Веќе кажав дека нема врска ако се има разбирање, но од мојот претходен случај со 8 години разлика се разочарав, иако мислев дека може да потрае. Сепак, заврши со изневерување (од негова страна, duh).
Но, како и да е еве ме пак. 5 години се во прашање, но за промена се оди како во бајка.
И по нечие истражување ..еве и нешто во врска со тие 5 години разлика :
За да имате цврст и среќен брак, потребно е да се избере сопруга која е попаметна од вас, и најмалку 5 години помлада!
Научницита развија прилично (не)романтична формула која ја предвидува компатибилноста на парот, а главни ставки во неа се нејзините години, образованието и историјата на минатите врски.
Се покажа дека најмногу шанси за долга и среќна врска имаат паровите во кои жената е пообразувана од мажот.
Меѓутоа, тој мора да биде најмалку пет години постар од неа, а важно е ниеден од нив да нема пропаднат брак зад себе.
Според тие параметри, пред 28 годишната Бијонсе и 39 годишниот Џеј-З е среќен и долг брак.
Пеачката е подобро образувана од својот сопруг, со оглед на тоа што тој нема ни диплома од средно, а разликата во годините дефинитивно им оди во корист.
Но, резултатите на ова истражување не одат во корист на 65 годишниот Мајкл Даглас и 40 годишната Кетрин Зета Џонс.
Иако кај нив разликата во години е повеќе од доволна, на Даглас ова му е втор брак.
Истражувачите од Универзитетот "Bath" интервјуирале повеќе од 1.500 парови во брак или врска, а една година подоцна разговарале со 1.000 од нив кои останале во врска.
Ако жената била постара од мажот пет или повеќе години, тие имале три пати повеќе шанси да се разведат отколку паровите кои се врсници.
Ако пак, мажот бил постар пет или повеќе години, шансите за брачна среќа биле поголеми, и растеле колку жената е пообразувана.
Др. Емануел Фрагниер и неговите колеги се едногласни дека партнерите ги одбираме врз основа на "љубовта, физичката привлечност, сличниот вкус, верувањата и еднаквите вредности.
Но, доколку ги вклучуваме и факторите како годините, образованието и нивото на култура, во иднина значително би можеле да ја намалиме стапката на разводи", сметаат тие.