Рачни алати за домашна употреба

  • Креатор на темата Креатор на темата Kadaif
  • Време на започнување Време на започнување

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.441
Поени од реакции
9.411
Нормално е дома да има по некој рачен алат по дома, дали е тоа клешта, штрафцигер, клуч за штраф итн.

Од кои бренд сте задоволни и какво е вашето искуство?
 
Ingco алатите се одлични за парите иако кинески, проверено не еднаш туку пет пати.

Инаку Makita и Milwaukee се одлични, но скапи. Сепак еднаш купуваш, за домашна употреба ќе те надживее.

Од клучеви Snap On се врв...се друго е послабо дури и Униор и слични.
 
со алатите најчесто е колку ќе платиш толку ќе клатиш, како добар сооднос цена квалитет може да се земат алатите на праксис ги има по лидл а бидејќи сега е сезона на годишни одмори и шеткања ако те носи ппатот накај грција-србија можеш да си земеш од таму пр. врање ти е блиску исто и солун.
 
Ingco алатите се одлични за парите иако кинески, проверено не еднаш туку пет пати.

Инаку Makita и Milwaukee се одлични, но скапи. Сепак еднаш купуваш, за домашна употреба ќе те надживее.

Од клучеви Snap On се врв...се друго е послабо дури и Униор и слични.
Макита се за електрични алати добри, додека за рачни алати не сум сигурен. Милвоки се ептен изгор скапи и мислам дека се врв.

Мада денес речиси се е Made in China, во подобар случај Чешка, Индонезија, Тајван. Цената често не одговара со квалитетот. Оние од Lidl Parkside се многу ефтини и не се лоши ама се далеку од квалитетот на Unior (кои засега сеуште се Made in Slovenia)

Тие ingco држат цена ко европските производители.
 
Unior е врвот на прикаската,а ingco дното
 
Стар.користен алат од бувљак му е мајката.
 
Каде да најдам штрафцигер за овој штраф?
0545dc0f2fd33c606f363f0cce6d69b8.jpg

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Од кои не сум задоволен( и зборам генерално)
Matrix. Се расипа навојот по две три користења на дремелот, си купив дремел.
Extol. Полошо нема.
Somafix. Солидно изгредано рачно ренде, ама е не исцентрирано. Не ни може.
Max puls. Купив битови, се осеќа ефтиното. Лесно се загреваат битовите за дрво. Добри ако не може да најдете големини иначе не.
Tonsform. Врв на ефтино, неисцентрирани мерни уреди, катастрофа.
Black and decker. Купив шлафјерица, чии чичак не го бива пет пари. Мораше цел пед да го заменам. Иначе сега е ОК.
Iskra...дно.
Алати и брендови во кој имам неутрален став или глатко позитивен.
Макита. Купив мала фреза, прегреа, пуф, мораше да ја прават. А џоа беше направена за поголеми битови.
Битовите од друга страна, за фреза и бормашина топ квалитет. Дури и задоволен сум од дискот за брусење.
Алатите се ригидни, ама не се наменети за брутална работа.
Stanley. Имам ствари , солидни се, ама мислам дека го немаат тој квалитет од времето.
Wolfcraft. Мешана торба. Нешто е супер, нешто е тапа, нешто е силно нешто е лабаво. Супер за стеги, за справи за чивии, итн. Држачот за бормашина што се подесува малце лабав. Шмирглите солидини. Пилата јапанка одлична.
Ignco(и во екстензија тотал). Нека викат за ефтинаријата, добиваш баш тоа што плаќаш за парите.
Tonsform. Ригидни, ама ништо исклучително во перформансот.
Алати кои ги фалам.
Bahco. Ако треба да сечеш нешто, тие се на кои што треба да им се обратиш. Голем дел од пилите мои се нивни. Сечат дрво како путер. Сум добил пофалби и за штрафцигерите.
Bosch. Перформаснот не е екстра, ама затоа може да истрпат бајги злоупотребување. И тоа мислам бајги.
Gross. За чудо, no name кинсеки бренд, од кој го имам најоштрото длето. Impact -битовите им се убави исто така, боље него на Bosch.
Crown. Купив голема фреза, уште по брутално од таа макитата ја користев. Единсвена топлина беше на самиот бит и на дршките. Моторот ладен .
 
Никој не знае?

Постои ли некаков алат за оваа завртка ???

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
Не знам дали се саркастичен или сериозен. Тоа е најобичен рамен штраф, штосот е во дебелината на провезот. Поголемиот дел китови со битови за штрафови имаат повеќе дебелини и широчини(2-6)
Автоматски споено мислење:

Или во евентуалија да дупчиш со оптичка илузија, шпицангли, а не штрафцигер.
 
Значи не е обичен штраф. Тој до него е обичен. Овој не е вдлабнат за да влезе штрафцигерот туку е испакнат.
Со шпицангли пробав, тесно е не влегуваат.

Sent from my SM-A405FN using Tapatalk
 
Сакаш да кажиш дека полукруговите од штрафот се на вратре наместо нанадвор? тоа баш од сликава не се гледа ич... инаку ако не најдеш тогаш земи стар обичен прав штрафцигер или бит и со лист од бонсек пресечи го по средина неколку милиметри да добиеш нешто како вилушка со два краја.
 
Милвоки се ептен изгор скапи и мислам дека се врв.
Подобро две три алатки или машинки да имаш од Milwaukee отколку некои десет неквалитетни. Инаку после Милвоки би ги издвоил Макита и Бош.
 
Подобро две три алатки или машинки да имаш од Milwaukee отколку некои десет неквалитетни. Инаку после Милвоки би ги издвоил Макита и Бош.
За бош не сум сигурен дека се добри, на амазон имаат лоши коментари
 
Тогаш Stanley и TECCPO ги ставам на врв со Милвоки за малку поефтини се.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom