Од кои не сум задоволен( и зборам генерално)
Matrix. Се расипа навојот по две три користења на дремелот, си купив дремел.
Extol. Полошо нема.
Somafix. Солидно изгредано рачно ренде, ама е не исцентрирано. Не ни може.
Max puls. Купив битови, се осеќа ефтиното. Лесно се загреваат битовите за дрво. Добри ако не може да најдете големини иначе не.
Tonsform. Врв на ефтино, неисцентрирани мерни уреди, катастрофа.
Black and decker. Купив шлафјерица, чии чичак не го бива пет пари. Мораше цел пед да го заменам. Иначе сега е ОК.
Iskra...дно.
Алати и брендови во кој имам неутрален став или глатко позитивен.
Макита. Купив мала фреза, прегреа, пуф, мораше да ја прават. А џоа беше направена за поголеми битови.
Битовите од друга страна, за фреза и бормашина топ квалитет. Дури и задоволен сум од дискот за брусење.
Алатите се ригидни, ама не се наменети за брутална работа.
Stanley. Имам ствари , солидни се, ама мислам дека го немаат тој квалитет од времето.
Wolfcraft. Мешана торба. Нешто е супер, нешто е тапа, нешто е силно нешто е лабаво. Супер за стеги, за справи за чивии, итн. Држачот за бормашина што се подесува малце лабав. Шмирглите солидини. Пилата јапанка одлична.
Ignco(и во екстензија тотал). Нека викат за ефтинаријата, добиваш баш тоа што плаќаш за парите.
Tonsform. Ригидни, ама ништо исклучително во перформансот.
Алати кои ги фалам.
Bahco. Ако треба да сечеш нешто, тие се на кои што треба да им се обратиш. Голем дел од пилите мои се нивни. Сечат дрво како путер. Сум добил пофалби и за штрафцигерите.
Bosch. Перформаснот не е екстра, ама затоа може да истрпат бајги злоупотребување. И тоа мислам бајги.
Gross. За чудо, no name кинсеки бренд, од кој го имам најоштрото длето. Impact -битовите им се убави исто така, боље него на Bosch.
Crown. Купив голема фреза, уште по брутално од таа макитата ја користев. Единсвена топлина беше на самиот бит и на дршките. Моторот ладен .