Во поглед на разбирање и меѓусебна толеранција, како и помагање, подобро е да се помала разлика. Во друг случај, едното дете ќе биде секогаш инфериорно, зависно од ,,политиката на семејството,,. На пример, имам другарка која е израсната во патријархално семејство каде мажот сеуште е главата на семејството. Таа секогаш мора да прави како што ќе и каже брат и`, добива помалце пари од него, помалку излегува од него, не и се дозволени многу работи... Да беа на приближна возраст, можеби ќе можеше тој да издејствува поголема слобода за неа кај нивните родители. Децата на иста возраст би можеле да бидат поколективни, поздружени, да решаваат заеднички проблеми на кои им се дораснати.