Рамна Земја?

Член од
26 декември 2008
Мислења
608
Поени од реакции
236
Го пишува тоа во светото писмо, тоа се нефили, ангели кои му откажале послушност на Бог. Енох ги опишува дека дошле од 5-то небо. Од нивниот ген потекнуваат џиновите на земјата од пред потопот. Значи тие не дошле од некоја друга планета, туку од друга димензија. Над нас има седум нивоа, а најгоре е Господ Бог.

Eве ти ги кои се тие Богови, тоа се демоните.

Престолот на Бог е над третото небо поставен, тоа е Библиски, нема 7 неба.
Демоните се во поднебесните места, второто небо.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.271
Се повикуваш на Стариот Завет попут секој добар протестант, што би рекол братот @MIKI1 .

Дури и повеќе од тоа: откако на луѓето им беше; даден Новиот Завет, претходниот Закон не станал само нешто застарено. Тој станал, благо кажано, пречка. И тоа токму благо кажано. А апостол Павле директно кажал што станал претходниот, јудејски Закон. Толку дирекно што преведувачите до ден денешен не можат да се одлучат да ја преведат буквално оваа негова изјава: Пазете се од кучињата, пазете се од лошите работници, пазете се од лажното обрезување...од родот Израилев, од Венијаминовото колено, Евреин од Евреите, по закон фарисеј(...) според правдата на Законот - непорочен, Но тоа што беше за мене придобивка, поради Христа Го сметав за штета. Затоа сметам дека и се друго е штета спрема преважното познавање на Исуса Христа, мојот Господ, поради Кого се одреков од се, и се сметам за отпад, само да Го придобијам Христа (Фил. 3, 2-8). „Отпад" во последната реченица во грчкиот оргинал е „Скивала" (σκυβαλον) т.е. strectus во најстариот латински превод. Отворете ги речниците и погледајте го значењето на овие зборови. Тоа е ѓубре, измет, фекалии.

Уште порано апостол Павле претхристијанските религиски правилници (дури не паганските, туку сопствените, еврејските, старозаветните!) ги нарекол „залудност". Залудност на грчки е ζυμια: загуба, штета. Од оваа „штета" апостол Павле се одрекол. Глаголот кој го употребил - εζιμιωθην, значи дека тој од оваа „штета" не само што се одрекол, туку и дека од неа побегнал, како од нешто крајно опасно.
Значи, јудаизмот повеќе не е само „залудност", т.е. непотребно губење на сила, туку и штета и уште повеќе -измет. Но, ако Павле така зборува за старозаветниот закон, тогаш уште повеќе таков е односот на апостолското христијанство кон паганството. Колку и да било потенцијално свето пред Христа, сега тоа е „отпад и штета".

ѓакон Андреј Кураев - ИМА ЛИ СПАСЕНИЕ НАДВОР ОД ЦРКВАТА?
Oстај павле тој се и сешто има кажвано, прв еретик во историјата на христијанството беше баш павле а има и доста идикации али и докази дека Павле делуваше како уфрлен агент од страна на Рим со цел да го разбие и измени оригиналното христијанство
Еве на пример шо вели на друго место Павле

22. Тогаш Павле застана среде ареопагот и рече: „Луѓе атињани, по сè гледам дека сте побожни.
23. Зашто, кога минував и ги разгледував светилиштата ваши, најдов и жртвеник, на кој беше напишано: »На непознатиот Бог.« За Него, пак, Кого вие не Го знаете, а Кого Го почитувате, за Него јас ви проповедам.

На Павле ич не му смета побожноста на Атињаните нивната верба во пагански богови, е сега во античките храмови се наоѓаше и жртвеник насловен НА НЕПОЗНАТИТЕ БОГОВИ (не на непознат бог како шо пиши во заветот (тоа е потврдено и историски и археолошки) и на тој жртвеник се принесуваа жртви на богови кои не му беа познати на атињаните или на богови кои тие не ги знаеа...
На павле ич не му пречи Исус да го постави на тој жртвеник рамо до рамо со останати пагански богови и да речи дека Исус е еден од тие непознати на Атињани богови
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Абе не ви е срам 205 страни се расправате а појма немате. И Зоте лаже и НАСА лаже. Земјата е тристрана рамнокрака пирамида. Бујрум докажете дека не е.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
и што испадна сега, земјата е рамна или не? или се зависи под кој агол ја гледаш?
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.094
Поени од реакции
15.955
треба овде сега да разврзиме дискусија дека као сме се убедиле дека земјата е рамна ете и јас као нешо почнувам да се сомневам дека можеби навистина е така па да го намамиме пак назат
Нема он шо да се враќа он својата работа си ја заврши понуди над иљада аргументи кои идат у прилог дека Земјата е рамна а вие само се подјебававте со него и неговите аргументи и пишувавте работи без никаква логика. Ева дури и сега кога он не е повеќе меѓу нас вие пак не можете да му ги спорите доказите а тек кога он беше тука.

Темава може да оди кључ.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Нема он шо да се враќа он својата работа си ја заврши понуди над иљада аргументи кои идат у прилог дека Земјата е рамна а вие само се подјебававте со него и неговите аргументи и пишувавте работи без никаква логика. Ева дури и сега кога он не е повеќе меѓу нас вие пак не можете да му ги спорите доказите а тек кога он беше тука.

Темава може да оди кључ.
Say-Wut.png
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.710
Поени од реакции
6.855
Нема он шо да се враќа он својата работа си ја заврши понуди над иљада аргументи кои идат у прилог дека Земјата е рамна а вие само се подјебававте со него и неговите аргументи и пишувавте работи без никаква логика. Ева дури и сега кога он не е повеќе меѓу нас вие пак не можете да му ги спорите доказите а тек кога он беше тука.

Темава може да оди кључ.
Па шо не го замениш ти?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
НАСА и понатаму бесрамно ги троши народните милијарди долари, во обид да се девалвира теоријата за рамна Земја. Наводно откриле нешто, надвор од фирмаментот.
Научниците ја открија најголемата структура во Вселената

Зборовите големо, огромно или џиновско ни одблизу не можат да го опишат она што астрономите го открија во Вселената. Се работи за т.н. BOSS Голем ѕид, супер галаксија, која има радиус од милијарди светлосни години, што значи дека претставува најголема структура забележана до сега.

Скратеницата BOSS доаѓа од името Baryon Oscillation Spectroscopic Survey, меѓународен проект во кој би требало да се мапираат галаксии и квазари. Ѕидот се состои од 830 галаксии распоредени во четири супер-јата, поврзани со огромни количини врел гас. Структурата потсетува на саќе.

-На пошироки размери, Вселената потсетува на космичка мрежа на материи, на која овие ѕидови се најсилни јазли, изјави истражувачот Џошуа Сокол.

BOSS е 10.000 пати поголем од Млечниот пат и за 2/3 поголем од претходниот голем ѕид, Sloun, откриен во 2003 година.

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719

Од она што го добив како тајни податоци од здружението на Рамна Земја се работи за едноставни детали во структурата на фирмаментот. Никакви илјадници галаксии, ниту слични масонски лаги нема.

Тоа се потврдува и од името кое НАСА самата го дала, Голем ѕид.. Зарем фирмаментот не е всушност голем своден ѕид?! Уклучете логика, не ви треба наука. Само логика.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom