Разликата во години

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.380
сега би можела ти тоа знаење да му пренесеш на друг... мене на пример...
Летко, уште три животи да живеам нема да успеам да стекнам знаење колку што си стекнал ти. :*
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
До кај 7-8 години разлика ми е океј, се над тоа ми е или од интерес или некој е ептен затупен у мозок.
 
A

aye

Гостин
Тука малку ќе филозофирам и се надевам нема се да направам каша попара. : )
Тргнувајќи од себе никогаш не би прифатила некоја таква врска односно голема разлика во годините. Но кога ќе размислам подобро доаѓам до заклучок кој искрено не сакам баш да го прифатам.
Станува збор за тоа кога една личност еве да речеме тоа да биде некоја девојка нема некој добар контакт со родителот т.е таткото е во потрага по доста по стар партнер. Најверојатно тука клучна улога игра сигурноста и заштитата која никогаш ја немала или не ја осетила од страна на родителот па во остатокот од животот точно неа ја бара и смета дека баш таа повозрасна личност може да и ја пружи/даде. Што и не мора да значи дека е така.
Но еве бар од мое лично искуство (поради кое и не сакам да го прифатам сето ова погоре) никогаш немав некој добар однос со татко ми, никогаш не се ни осетив заштитено од негова страна ниту па сум добила било каков совет од него итн. Не сум ни имала многу партнери во животот но според тие кои биле и кога би требало да бирам на пример помеѓу некој врсник или +/- и некој постар би го избрала постариот (нормално да е до некоја нормална граница).
Односно јас никој не би избрала но доколку не би била ваква каква што сум сигурно би заглавила со некој +10 години постар од мене.
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Не неможат да успеат таквите врски и битни се годините,идеална разлика е 5 години
 
Член од
18 март 2015
Мислења
405
Поени од реакции
568
не се битни годините, важно е да се има разбирање и еден секогаш да знае да попушта. Ако се инаети двајцата и најсовршена комбинација и љубов да имаат џабе
 
Член од
13 март 2015
Мислења
63
Поени од реакции
40
Не неможат да успеат таквите врски и битни се годините,идеална разлика е 5 години
Од каде знаеш дека не можат да успеат? Јас не тврдам, туку со двете раце потпишувам дека и тоа како успеваат. Родителите на една моја другарка од средно се 14 години разлика, па речиси 30 години се заедно. Моја колешка и нејзиниот сопруг се 12 години разлика, па супер им е. Додека има многу што се твојата „идеална разлика“ и помалку па не успеале. И уште безброј примери имам за тоа.

Да не бегам од темата, јас и мојот сопруг сме 3 години разлика( тој е постар) и супер ни е. Ама јас мислам дека нема идеална разлика бидејќи секоја врска е приказна за себе. Може некои врски каде што партнерите се доста голема разлика многу да траат и некои каде што партнерите се т.н. „пристојна разлика“ или на иста возраст, па после многу кратко време прекинуваат.
 
Има и негативности она ќе сака да излегува да искача он нема да сака,дека се му е поминато,искачал на нејзини години има и нешто позитивно ќе и помага за школо
 
Не мора да значи. Колку само млади има на кои излегувањата по диска, кафулиња до раните утрински часови не им се интересни. Да, можеби таа сака да излегува, но ако тој излегувал на нејзини години, подоцна не може да излегува? Може да излегува на која сака возраст. Помина времето кога само тинејџерските и 20тите години беа за излегување.

Како тоа да и’ помага за училиште? За учење? Те молам објасни ми го овој дел.
 
Искачаат и на 30-40 ама не сите и ќе и помага па таа ќе е средно или факултет и мора да и помага за учење и тестови
 
Член од
13 март 2015
Мислења
63
Поени од реакции
40
Искачаат и на 30-40 ама не сите и ќе и помага па таа ќе е средно или факултет и мора да и помага за учење и тестови
Ако одиме по таа твоја логика, тогаш не излегуваат ни сите тинејџери и 20 годишници. Еве на пример јас. Не дека воопшто не сум излегувала, сум излегувала, ама многу ретко.

И уште нешто, зошто да и’ помага за учење и тестови? Мислиш не може сама да научи? И тоа како може. Не си свесна колку паметни, интелигентни и зрели девојки и момци има што се средно или факултет. За помош постојат професори. И исто така и колегите/соучениците си помагаат меѓусебе. Дечкото во случајот 10тина години постар од неа, голема е веројатноста да ги има заборавено поголемиот дел од работите што ги учи таа. Или обратно, ако девојката е постара толку години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom