Од каде знаеш дека не можат да успеат? Јас не тврдам, туку со двете раце потпишувам дека и тоа како успеваат. Родителите на една моја другарка од средно се 14 години разлика, па речиси 30 години се заедно. Моја колешка и нејзиниот сопруг се 12 години разлика, па супер им е. Додека има многу што се твојата „идеална разлика“ и помалку па не успеале. И уште безброј примери имам за тоа.
Да не бегам од темата, јас и мојот сопруг сме 3 години разлика( тој е постар) и супер ни е. Ама јас мислам дека нема идеална разлика бидејќи секоја врска е приказна за себе. Може некои врски каде што партнерите се доста голема разлика многу да траат и некои каде што партнерите се т.н. „пристојна разлика“ или на иста возраст, па после многу кратко време прекинуваат.