- Член од
- 31 јануари 2014
- Мислења
- 397
- Поени од реакции
- 1.156
Се надевам дека битолчани ќе ја искористат единствената реална шанса за бодови следната недела со Загреб за да не остане запаметено дека последното учество во ЛШ за подолг период на екипа од Македонија завршило со „марс“.
ЕХФ веќе неколку години развива шема ЛШ да ја направи своевиден пандан на УЛЕБ евролигата, друштво за богати, преку намалување на прагот за дифолтно учество и давање на вајлд карти преку широки, докрај недефинирани критериуми и секако со нивно дискреционо право. Динамо Букурешт го осети тоа оваа сезона. Може ние да мислиме дека нашиот шампион (кој и да биде) има конкурентен тим, јак спонзор, публика која ќе полни сала и слично, ама тоа во очите на ЕХФ нема да биде баш така. На Вардар после сите процеси заради преварите на Самсоненко ќе му треба време да го врати кредибилитетот, независно колку играчки би бил конкурентен. Еурофарм се покажа недораснат и со овој состав, прашање е дали може значително да се засили кога е несигурно учеството во ЛШ. Дополнителен минус за нив се далечината од аеродром (чартер до Охрид не е опција за сите екипи кои гостуваат) и немањето полна сала на домашни натпревари после неколку порази, а салата по капацитет е една од најмалите во ЛШ. За Алкалоид не вреди да се анализира на форумов, а не па во ЕХФ барем уште 5-6 години. Да ги спомнеме скандалот и суспензијата/повторниот процес на Начевски, континуираниот пад на репрезентацијата. Колку и да ни изгледаат на нас овие работи неповрзани или неважни сепак за луѓето кои одлучуваат во ЕХФ и спонзорите кои се повеќе се прашуваат за изгледот на ЛШ имаат поинакво значење.