако не се појават кандидати што истото може да го понудат во комбинација со родителска љубов и грижа, но ако првите критериуми не се задоволени родителска љубов од џанаци или двајца на смртна постела иликакоидае, колку и да постои и е вистинска, не треба да биде доволна за посвојување.
Освен ако не пробувале паралелно и да посвојат, сеуште кај мене постои сомневањето на фиксација да е “нивно” ако толку многу сакале дете а не пробале да посвојат сиве овие години до шанса за воопшто никогаш и да не одгледат едно. Пак, не е голема претпоставка, погледнете околу вас и ќе видете колку луѓе така размислуваат, да биле нивни гени како да се кралеви и нема да можат да им ги наследат кралствата и замоците, нивните гени а се високи по 1.60 и ќелави, со еден куп предиспозиции за болести, скоро неплодни како случајот итн.

На @A__, @Ingvar и на @JBTgirl им се допаднал твојот пост за како не било посвојувањето како на филм и барало челични нерви, може слободно да ми објаснат подетално ако мислат ти нешто си испуштила.

Целиот пост за контекст:
Хм.

Размислувам.

Очигледно со примерот од темата може да се има здрава и успешна бременост на 61, па ако сме ставиле “malce bezvezе” граница на која алудираш пример 60, тогаш би ја лишеле женава од можност за дете бидејќи е 61, што не седи добро со мене бидејќи е оплодена, советувана, следена и породена од доктори и стручни лица. Како и со абортусот, верувам во избор па не би се дрзнел лично да кажам некоја не смее да раѓа ако бременоста не е ризична, и е одобрена и следена од докторски тим и специјалисти. Тогаш да, ако е така нека раѓа и на 100, не се осеќам “malce bezveze” околу тоа ако модерната медицина тоа го нуди како услуга и ја игнорираме општествената одговорност за момент. Значи, не би го регулирал тоа со фиксна годинишна граница како што прашуваш дали на 60 или 100 туку би го сведел на докторска евалуација која ќе диктира дали некоја ќе износи дете до раѓање. Затоа постојат повеќе фази во бременоста каде се следи и мајката и плодот и ако има компликации се реагира соодветно. Затоа и бременоста од 40 натаму се води различно, поради ризикот. Околу посвојувањето не знаев, но постоење на законска регулатива за неможност после 45+, на лист, е сосема фер. Посвојувањето И треба да е ригорозно, која е поентата ако тоа сираче е посвоено и додека е дете постои голема шанса пак стане сираче? Идејата е државата да му даде општа заштита како редовна храна, едукација, здравје до полнолетност освен ако не се појават кандидати што истото може да го понудат во комбинација со родителска љубов и грижа, но ако првите критериуми не се задоволени родителска љубов од џанаци или двајца на смртна постела иликакоидае, колку и да постои и е вистинска, не треба да биде доволна за посвојување. Ете ти ги регулативите, границите што ги бараш за дали некоја да раѓа или посвојува на 61.

Околу општествената одговорност дали да раѓала на 60, што со детето ако умрат родителите, иронијата е во самите зборови. Живееш во општество, плаќаш даноци и градиш интерперсонални врски. Ако дете е напуштено или останало сираче - општеството ја има одговорноста да не го остави тоа дете да го изедат кучињата преку државни инструменти како домови, старатели, цркви па до поинтимни решенија како што се кумства или како што дал да се роди така да даде и да порасне - господ, повеќепати споменуваниот. Инструменти кои треба да му обезбедат сигурна иднина, здравје, храна, едукација додека не се осамостои и си оформи своја фамилија. Што-ако не е доволно да лишиме нечии права и слободи да раѓат, бидејќи на темава видовме примери од луѓе што живеале уште 40 ако роделе на 60 до мајки од 20-30 кои починале или ги оставиле децата. Јас сум себичен и верувам секој треба да си го поживее животот КАКО САКА, аналогно ако некоја сака да абортира на 18 или да раѓа на 60 секогаш ќе биде нејзин избор во кој јас или ти не треба да имаме удел, туку медицински лица кои го имаат нејзиното здравје прво како приоритет и да го имаат авторитетот да забранат carrytotern присилно со помош на државата ако нејзиното здравје е сериозно загрозено. Ете ти одговор на другото прашање.

Јас да прашам, после толку години пробување зошто мислите не посвоиле? Како гледате на тоа? Не можам да ги задушам мисливе, малце ми заличува на фиксација само поради тоа. Иначе дa, да. Thoughts and prayers. Фала до бога за дарот. Сите тие работи. Но, на толкава голема непружена родителска љубов 30 години, ќе дочекале веќе и внуци ако посвоиле и смениле нечиј живот толку убаво но никогаш нема да дознаеме зошто. Whatever. Мразам сериозни постови каде не се карам со некој.

Vlado, bog da ti ja pozivee gluposta.
Valda i ti ke iskoristis pokraj toa. :toe:
Та.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
747
Поени од реакции
2.141
На @A__, @Ingvar и на @JBTgirl им се допаднал твојот пост за како не било посвојувањето како на филм и барало челични нерви, може слободно да ми објаснат подетално ако мислат ти нешто си испуштила.
Ваистину сум лајкнала.

Имав комшика кога бев мала, заглавена во тие процедури и додека се одобри, Божја волја, по годиништа остана трудна. Исто така знам најмалку 4 пара во сличен лавиринт. Е сега видов и друг со исто мислење и лајкнав. Сепак, збориме за период од пред 20 и кусур години ако си во системот и нештата се смениле, трипати ура. Но, тогаш знам кога и да се спомнеше посвојување лавиринти и невозможни мисии спомнуваа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
1.179
Имам блиска другарка што сака дете а не сака да ризикува да се мажи со дечко од Мк затоа што мисли дека ќе ја земи само за Амерички пасош. Сестра на жена ми имаше деца на 40 и 42 години, тоа го направи преку зачувување на јајце клетки од кога беше 36 години. Сега има 2 дечиња што се одлични.

Јас мислам дека феминизмот ја греши работата. Треба феминизмот да вика жените да имаат деца на рани години па да бркаат кариера на постари години.

Децата се најголема важност за иднината. Јас сакам сите Македонци да имаат по 3-5 деца и да имаме поголема моќ во сите случаи и да земиме поголем дел од Балканот.

Тоа е, треба да се внимава, имаат некои и чесни и искрени намери а некои се и подли личности со неискрени намери.
Никогаш не е доцна за брак / деца ама со вистинска особа, а форсирање по секоја цена ради реда или поради тоа што и другите од друштвото / околината имале бракови / деца е лош и нерационален потег. После каење ама доцна е.
Подобро не два пати, туку двеста пати да мериме и тогаш да пресечеме отколку да се форсираат нештата по секоја цена.
Јас сум со Македонски и Српски пасош, јас да внимавам некоја да не сака од интерес со мене брак за да добие Српски документи? :)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.191
Поени од реакции
12.080
На @A__, @Ingvar и на @JBTgirl им се допаднал твојот пост за како не било посвојувањето како на филм и барало челични нерви, може слободно да ми објаснат подетално ако мислат ти нешто си испуштила.
Не знам зошто би требало додатно да се објаснува, во земја каде до пред неколку месеци не можевме со месеци да добиеме лични документи, се фаќаа врски да се сликаш за пасош, тебе ти е чудно што посвојување на дете во Македонија е само уште еден огромен административен лавиринт, за кој многу малку е направено да се подобри чисто бидејќи нема ни премногу деца за посвојување и релативно мал интерес од родители кои можат да влезат во таа шема за да посвојат легално дете.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.696
Поени од реакции
34.214
Не знам зошто би требало додатно да се објаснува, во земја каде до пред неколку месеци не можевме со месеци да добиеме лични документи, се фаќаа врски да се сликаш за пасош, тебе ти е чудно што посвојување на дете во Македонија е само уште еден огромен административен лавиринт, за кој многу малку е направено да се подобри чисто бидејќи нема ни премногу деца за посвојување и релативно мал интерес од родители кои можат да влезат во таа шема за да посвојат легално дете.
Па повеќе беше сарказам бидејќи мојот пост тоа го имаше веќе предвид. Баш малиот интерес го акцентирам и дека административниот лавиринт не е особено потежок од декадни медицински обиди што финансиски и емоционално исцрпуваат, дури би се дрзнал да напишам дека и повеќе.

Алудираш ли на нешто со “легално”? Кои се илегалните начини за еден просечен пар? Дали мислиш на мито за убрзување процедура? Не мислам дека тоа би надминало медицинските моменти низ кои поминале овој пар.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.191
Поени од реакции
12.080
Па повеќе беше сарказам бидејќи мојот пост тоа го имаше веќе предвид. Баш малиот интерес го акцентирам и дека административниот лавиринт не е особено потежок од декадни медицински обиди што финансиски и емоционално исцрпуваат, дури би се дрзнал да напишам дека и повеќе.

Алудираш ли на нешто со “легално”? Кои се илегалните начини за еден просечен пар? Дали мислиш на мито за убрзување процедура? Не мислам дека тоа би надминало медицинските моменти низ кои поминале овој пар.
Овој пар од старт не можел да посвои после 45 година старост како што е предвидено нели во нашиот законик, така што немале друг избор освен да одат на вештачко оплодување.

Мислам дека премногу влегуваме во детаљи и судење на луѓе за кои немаме претстава низ што поминале сите овие години во нивната истрајност и желба да се остварат како родители, едно чисто „браво мајко„ беше сосема доволно а не да разглабаме како можеле и што требале да направат.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.426
Поени од реакции
4.340
Не знам зошто би требало додатно да се објаснува, во земја каде до пред неколку месеци не можевме со месеци да добиеме лични документи, се фаќаа врски да се сликаш за пасош, тебе ти е чудно што посвојување на дете во Македонија е само уште еден огромен административен лавиринт, за кој многу малку е направено да се подобри чисто бидејќи нема ни премногу деца за посвојување и релативно мал интерес од родители кои можат да влезат во таа шема за да посвојат легално дете.
Не сум нешто упатен во состојбите со посвојувањето, но од она што имам правено муабет со луѓе кои се упатени во таа работа, мислам дека процедурите за посвојување и не се така административно замрсени но проблемот е во тоа што има многу малку новороденчиња а има многу кандидати кои сакаат да посвојат па тоа резултира со листи на чекање по кои и може би никогаш нема да дојдеш на ред. Имало голем број на деца за посвојување но поголеми, а сите сакале новороденчиња....Незнам зошто им е толку битно да биде новороденче, дете е дете, ако сакаш да го одгледаш и да му пружиш љубов и грижа нека биде и поголемо... Имам другар кој е посвоен на негови 7-8 години, се сеќавам кога дојде како нов ученик во одделението, бевме прво или второ. Супер родители кои го одгледаа со неизмерна љубов и од него создадоа прекрасен човек кој сега се грижи за нив...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom