Разговор со детето за секс

Член од
10 декември 2014
Мислења
18
Поени од реакции
14
Случајно ја звернав темата и се сетив на едно прашање до мојата мајка кога имав 7 години. Незнам што ме натера да ја прашам како се оплодува жената, што прави мажот што прави таа :цицки: Од кога почна да ми објаснува на пола разговор се засрамив и престанав да ја слушам. Ми беше јасно, но штом се одлучив да бидам сексуално активна решив повторно да разговарам со нејзе на таа тема што не беше погрешен чекор, и да издвојам на систематските прегледи оваа тема беше постојана што бев доволно запознаена со она што ме интересираше.
Грешката не е само кај родителите, грешката е кај младите затоа што тие не само што го одбегнуваат разговорот со своите родители, што не внимаваат на часовите по Билогија или пак не се консултираат со стручно лице, посебно девојките што имаат срам да посетат. Колку пати низ порталите читам девојчиња кои не знаат основни прашања од сверата и не знаат дали се бремени, што е предсемена течност.
Сум и за предмет во образовниот систем,кој ќе ги обработува сите прашања поврзани со темата секс,и ќе им ги укажува последиците од незаштитен однос.
Пола од младите прашуваат дали може да се забремени од петинг.
Па не знаат ништо - затоа на 14 има односи на 15 деца (без навреда)...

Во училиште треба барем 2 пати најмалку да им се одржуват часови (пример прво полугодие за влошки,кондоми,интимна хигиена.....второ полугодие за одностие,болестите,инфекциите,повторно хигиена)....
И тоа уште во 7 одд. поради раните нурнувања во тие сексуални води....
Па сега на 15 години започнуваат а за нашите деца кога на 10?

Мора да се преземе нешто ... можеби од дома сметаат : а мали се моите деца а надвор растур прават... или е како ќе започнам тема за тоа..ајде друг ден,а тој друг ден ќе биде кога ќе каже дека е бремена на 16???? А пустото дете не сака да праша основни работи. Затоа реков дека не е само вината и во родителите. Вината и обете страни ја имаат.

Ако знаат да разликуваат вагинален и анален секс не значи дека се доволно информирани. Далеку од добро информирани се. Доволно е да прочитате само какви прашања поставуваат и ке ви биде јасно колку се запознаени со сексот, заштитата, полово преносливите болести итн. Се нервирам коа ке спомнам за кламидија да речеме, а некој што е одамна сексуално активен да ме праша што е тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom