Кога ќе речеш омраза кон музиката или омраза кон фановите на една музика, одма сфаќаш дека станува збор за турбофолкот.
Јас лично слушам секаква музика, но највеќе се пронаоѓам во турбофолкот, тоа е онаа музика која ме исполнува, ми овозможува да ги наполнам батериите. И да, не се срамам да кажам дека слушам турбофолк, зошто тоа и не претставува срам. Срам е ако крадеш, ако си насилен.
Секој од нас во некој пејач/ка гледа негативно. Не му се допаѓа гласот, пеењето, песните, спотовите, однесувањето и да нормално е да имаш одбивност кон тој пејач/ка. Но тоа незначи дека ако некој друг го слуша тој пејач, ти треба по него да плукаш.
Факт е дека најголем број од турбофолкерите потекнуваат од сиромашни семејства, па за да успеат мораат да внесат нешто провокативно во песната или спотот, па максимум дури и они да се разголат. Ќе речеш дека тоа се сељаци од улица, не морале така да направат. Всушност ако не направеле така ќе останеле во сиромаштија, а на човека побитно му е дома како му е животот, одколку што ќе рече Петко или Станко.
Оној кој слуша турбофолк ќе се прилагоди на песната доколку му се свиѓа, а најмалку ќе се грижи дали е срамота што пејачката се разголила. Така да карактерот на човекот не значи дека е ист како на пејачот кој тој го слуша.
Човек треба најпрво да се почитува себе си, потоа да ги почитува и останатите, а со самото тоа и нивниот избор.
Највеќе ги мразам предрасудите од типот.... ако слуша турбофолк - сељак е, ако слуша метал - наркоман е. Наспроти, оние кои слушаат турбофолк се дружољубливи, оние кои слушаат метал се вистински пријатели и имаат домашно воспитување.
Сељак и наркоман може да биде и некој кој што слуша рок, забавно, џез... или било каков друг вид музика.
Отиди во дискотека/кафич/кафана каде настапува Андријана Ацевска (нејзе ја спомнав, зошто по Кеш кеш сите се залепивте на неа) ќе приметиш дека оние кои дошле на нејзиниот настап се пријателски расположени луѓе, кои ја прават атмосферата и сите пеат заедно. Може до тебе ќе се најде некој од село Миравци, што е поповлечен и има попрост начин на забавување, но тоа не го прави сељак. Или ако до тебе се најде некој сељак, тоа незначи дека сите останати што слушаат турбофолк се сељаци.
Отиди во дискотека/кафич/кафана каде настапува Сара Мејс/Тамара Тодевска (забавна компанија) ќе приметиш дека оние кои дошле и покрај своите 30 години се однесуваат ко да имаат 13, непристојно урлаат, пцујат, прават неред, се оговараат меѓусебно, излегуваат за да бидат видени. Вештачка атмосфера создадена од градски сељаци.
Така да ти ако се занимаваш со секој каква музика слуша или какво мислење има за музиката која ти ја слушаш, далеку ќе стигнеш. Плукачи кои немаат домашно воспитување и незнаат да испочитуваат туѓ избор, имало, има и ќе има, но баш на таквите не треба да им се обрнува внимание.
Тој што е човек ќе те цени без разлика каков си и каква музика слушаш, а тој другиот што ќе плука знај дека само тоа го знае, не дека музиката му игра некоја улога, туку нема свој став, па мора да оди контра за сличните на него да го одбранат, што нажалост во денешницава се повеќе такви ги има
А и да не заборавам, од секад ми биле интересни мразачите на турбофолкот кој во кафана кога ќе ја кренат чашката ги знаат сите турбофолк хитови