Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.244
Поени од реакции
8.316
Ќе искочи некој маж пред првенството да даде информација кои се целите и да знаеме по што треба да ги оценуваме?
Или пошто е Кире селектор ќе продолжиме да игнорираме се од резултатски аспект?
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Утакмицата не ја гледавме, туку чисто од тоа што новинарите кажуваа како се одвива утакмицата. Резултатски е океј, две утакмици без пораз. Кога сме играле таму никогаш не било убедливо за нас. Последната утакмица со Кире, Борко, Деки и Столе во тимот ја изгубивме и тоа со Раул на клупата. И онаа со Обрван за баражот климаво ја играа до крај, па само со 2 разлика ги тепавме таму. Така да океј е ова со грчки судии плус. Она што не е океј, е тоа што ете Ѓорѓиев и натаму добива кредити да игра централен бек. На првата утакмица со Џонов во напад сме воделе +5 на моменти во прво, па и 3-4 разлика. Второ веројатно со другиот па се стопила предноста. Мора да игра Марко Митев. Детето докажа против Турција како треба! Никола Марковски ми е како испукана каписла веќе, тука ете може Аларов да игра или Стојковиќ. Другото е тоа (и Павле секако, само да го играат во клубот). Замерка имам најмногу за Ѓорѓиев и Марковски. Другото е тоа.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
3.798
Поени од реакции
8.926
Утакмицата не ја гледавме, туку чисто од тоа што новинарите кажуваа како се одвива утакмицата. Резултатски е океј, две утакмици без пораз. Кога сме играле таму никогаш не било убедливо за нас. Последната утакмица со Кире, Борко, Деки и Столе во тимот ја изгубивме и тоа со Раул на клупата. И онаа со Обрван за баражот климаво ја играа до крај, па само со 2 разлика ги тепавме таму. Така да океј е ова со грчки судии плус. Она што не е океј, е тоа што ете Ѓорѓиев и натаму добива кредити да игра централен бек. На првата утакмица со Џонов во напад сме воделе +5 на моменти во прво, па и 3-4 разлика. Второ веројатно со другиот па се стопила предноста. Мора да игра Марко Митев. Детето докажа против Турција како треба! Никола Марковски ми е како испукана каписла веќе, тука ете може Аларов да игра или Стојковиќ. Другото е тоа (и Павле секако, само да го играат во клубот). Замерка имам најмногу за Ѓорѓиев и Марковски. Другото е тоа.
Лазаревски мора да биде бетониран како стартен пикер, а после другиве да влегуваат да го одморат. Страшен е сезонава у Вардар.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.744
Поени од реакции
2.667
Дали добил шанса на натпреварите против Грција? Гледам во статистиката нема ниту една реализација на двете средби.
Имајќи ја во предвид формата во Вардар, малку чудно што се нема запишано во листата на стрелци.
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.578
Поени од реакции
5.480
На евро ако завршиме како трето пласирани во група, се оди во следна фаза каде што се играат уште неколку натпревари, или тоа беше за светско само?
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.915
Поени од реакции
1.767
Член од
26 октомври 2018
Мислења
16
Поени од реакции
5
Последно уредено:
Член од
19 февруари 2011
Мислења
484
Поени од реакции
502
Idat prvite 3, so toa sto se pravat 2 grupi so po 6 reprezentacii, 3-ti objektivno se borat od 9 do 12to mesto, Iskreno se nadevam 9-10 mesto, sto mnogu ke znaci za nasite klubovi vo evropskite natprevaruvanja.
Да во 2 круг се 12 екипи, само што во прв круг има 6 групи по 4 екипи. Затоа и само првите 2 одат натаму нели 6х2=12
 
Член од
19 март 2013
Мислења
2.177
Поени од реакции
2.654
Ќе изгубиме по 15 разлика од Франција и Германија , со Швајцарија ќе биде тегнење за нерешено или некоја тесна победа од макс 1 разлика што значи дека би требало да биде боље од претходното ЕП и да бидеме бар 16 - 18 место .
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Во контекст на репрезентацијата враќањето на ФитилО во Еурофарм е позитивен момент. Јасно е дека му треба минутажа на силни натпревари, а тоа ќе го има во ЛШ. Се надевам дека слично како Тале и тој ќе има успешен рестарт на кариерата.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.705
Поени од реакции
5.674
За Митев имам пишано дека ќе биде лидер на репрезентацијата наредните 10-15 години, едноставно детето има капацитет да преземе одговорност, воопшто нема страв, цело време напаѓа зона, пробива, игра опуштено и може да истрпи многу ќутек, од време на Мојсо и Жути не сме имале таков играч и што е најбитно разбира ракомет, има некоја природна интелегенција за спорт и знае кај да се постави во даден момент, нешто што не се учи на тренинг, а најчесто е голем проблем кај нашите играчи.

Голема предност му е што медиумите не го креваат во облаци како што беше случај со Талески и Кузмановски, а реално Митев е подобар и далеку по зрел играч од нив двајца на тие години.

На 20 години Фитиљот беше кренат во небеса и споредуван со Карабатиќ дека постигнал еден гол против Омејер, на Европското во Полска 2016та година, нашите новинари ни правеа приказни дека веќе го бараат Киелце и РНЛ. :sramezliv:
Талески кога постигна 13 гола против Елверум го направивме новиот Филип Јиха, секаде ѕвонеа наслови од типот: македонскиот бомбардер, новиот Кире Лазаров, иднината на Македонскиот ракомет, сите телевизии се потепаа да снимат интервју со него, да му земат изјава, буквално имаше статус на ѕвезда. Таа сезона остана на една-две добри партии, останатите утакмици имаше по 2-3 гола просек, зимото следеше трансферот во РНЛ и со тоа ставање црн печат на кариерата, секако трансферот по порталите беше проследен со низа пофалби и комплименти.:popce:

Се надевам само дека Митев ќе остане приземен како до сега и ќе продолжи да работи и напредува, го пратам уште од кога играше втора македонска лига со Аеродром, на негови 16-17 години, уште тогаш имаше натпревари кај што даваше над 10 гола.
Секогаш во памет ќе ми остане утакмицата кога гостуваа против некоја екипа од Гостивар, мислам Јехона се викаа, Аеродром со деца од средно школо извадени, а овие другиве мешани наши и љочки и сите профил на луѓе 40 годишни кељавици со стомаци до колена, апла се гледаше дека немаат допирна точка со спорт и тренинг, насобрани водоводџии и келнери после работа да играат, прво полувреме водеа децава, во второ овие удрија на селското, почнаа со мавање, со курчење, судијата во небрано беше и него не му беше сеедно, некаде околу 45та минута им се пуштија на децава да се тепаат, после инцидентот сите се испичија само Марко без страв продолжи да игра до крај, сам ја носеше екипа, уште тогаш даваше знаци за какво дете станува збор, прашање беше само дали со таа градба и висина може да игра во сениори, сега за сега потврдува дека дефинитивно може.

Со трансферот во Алкалоид направи чекор напред во кариерата, под водство на Кире доста напредуваше физички, стана уште по брз и цврст во дуели, се надевам и Кире ќе го држи прибран и нема да му дозволи никакво опуштање, уште во младинска репрезентација кога го водеше се гледаше дека му е миленик, го стави и капитен да биде, после тоа го донесе во Алкалоид.
Има пред него доста време, а овие натпревари во Европа ќе му дојдат одлично за напредување.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Кукуловски е во одлична форма во Чешка, прашање е колку е квалитетно чешкото првенство?
Ако не грешам тие Карвина што им се најдобар тим играа против Тиквеш Пролет таму некаде 2018/2019 во ЕХФ купот и тука некаде беа по квалитет.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom