ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 61
Детски секс прашања
Кога децата ќе почнат да стануваат љубопитни за „скокотливите“ теми како што е сексот и се’ што е во врска со него, родителите се оние кои треба добро да одиграат.
Мислењето е поделено. Едно мислат и зборуваат психолозите друго свештените лица. Првите, секогаш се подостапни и поинтересни иако веќе толку добро се знаат препораките на овие стручњаци што можеби интересно би било да се слушне нешто поинакво и ново.
Мастурбацијата психолозите не само што ја сметаат за нормална туку и ја препорачуваат, затоа што таа релаксирала и причинувала задоволство. Единствено што треба родителите да направат за своите деца било да кажат дека не се онанира јавно, туку на само.
Врсниците обично се чувствуваат „важни“ кога за половите органи користат некои прекари или скратени имиња, како „петел“, „стап“, „баскети“ и сл.
Според психологот д-р Џоан Кембел родителите треба да ги користат вистинските имиња на органите, доколку го водат разговорот пред своите деца затоа што ако го користеле жаргонот, кај детето ќе предизвикале чувство на срам.
Децата треба да се научат дека не можат кога сакаат да влезат во тоалет и да ги видат своите родители голи. Но, сепак не треба да се прави „фама“ доколку тоа се случи, повторно, да не би се фрустрирале децата, од голотијата на своите родители треба да се реагира природно.
Околу репродуктивните функции на човекот и интересот за истите кај децата работите стојат вака.
Родителите треба да искористат некоја книга во која има цртежи или пишува за тоа како луѓето се размножуваат. Се разбира дека тоа не треба да биде порно списание или „камасутра прирачник“, советуваат психолозите.