Јас немам никакви очекувања резултатски. Франција и Германија нема потреба ни да ги спомнувам, но дури и со Швајцарија ќе биде претешко.
Имаат дури
девет играчи кои играат Бундеслига, од кои двајца се играчи на Магдебург (мислам дека нема потреба да зборувам на кое ниво е Магдебург последниве неколку години). Шмид и на 40 години е играчиште, моментално е најбољи стрелец во европската лига со 60 голови на 6 меча. На финалниот список на мое големо изненадување го прешкртаа Ноам Леополд (лево крило) кој е втор најбољи стрелец во европската лига со 53 голови на 7 меча. На негово место ги повикаа Зендер и Лиер од Лемго и Кадетен. Замислете ние да ги имавме двата најдобри стрелци во второто по ранг европско натпреварување во репка.
Шанси постојат, меѓутоа не смее да има никакво разочарување ако завршиме со 3 порази од 3 одиграни мечеви. Нашата моментална реалност е таа.