Барселона ја оправда улогата на апсолутен фаворит во мечот за Суперкупот на Шпанија и го освои својот 17-ти трофеј во ова натпреварување, трет едноподруго. Совладана е екипата на Гранолерс, со резултат 32:28 (11:13). Гранолерс ја намачи Барселона, а на одмор, по првото полувреме, замина и со два гола предност, но немаше сили за комплетна сензација.
Сигурдсон, со 8 гола, и Лазаров, Рутенка и Томас, со по 6 гола, беа најдобри кај Барселона, додека кај екипата на Гранолерс најмногу покажаа Грундстен и Алваро Руиз, стрелци на по седум гола.
Барселона – Гранолерс 32:28 (11:13)