Да поедноставиме:
1. Прво, водата, која го прекривала целото копно, била одвоена од копното па Земјава добива две површини: земјана и водена.
2. Второ, дел од споменатата вода е поставен над Земјава, во облик од воден слој, држен над Земјава со „сводот„. „Сводот„ (тоа бил или сила или материјална препрека), држејќи ја водата над Земјава, овозможувал рамномерна клима по целава Земја, без постоење на годишни времиња и без постоење на дожд, снег, мраз и сл. Растенијата примале вода преку влагата од водухот од таквата атмосфера.
3.Трето, кога Бог го пушта Потопот, врз Земјава пуштени се две води; водата над Земјава, држена од „сводот“ и водата под Земјава (веројатно и во облик од подземни потоци од вода и во облик од водена пареа, која се кондензирала), која избивала на Земјава, заедно со наслаги од земјана почва.
„Сводот„ е пробиен и денес не постои па оттаму имаме и различни клими и различни годишни времиња по Земјава...