61-годишна жена по над 30 години битка за сопствен пород, стана мајка - се роди Петар и им донесе радост
Без потклекнување на стереотипите, предрасудите и пристисоците од страна на општеството по десет ин витро интервенции, десет абортуси-брачна двојка од Скопје по речиси четири децении им се исполни сонот за прв пат.
Мајката херој на 61 годишна возраст на свет го донесе Петар. Таа е највозрасната прворотка во државата. Денеска и мајката и бебето се во добра општа состојба.
„Оваа пациентка е прва која е останата со сопствена јајце клетка, којашто била замрзната, којашто добила ин витро третман во нашата држава. Целата бременост и била следена во нашата држава и раѓањето е завршено на УК за Гинекологија и акушерство. Кај пациентката направивме царски рез во 36та гестациска недела и истата роди плод Петар.“ - Ирена Алексиоска Папестиев директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Директорката на клиниката вели дека се' поминало во најдобар ред. Мајката херој имала богато гинеколошко и акушерско минато.
„Пациентката претходно имала три интервенции, од коишто две се направини во Беглград, а една на нашата институција. Во тек на бременоста, којашто била контролирана имала висок притисок и шеќерна болест, но остатокот од бременоста била уредна. Дојде со малку покачен притисок, но истиот кога го стабилизиравме, одлучивме пациентката да ја завршиме со царски рез.“ - Ирена Алексиоска Папестиев директорка на Клиниката за гинекологија и акушерство.
Во одредени држави постои возрасна граница до кога можат да се употребуваат асистирани репрудуктивни техники, но во нашата како и во други држави не постои таква граница. Од минатиот месец на ГАК повторно е започнато со ин витро третманите.
Според податоците, во регионот највозрасна прворотка е Љубица од Србија која родила на 62 години, но со донирана јајце клетка и трансфер извршен во Чешка и 61 годишната Афифа од Србија која по три неуспешни ин витро интервенции од четвртата останала бремена. Што се однесува за највозрасната прворотка во останатите држави во светот се издвојува случајот со 62 годишната пациентка во Шпанија и 76 годишна во Индија.