Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.706
Поени од реакции
5.679
Не е Кукуловски прв играч што така отишол во странство и демек фатил форма, многу играчи до сега го поминале истото, тоа е затоа што не сме свесни за реалниот квалитет на нашава лига и често луѓето што не се многу упатени мислат дека ситуацијата во ракометот е иста како во фудбалот.
Посебно некои играчи што ќе отидат во Шпанска Асобал лига испаѓа дека многу напредуваат, со години за Дарко Димитриевски се зборуваше дека треба да биде повикуван само поради тоа што игра во странство, без разлика што клубовите беа на рамниште на РК Аеродром, Дарио Петровски што во втората екипа на Пелистер не можеше место да фати отиде во Шпанија и почна да игра, Костески постариот се мотка по клубови во Австрија и Чешка и редовно си наоѓа некои послаби екипи за пациенти да ги наполни со десетина гола, а реалниот квалитет сите му го знаеме, последно сега и Димитар Димитриоски потпиша за некој клуб од Шпанија и му се случи истото, во наше првенство со години не покажа ништо посебно, редовно добиваше и повици за младинска репрезентација, чист просек.
Додатно е тоа што и нашите медиуми немаат подобра работа па често си прават бомбастични наслови и ги величат играчите што играат во странство, од 5 натпревари на еден ќе постигнат 4-5 гола и одма наслов МАКЕДОНСКИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ВО ОДЛИЧНА ФОРМА, коментарите под објавата со тврдења дека немал врски затоа не го викале, а тоа што на останатите натпревари имал мизерна минутажа од некои 10 минути нема врска, за тие натпревари никој ни слушнал ни видел.

Главно македонските играчите што одат во странство е само да си направат некоја екскурзија и може да земат некој денар плус, моментално на прсти од една рака може да ги изброиме нашите играчи што квалитативно се над нивото на домашното првенство.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.901
Поени од реакции
7.309
Kiro skroz zabega koj se be ovie deca od alkaloid a najdobriot nivni golmanot galevski e rezerva bog da cuva


Sent from my SM-S901B using Tapatalk
 
Член од
19 април 2023
Мислења
149
Поени од реакции
161
Галевски пред Кизич би го зел одма.
Не претерувајте. Може детето е квалитетно,но сепак мора да стекне искуство и да се докаже во клубот ама како прв голман. Подолема дилема повикувањето наОмерагиќ и омилениот Ѓорѓиев.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.811
Поени од реакции
8.982
Не претерувајте. Може детето е квалитетно,но сепак мора да стекне искуство и да се докаже во клубот ама како прв голман. Подолема дилема повикувањето наОмерагиќ и омилениот Ѓорѓиев.
Пошо нели Кизич се докажа у двата клуба како прв голман и затоа е земен у репрезентација. Едноставно има потенцијал дечкото, и кога веќе крпиме репрезентација до некои полуиграчи како Ѓоргиев, не гледам зашто не би го зел Галевски.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.706
Поени од реакции
5.679
За мене списокот е без некои изненадувања, горе-доле играчите се тие, кој и да беше селектор ќе ги земеше истите 13-14 играчи, максимум 2-3 промени да има и тоа ќе бидат играчите што ниту ќе имаат некоја сериозна минутажа и улога, ниту ако бидат заменети со други ќе има некоја драстична промена во играта, квалитетот е тој, можеби единствено повикот на Омерагиќ малку ме изненади, сепак до некаде и го разбирам Кире, поради катастрофалната одбрана што ја имавме на претходните првенства мора да се бара некое ново дете за во одбрана, макар тоа бил и уште еден играч од Алкалоид, колку е спремен и зрел Едвин да му се даде ваква шанса ќе покаже времето.

Единствен играч што нема добиено шанса до сега, а мислам дека дефинитивно ја заслужил е Михаил Аларов, во Вардар две сезони по ред игра сосема солидно за минутажата што ја добива, има доста висок процент на реализација, плус е играч што игра подеднакво добро во два правци, за системот што се обидува Кире да го наметне одлично би му легнал еден таков профил на играч.
Требаше да добие повик макар и да се користеше само како дефанзивец, одлично се познава со останатите играчи што ќе играат одбрана, со Лазаревски(кој најверојатно ќе биде прв пикер) во Вардар ја носат цела одбрана, на халфови ќе бидат Талески и Јагуриновски или Фитиљот и Велковски, со првите двајца соработувал во Вардар, а со вторите заедно играше во младниски репрезентации, за разлика од него Омерагиќ никогаш не играл претходно со останатите, освен оваа сезона со Велковски, плус е далеку помлад, затоа мислам дека Аларов ќе беше многу подобра опција.
Уште кога ќе видам дека и Никола Маркоски му го зема местото.:sramezliv:
Човекот после распадот на Металург не игра озбилен ракомет, кариерата постојано му оди во надолна линија, за репрезентација последните 5-6 години нема изиграно една добра партија, физички не е спремен за вакво ниво на ракомет, на големите натпреварувања дури делува смешно колку е спор во споредба со играчите што треба да ги чува, мислам дека уште кошмари има од Стеинс и Симонет, лани од патики го вадеа.
На него ништо не му замерувам, самиот има изјавено дека има проблеми со кичмата и поради тоа не може да даде максимум, не е крив што цело време добива повици да игра, едноставно помага колку што може, некако кога го гледам имам чувство дека и на него му е смачено веќе да игра.

Групата ни е пеколно тешка, само научна фанстастика е дека може да одиме понатаму, без разлика на тешките противници мислам дека ова првенство ќе биде во знакот на Митев и Лазаревски, предвидувам нивен блесок.:kafence:
 
Последно уредено:

and

Член од
21 октомври 2016
Мислења
42
Поени од реакции
108
Горе-доле тој е составот. Ниеден играч кој заслужува минутажа не е изоставен.
Едино може Омерагиќ е изненадување ама во ситуаија кога немаме сигурен дефанзивец тој е изборот. Мишевски доби шанса во неколку наврати, не ја искорсти. Друг на листата нема.
Марковки време е да се повлече, нема веќе што да понуди. Како трет пикер, кој и дали ќе биде во список за некој натвревар, сепак би одел со Стојковиќ. После Пешевски тој и Лазаревски ќе треба да ја ностат позицијата. Да се изделка во одбрана и би имале топ пар на пикер. Двајцата пргави во одбрана, а за напад различен тип.
За Галевски е многу рано. Имаме голмани нема поптреба од форсирање.
Крилата се тие, нема што да се коментира.
За бековите, фан сум на Павле ама ја плаќа цената за неиграње во Пелистер. Да имаше некоја минутажа во ЛШ веднаш би го земал пред Ѓорѓиев и Џонов. Посебно што во одбрана е звер. Ако до крај на сезона не добие посериозна шанса треба да мења клуб.
Со Талевски/Кузмановски - Митев/Џонов/Ѓорѓиев - Јагуриновски/Велковски конечно имаме две постави исти по квалитет, ќе може да се држи темпо.
Е сега, ради искуство и одбрана веројатно прва постава ќе биде Талевски - Кузмановски - Јагуриновски, па ќе одмаратт по 10мин, еден по еден. Али тоа е на Кире да одлучи. Се надевам само дека нема да експериментира со Савревски.
Со оглед дека е невозможно да се помине групата, ќе мора 100% да оди на Швајцарија па да се надеваме да налетаме на Чешка :) за разигрување.
Се согласувам со shweps, очекувам добри партии од Митев и Лазаревски.
И конечно добри вести од РФМ, се крати прва лига на 12 екипи.

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.537
Поени од реакции
3.736
Аларов е класичен Куковски тип на играч во одбрана, без многу интелигенција, игра само на сурова сила. На ниво на кое се играат првенствата три исклучувања не му бегаат секоја утакмица. Не за џабе до 25 години остана во Пролет. За напад, иако накачи 5-6 кила мускулна маса откако е дојден во Вардар сепак мислам дека не е дволно силен за да се носи со дефанзивците со кои би се соочил на првенство.
Стојковиќ е единствената грешка на Кире според мене. Не дека е многу поквалитетен од Марковски ама како што спомна некој и поназад мачно е да се гледа како Никола го вадат од патики брзите бекови кога игра во одбрана. Плус Марко е далеку помлад и му требаат настапи за да билда искуство. Јас би го земал дури и пред Пешевски. Секоја чест за играта во напад на Жарко ама ако се сметаме за сериозна репрезентација он треба да биде последниот пикер што не игра одбрана кој се нашол на список за првенство. За среќа тука имаме силен избор за во иднина со Лазаревски, Стојковиќ, Карасманакис и Ристевски.
Серафимов е изоставен заради играта во одбрана претпоставувам. Не дека Савревски би добил минутажа поред Јагуриновки и Велковски ама на Кире очигледно повеќе му треба човек што би можел да покрие и во одбрана отколку Мартин кој може да игра само во напад.
Јас очекувам првиот тим да ни е Атанасијевиќ-Талески-Митев-Велковски/Јагуриновски-Ненад К.-Лазаревски. Со овој тим нема потреба да правиме замена за во одбрана затоа што Атанасијевиќ може да ја покрие позади таа позиција 2ка/5ка, а Лазаревски и Талески би ги покриле централните места и така би ги спречиле противниците да ни играат брз напад на почеток, нешто што ни претставувало најголем проблем во минатото. После тоа може да се прават разни комбинаторики.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: and

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.014
Поени од реакции
7.730
do koga ke barame igrac defanzivec samo sho igra odbrana tepac, rakometna prevara i koga ednas ke ja nema pokje ta kategorija defanzivec ko ke se objavuva sostav?! haha
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.901
Поени од реакции
7.309
Бранче и тука е на клупа со Раде сега останува уште со Киро да биди во Германија и комплет да биди сликата а имаме добри деца освен голманот белистојановски дели ако играат во клубојте има шанси за напредок ако седат на клупа ништо не бива но убо да се гледа кај шо победуваат
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
Бранче и тука е на клупа со Раде сега останува уште со Киро да биди во Германија и комплет да биди сликата а имаме добри деца освен голманот белистојановски дели ако играат во клубојте има шанси за напредок ако седат на клупа ништо не бива но убо да се гледа кај шо победуваат
Најмногу играат тие од Пролет и Мулти Есенс во суперлига, исклучок на Тодор Узунчев кој последа година грее клупа во Мулти Есенс а на секој собир е во младинска реп за сметка на Дарин Омерагиќ кој шо пак е еден од најдобрите играчи (ако не и најдобар) на Мулти Есенс во суперлига, а не е повикан ниту еднаш во реп.
Битно е шо имаме материјал од овие деца за некоја година да ги видиме во сениори.
На следен собир најавен е тој средниот бек од Кил у23 шо игра Бобан Петров, ќе видиме шо материјал е.
Денеска искина Димитар Узунчев десниот бек, има ракомет во детево но со тој физикус тешко во сениори, го има истиот проблем шо го има Серафимов.
Можеби паметно ќе е да се натурализира Петровиќ од Пелистер десниот дури е време, и Начевски го кажа истово, иако познавајќи го Лазаров тешко деќа ќе биде тоа, но и тој спомна самиот натурализација, па еве добар играч на позиција каде што сме најслаби.
 
Последно уредено:

and

Член од
21 октомври 2016
Мислења
42
Поени од реакции
108
do koga ke barame igrac defanzivec samo sho igra odbrana tepac, rakometna prevara i koga ednas ke ja nema pokje ta kategorija defanzivec ko ke se objavuva sostav?! haha
Секој нормален тим/репрезентација има таков играч. Превара е тоа што го пишуваат како пикер, лев бек...
Баш е потребно да имаш специјалист дефанзивец, ко што имаш пикер, крило, бек.
Нашиот проблем порано беше што моравме да имаме двајца такви.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom