Раѓање деца на постари години

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.665
Поени од реакции
8.096
61-годишна жена по над 30 години битка за сопствен пород, стана мајка - се роди Петар и им донесе радост

Без потклекнување на стереотипите, предрасудите и пристисоците од страна на општеството по десет ин витро интервенции, десет абортуси-брачна двојка од Скопје по речиси четири децении им се исполни сонот за прв пат.

Мајката херој на 61 годишна возраст на свет го донесе Петар. Таа е највозрасната прворотка во државата. Денеска и мајката и бебето се во добра општа состојба.

„Оваа пациентка е прва која е останата со сопствена јајце клетка, којашто била замрзната, којашто добила ин витро третман во нашата држава. Целата бременост и била следена во нашата држава и раѓањето е завршено на УК за Гинекологија и акушерство. Кај пациентката направивме царски рез во 36та гестациска недела и истата роди плод Петар.“ - Ирена Алексиоска Папестиев директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Директорката на клиниката вели дека се' поминало во најдобар ред. Мајката херој имала богато гинеколошко и акушерско минато.

„Пациентката претходно имала три интервенции, од коишто две се направини во Беглград, а една на нашата институција. Во тек на бременоста, којашто била контролирана имала висок притисок и шеќерна болест, но остатокот од бременоста била уредна. Дојде со малку покачен притисок, но истиот кога го стабилизиравме, одлучивме пациентката да ја завршиме со царски рез.“ - Ирена Алексиоска Папестиев директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.

Во одредени држави постои возрасна граница до кога можат да се употребуваат асистирани репрудуктивни техники, но во нашата како и во други држави не постои таква граница. Од минатиот месец на ГАК повторно е започнато со ин витро третманите.

Според податоците, во регионот највозрасна прворотка е Љубица од Србија која родила на 62 години, но со донирана јајце клетка и трансфер извршен во Чешка и 61 годишната Афифа од Србија која по три неуспешни ин витро интервенции од четвртата останала бремена. Што се однесува за највозрасната прворотка во останатите држави во светот се издвојува случајот со 62 годишната пациентка во Шпанија и 76 годишна во Индија.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.968
Поени од реакции
5.831
Да дополнам дека благодарение на замрзнатите јајце клетки кои ги сочувала на 24 годишна возраст и кои ги искористиле за да ја оплодат успеала да остане бремена и да роди здраво машко дете.
 
Се тоа ок, оваа вест ме потикна на друго

Дали на 62 и 65 години е добро што имаат тогаш син/ќерка?

Детето кога ќе порасне некаде 11 години мајкава и татково ќе се на уште постари години. Мислам на растење дете со родители во поодминати години колку има мани и дали има воопшто некој предности.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.048
Поени од реакции
11.163
Се тоа ок, оваа вест ме потикна на друго

Дали на 62 и 65 години е добро што имаат тогаш син/ќерка?

Детето кога ќе порасне некаде 11 години мајкава и татково ќе се на уште постари години. Мислам на растење дете со родители во поодминати години колку има мани и дали има воопшто некој предности.
Доволно е родител да биде посветен и да пружа безусловна љубов без разлика на која возраст
 
Член од
12 август 2024
Мислења
185
Поени од реакции
458
Се тоа ок, оваа вест ме потикна на друго

Дали на 62 и 65 години е добро што имаат тогаш син/ќерка?

Детето кога ќе порасне некаде 11 години мајкава и татково ќе се на уште постари години. Мислам на растење дете со родители во поодминати години колку има мани и дали има воопшто некој предности.
После 37 години обидување конечно им успеало. Со таа желба и упорност тоа бебе ќе му се посвети многу внимание и љубов. Не си свесен колку има млади луѓе што пробуваат со разни инвитро и што уште не и сеуште неможат и разочарувањето што го имат.
Да си имаат долг живот за да си уживаат во родителството и ќе бидат подобри родители од големиот број модерни инстаграм мајки и татковци што повеќе се во кафани и кафичи.

Најголем проблем ќе е предрасудите од околината па тек годините. Само здравје да ги служи и да го исчуваат додека порасне.
 
Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.844
Поени од реакции
6.595
Се тоа ок, оваа вест ме потикна на друго

Дали на 62 и 65 години е добро што имаат тогаш син/ќерка?

Детето кога ќе порасне некаде 11 години мајкава и татково ќе се на уште постари години. Мислам на растење дете со родители во поодминати години колку има мани и дали има воопшто некој предности.
Од една страна за 10 години детето сеуште ќе биде дете а родителите може и да ги нема, више над 70 секоја година лото е. Детево може само да остане, па ако нема кој да го земе у дом ќе заврши.

А од друга страна па детево уопште не би имало живот да не биле овие толку упорни.

Се сведува на тежок живот vs неживот, ваљда повеќето би избрале тежок живот. :toe:
 
Во ред е само ако е мајката во ваква физичка состојба:):
Автоматски споено мислење:

Од една страна за 10 години детето сеуште ќе биде дете а родителите може и да ги нема, више над 70 секоја година лото е. Детево може само да остане, па ако нема кој да го земе у дом ќе заврши.

А од друга страна па детево уопште не би имало живот да не биле овие толку упорни.

Се сведува на тежок живот vs неживот, ваљда повеќето би избрале тежок живот. :toe:
Во ред е само доколку родителите имаат многу помалку биолошки години од календарските.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.955
Поени од реакции
12.376
Се тоа ок, оваа вест ме потикна на друго

Дали на 62 и 65 години е добро што имаат тогаш син/ќерка?

Детето кога ќе порасне некаде 11 години мајкава и татково ќе се на уште постари години. Мислам на растење дете со родители во поодминати години колку има мани и дали има воопшто некој предности.
Дете бе дај најди си девојка и легни нешто, се лепиш како мува за измет на секоја вест која ќе ја најдеш на Интернет.

Животот не е компјутерот, а светот не е Интернетот.

Земи легни нешто за да не правиш деца после 60-та година.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.899
Поени од реакции
11.222
Ја највеќе се восхитувам што луѓево после толку неуспешни обиди уопште останале заедно, не се десил моментот оваа/овој е неплоден па ќе си барам друг партнер. Нека им трае оваа среќа што е можно подолго само, а ако дотуркаат до 80+ години не гледам некој посебен проблем за иднината на детето, барем едниот родител да е читав е доволно.
 
Член од
22 август 2022
Мислења
552
Поени од реакции
1.792
Имаше овде случај пред едно 2 години. Бројка точно не се сеќавам, меѓу доцни 50ти и рани 60ти. Вика женава се породила, во моментот постарата ќерка не можеле да ја добијат, па ѝ ја довеле 12 годишната внука да ја причува новородената тетка.
Ја гледам појавава доста често меѓу Курди и Персијци, една колешка сликана со дете у раце ставила опис со тетка ми .

Ако е сѐ во ред со родителите, ако си имаат цели поставени и план некој на дејствување без никој да е обесправен, зошто да не.
Ние по правило, треба да останеме способни за раѓање многу подолго одошто е денешницава случај, но начинот на живот си го прави своето. Баш гледав документарец за едно племе во изолација што живее, жените се плодни до 60ти.

Немам некое мислење, немам ни право да имам, но подобро тоа од трендовиве на рана менопауза.

Светски рекорд држи некоја Романка Rumen Adriana İliescu којашто се породила на 66 години. Првично биле близнаци, но едното дете не преживеало. Пензионирана професорка по историја и автор на книги за деца. Можда нема да си го види детето како расте, но за тоа па и не постои некоја гаранција кога ќе ти дојде време.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
456
Поени од реакции
1.280
Абе се ок.Ама секое дете заслужува мајка и татко а овие се баба и дедо.Не е фер спрема детето.На 60+ години почнуваат разни здравствени проблеми кој ќе се грижи за детето?Мислам едно е разноразни романтики,се е тоа илузија.Реалноста е многу посурова.
 
За ова си многу во право.
Ама има и уште еден момент.
Нема никој закон што ќе ти одреди колку ќе живееш.
Не постои гаранција дека мајка од 25 години нема да ја задеси нешто на 37, 8 или дека мајка на 40 години нема да надмине 80ка.
Овие се екстремни случаи и свесно прифаќаат дека нема да можат да бидат покрај децата кога им се најпотребни.
Но, ако е детето по други прашања колку толку обезбедено, има поддршка од роднини, пошироко семејство и слично, одлуките да се остави потомство нѐ одржиле до сега.
 
Некој со 25 години има многу поголеми шанси да живее подолго, од некој на 60,така?Ево дали би оправдала раѓање на деца на 70?Со едната нога во гроб,а ќе гледа деца?Па во старт тоа дете е осудено на тешкиотии.Јас сум родител и знам низ какви тешкотии поминува родителот.Вируси,градинки мобилни телефони,кај можи некој 60 годишен сето тоа да го издржи?Па по апотекиве нон стоп гледам многу стари љуге кои излегуваат со преполни најлони со лекови.Ова мене ми е многу саможивно.Одлучиле по секоја цена да имаат дете и шо после?
 
Член од
6 ноември 2024
Мислења
113
Поени од реакции
215
Бог нека ги земе моите години и да им подари ним среќа и здравје и радост.
Петар, ти си сонцето на мајка и татко па и голем фраер си на кајгана :cool:
Да растеш опколен со љубов о ти лудо бебе!
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.713
Поени од реакции
49.073
Почнаа тртомудите да опрааваат. Деца во многу неповолни услови се раѓале од имање на стари родители.
Господ рекол дека детево треба да се роди. Нека си се живи и здрави тројцата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom