Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.247
Поени од реакции
2.244
Мишевски оваа сезона во Вардар нема минута изиграно,во напад нема играно од младински категории битно Брестовац во репрезентација организатор го става да биде.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
39.877
Поени од реакции
78.284
Од сите 5 минути што ги изгледав дојдов до заклучокот дека сме исти со Швајцарциве во моментов, а кога ќе отиде Лазаров..ваљда на ниво на Финците ќе сме :D :D

И да, пак во тие пет минути каде што се кршеше мечот се уште се форсираше тактиката од ...Кире врти наоколу и пробува да му подаде на Столе, нешто што мислам мало дете ќе успее да го спречи

БРАВО! Победава значи деак сме малтене пласирани пошто и најдобрите од трето пласираните екипи ќе одат, така да...ваљда ќе победиме со Финска на гости, а со минимум 6 поени ваљда би биле меѓу подобрите трето пласирани екипи. А секако, најпаметно е Швицарска дома да ја тепаме :D

Добро е...барем во моментов не делуваат пеколни квалификацииве
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
3.583
Поени од реакции
4.157
Штета што Кузмановски нема многу интелигенција, а топ има во рака.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
592
Поени од реакции
893
Друго и не се очекуваше! :cool:

Мислам дека Кузмановски играше ок на овие две уакмици и беше поборбен. Прв сум да го критикувам кога игра како муле, ама овие две партии игра сосема ок. Формата му иде во нагорна линија. Талески игра очајно.. Голманите топ и Митревски и Томовски.
 
Член од
4 март 2017
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.237
Набрзина неколку ствари:

- Влезот на Мишевски на 3-ка место Велко направи и тоа како голема разлика. Велко веќе 2-3 години не игра апсолутно ништо за репрезентација, време е да престане да се повикува.

- Мишевски е потценет играч. Факт е дека има повеќе слаби него силни страни (во овој момент), но еве веќе неколку мечеви прикажува солидни игри во одбрана. Не е воопшто мутав дечкото, има осет каде треба да биде, а со оглед на тоа што ние освен Танкоски, по повлекувањето на Жути и немаме играч кој баш одговара на таа позиција, можеби и треба да се форсира. Не е ни Мишевски класичен организатор, но можеби ќе добиеме нешто. Позитивно е што е млад (1999) и што има навистина одлични физички предиспозиции. Видливо беше дека е нервозен денеска, влезе во момент кога се кршеше резултатот, но со исклучок на еден фаул во напад (за кој сум сигурен дека и далеку поискусен играч од него ќе наседнеше) и една грешка во чекори (кои не му ги свирнаа) одигра навистина коректна партија и понесе голем товар. Не знам колку е Вардар правиот тим за него во овој момент. Се зависи од тоа како ќе се движат работите во Вардар во следниве година-две.

- Објективно, Кузмановски и тоа како имаше улога во таа серија од 4-0 кога направивме пресврт и заедно со Мишевски беа клучните играчи за истото. Не се ни ставаат во иста реченица со Талески. Трансферот во Хановер му беше паметен потег и (да не го урочам) можеби и си ја врати кариерата на правата патека со истиот.

- Штета што Танкоски го немавме, Кузмановски лев бек, Танкоски на средина и Кире десно. Тоа треба да биде нашата стартна постава на овие квалификации, Талески треба да биде трета-четврта опција.

- Томовски коректен, фати неколку важни топки, се гледа дека добро работи во Германија.

- Гоце за малце ќе го заборавев. Ако не се лажам сите голови му беа од тешки агли, во и тоа како битни моменти за нас, секоја чест.

Во секој случај голема работа завршивме со мечов денеска, одиме даље!

:oeoeoe:
 
Последно уредено:
Член од
31 јануари 2014
Мислења
259
Поени од реакции
433
Многу важни 2 бода. Мора да се бара решение на среден и тоа итно. Кузмановски се гуши на таа позиција посебно кога подавачон Талески му е лево, кој не би требало центар да помине ниту на напад да помисли.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
4.800
Поени од реакции
2.654
Гоце како у најсобрите денови од Металург од мртви агли ги шибна сите 3 4 парчиња

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
17 август 2014
Мислења
1.930
Поени од реакции
1.585
Многу важни 2 бода. Мора да се бара решение на среден и тоа итно. Кузмановски се гуши на таа позиција посебно кога подавачон Талески му е лево, кој не би требало центар да помине ниту на напад да помисли.
Sreden bek vekje barame resenie od 2010ta I nikako nikoj da go zameni Mirkulovski, ili barem se pogodi nekoj igrac so slicen kvalitet na nego, jas mislam vistinskiot sreden ke go dobieme za 2-3 god, dete od 2003 generacija, imeto neka e vo tajnost da ne go zarecime :)iako nekoi clenovi koj pratat mladi kategorii znaat na kogo mislam.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
259
Поени од реакции
433
Да ги истуркаме квалификацииве со тоа што имаме, па малиот да блесне на ЕП 2022 :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom