Лисабонка 2
Со „рамката“ за изнаоѓање решение за разликата со името која ни ја „сроти“ Нимиц во Њујорк, а особено контекстот кога тоа го направи и она што не' чека допрва пред влезот во НАТО - нас, драги мои, периодот ни е како по т.н. лисабонска декларација на Европската Унија 92!
Треба да ги присобереме „остатоците“ од нашата дипломатска позиција расфрлани по подот во Њујорк и да си одиме дома. „Цупкарало“ се смее а види камери, бидејќи никогаш и не знаел ништо друго да прави, но сега со набиена метла малку изгледа поисправено.
Нас не ни останува многу драги мои, туку да ги присобереме искуствата и анализите за тоа што ни следи во блиска иднина и да ги концентрираме сите сили на едно место во пресрет на луњата што следи.
Позицијата во „рамката“ на Нимиц, наспроти нашите толкувања на деловите во неа што се добри или за кои може да се разговара - всушност во своето средиште е удар за нас! Таа во основната позиција за која е наменета (разлика за името кое Грција ја има за нас) е поставена со барање да го смениме нашето име за меѓународна употреба. Што и да се другите делови, тие се небитни и се „мамка на г..... дамка“. Нашата позиција за меѓународна употреба на уставното име е нападната сега и од посредникот Нимиц.
Кои се потесните причини за тоа сега е неважно.
Позицијата треба да ја анализираме без лажни сентименти и тоа е суштествено за нашите следни чекори. Тие мора да бидат резолутни и да не оставаат надеж дека таа позиција на Нимиц може да помине со зголемување на притисокот врз нас. Затоа оваа ситуација личи на онаа по Лисабон 1992!
Мора да знаеме дека има „бел ден“ и по ова! Но мора да се издржи притисокот, еуфоријата на Грците и да се спротистави со соодветно резолутни политички дејства.
Нормално, првично „рамката“ на Нимиц треба да се отфрли без остаток, без дефиниција на прифатливи или разговорливи делови од претседателот на Републиката и од премиерот.
Потоа треба да се оди на декларација во парламентот (како за Лисабон) со која отфрлањето ќе добие на дефинитивност. Тоа е битно во овој момент кога се обидуваа да не скршат преку посредникот кој не дава „нов предлог“, туку рамка за сите идни нови предлози. Таа позиција е менување на нашето уставното име за меѓународна употреба.
Во таа дебата за декларацијата (која мора да биде
со големо мнозинство и без двоумење поддржана од сите партии),
треба политичките првенци јасно да го отворат прашањето и да бараат поддршка од нас за можните компликации за приемот во НАТО, кога и ако се опстои на позицијата за името.
За тоа мора да се разговара и без страв да се побара мандат и постигне единство за такви можни уцени пред влезот во НАТО. Секако треба да се направи се' да се оневозможат компликациите, но и тие треба да се анализираат како можни и да се оценат и вреднуваат (ако стане џа или бу). Тоа е добро и од тактички причини да се намали грчката позиција на пропаганден притисок (изјавата на министерката за надворешни Бакојани: Скопје треба да избере меѓу дестабилизација или НАТО ???).
Со таква позиција ние странците ќе ги поставиме пред дилемата дали со можните компликации за статусот на Косово ќе ризикуваат со ароганцијата на Грција да ги имаат и прашалниците за стабилизацијата на Македонија во регионот. Заканата на Бакојани треба да ја превртиме наопаку кон одговорноста на Грција за таквиот расплет во регионот. За тоа треба нерви, такт и издржливост.
Но, не смееме сега да почнеме со кобни препукувања и судири внатре. Не смее тоа да ни се случи бидејќи за тоа нема да има оправдување! Она што една генерација политичари го разреши успешно по Лисабон 92, мора оваа да го финализира сега.
Секако ова треба да се дебатира без особени изливи на емоции.
Ова е политичка борба и ние мора да ја добиеме. Треба да го поминеме последниот тест дали името и идентитетот ни значат толку многу колку што говориме и што се' за нив можеме да жртвуваме.
Сега и овде : ... е Родос и овде и сега се скока...
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=1C6D84FA264F5E41AD6ED1AD38619DB3
Znachi:
1. Javno otfrlanje na sranjeto na Nimic (
koe ne e "nov predlog" tuku ramka za site idni predlozi!).
2. Deklaracija vo Sobranieto od site politichki partii deka nema otstapuvanje od imeto Makedonja vo nieden sluchaj.
3. Baranje mandat od narodot preku taa Deklaracija za da se prifatat situacii koi ne ni odgovaraat (odbivaje od vlez vo NATO). So ova kje se namali pritisokot na atinskite cigani (NATO iloi nishto).
4. Da se prefrli rabotata na strancite okolu prashanjeto na destabilizacija na regionot koga Kosovo treba da dobie nezavisnost zaradi atinskite hirovi.