Веспрем повторно си ја врати титулата во Унгарија, после 2 титили на Пик сегед.
Сегед водеше во финалето, ама Веспрем го згази во реваншот на домашен терен, а денес ја доби и мајсторката во Сегедин.
Мајсторкава со не многу квалитетен ракомет, но со големи пресврти.
Веспрем водеше во прва половина на прво полувреме, па им се деси Мирко Алиловоќ ака Омер од Шверцери. Се разбрани старото, го однесе Пик Сегед на 16-12 во првите минути од второ полувреме.
И тука Веспрем додаде гас и ги реши. Цупара го замени Коралес и скина некој шут, а на спротивна страна прво Лауге, па Ваилупау, па Ел Дера го избушија домаќините. Овој Ваилупау каков гол му даде на Мирко, од мртва позиција, со криви очи му шутна од 9 метри и му даде гол до статива. Решавачки гол по мене. Ел Дера животиња, не задржлив, ги избуши на крај.
Пастор проба се', ротираше, играше сп 7 на 6, ама џабе кога во одбрана не одбранија нити еден напад.
Замислете, Пик Сегед немаше нити едно исклучување на натпреварот. Просто недозволиво. Не се сеќавам на прво полувреме многу, ама во второ ниту една екипа не шутна пенал. Веспрем имаше 4 исклучувања во првиот дел, во второ 0.