Разгалени деца

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Јас само знам дека на разгаленките,не смееш да им викаш-никако.
Ке се дере како да го колат.
Само да ги смоташ некако,да ги излажеш,тоа е спас.
Инаку...нема чаре.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

Уствари “разгаленките“ се такви зашо нивните родители биле меки со нив и им дозволиле, то ест ги натерале да бидат такви. Нив само родителите можат да ги вратат да бидат неразгаленки. Луѓе вака од страна, само со лажење, тачно е. И со еурокрем, нормално. :)
 
BloodyTampon

Works in deep&dark places
Член од
8 август 2009
Мислења
798
Поени од реакции
60
МРАЗАМ такви деца, а ги има во изобилство во населбава, а како што немам многу живци за нив...често со ќотек завршува, после нека ми носат на врата мајки, татковци, баби, дедовци....
Никогаш не сум бил толку гален, не велам дека не треба да ги галат, но некогаш стварно е многу...
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Уствари “разгаленките“ се такви зашо нивните родители биле меки со нив и им дозволиле, то ест ги натерале да бидат такви. Нив само родителите можат да ги вратат да бидат неразгаленки. Луѓе вака од страна, само со лажење, тачно е. И со еурокрем, нормално. :)
E ова,да,точно е.
Какви синови имаше братучедка ми...за глава да се фатиш,да не поверуваш.
Кога и да бидеш со нив,мора нешто модро да имаш,де колено,де око,или пак џумка на главата:pos2:
Ништо живо неможе да ги сопре.
За нив не постоеше воспитување и ништо не помагаше.

Денес,не можам да се изначудам дали се они,или ги заменија со некои други:toe:
Мирни,паметни,културни...:back:
 
S

StereoLove

Гостин
Aуууу моите три внуци се такви(мислам тетка сум им немој да ме сфатите дека сум им баба:pos:)доагаат за викендот ама кога дојдат растур прават.Скокаат од едниот на другиот кревет,фрлаат работи на секаде,пискаат,трчаат како индијанци па дури и без прашање го отварат фрижидерот.Кај нив не смеат така да прават зашто знаат што ги следува.Лек за таквите е само котек и ништо друго и уседни го некаде па да видеме дали ке се осмели да направи нешто друго.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Тоа се деца но кои родителите никогаш за ништо не им поставиле граници. Во суштина тоа се многу несреќни деца кој пиштат за се. Дете не се воспитува со камшик туку со љубов. Но секогаш родителот мора јасно да им каже до каде е дозволено да се иде или добие и да не ВЛЕГУВА во дискусија со нив(детето).
 
Колку идилични реченици... :pipi:

Дете се воспитува со камшик. Факт. Ниту едно дете не може да разбере дека згрешило ако не биде казнето коа ќе згреши. Точно, треба да се награди кога било паметно, ама ако само биде наградувано, а не и казнувано кога има потреба од тоа, тогаш ќе го направите болесник за успеси, па ќе ви се претвори во нарцисоидно ѓубре кое ќе јаде ластици у школо.
 
Ауу се надевам дека само провоцираш!!! Тешко дека ќе можеш малото татино керќиче да го искршиш со камшик зато што не си ги собрало играчките. Со свои пример ќе го васпиташ тоа значи едно 200 пати ќе се наведнеш со него и ќе му покажуваш како тоа се собираат играчките е сеа ако и 201-от пат не свати тогаш незнам дали е умно на мама или на тато??

Иначе вака како што си напишал вероватно се дресираат лавови.
 
BloodyTampon

Works in deep&dark places
Член од
8 август 2009
Мислења
798
Поени од реакции
60
Ауу се надевам дека само провоцираш!!! Тешко дека ќе можеш малото татино керќиче да го искршиш со камшик зато што не си ги собрало играчките. Со свои пример ќе го васпиташ тоа значи едно 200 пати ќе се наведнеш со него и ќе му покажуваш како тоа се собираат играчките е сеа ако и 201-от пат не свати тогаш незнам дали е умно на мама или на тато??

Иначе вака како што си напишал вероватно се дресираат лавови.
Зошто да провоцира? Јас се согласувам со него...
Јас на пример, би му/и рекол да ги собере играчките 2-3 пати, ако не сака ќе добие шамар. Само така ќе сфати.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Зошто да провоцира? Јас се согласувам со него...
Јас на пример, би му/и рекол да ги собере играчките 2-3 пати, ако не сака ќе добие шамар. Само така ќе сфати.
Тешко, сигурно тебе така не те раснеле или можеби да ?? Значи стого Спартански голи и боси на снег, без вода на сонце ОК ваши ќе бидат па правете им што саката, ама и тие ке пораснат а вие ќе ми остарете па мислете му ја....
 
Член од
14 ноември 2008
Мислења
3.418
Поени од реакции
856
Тешко, сигурно тебе така не те раснеле или можеби да ?? Значи стого Спартански голи и боси на снег, без вода на сонце ОК ваши ќе бидат па правете им што саката, ама и тие ке пораснат а вие ќе ми остарете па мислете му ја....
не значи дека треба да се изживуваш на децата, голи боси на снег ...
Не мојш на дете да му објасниш со збор нешто, дури не му ја залепиш една воспитна. Ко ќе му текни наредниот пат да прај иста глупост, и ко ќе се сети како го болело ко праел, појќе нема да прај.

Инаку јас си сум растен со ќотек , па ептен си ги сакам родителите. Знам дека то шо сум јадел ќотек го праеле за мое арно, за да биди чоек од мене
 
Можеш многу лесно да му објасниш на дете се без да му ја залепиш една. Ниту животните се тепаат, а камоли деца.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Ако децата од мали се воспитуваат, нема потреба поголеми да се казнуваат. нормално дека детето треба да се казни, ама мора да му се објасни зошто е казнето, за да има поента.
Инаку децата мои како мали висеа по ќошеви, дури црни траги имаше на нив (не сакав да ги тепам, не дека не сум ги потчукнала) Инаку брливи се, си играат, им давам да трчаат, да газат по кал, читав погоре и не можев да сфатам каква врска има калта на папучите со разгаленост, а инаку знаат до каде смеат, што смеат да прават, што можат да добијат. Тоа е плод на мое долготрајно седење со прсти во уши додека они се дереа кога беа помали мислејќи дека така ќе добијат нешто и нормално никогаш не добија :)
Од друга страна никогаш нема да се случи јас да вриштам по децата, затоа што не можам да си го испијам кафето со комшиката, а инаку да глумам лудило после божем ете јас не можам да ги слушам децата мои како плачат, божем од љубов :)))
 
BloodyTampon

Works in deep&dark places
Член од
8 август 2009
Мислења
798
Поени од реакции
60
Тешко, сигурно тебе така не те раснеле или можеби да ?? Значи стого Спартански голи и боси на снег, без вода на сонце ОК ваши ќе бидат па правете им што саката, ама и тие ке пораснат а вие ќе ми остарете па мислете му ја....
Имам јадено ќотек додека бев мал, не многу ама јадев, и се заблагодарувам на мајка ми и на татко ми за тоа.
Со зборови гарантирам дека нема многу да постигнеш, детето ќе смета дека е над тебе, дека добива се што сака кога сака...не може така...
Со ќотек (секако ако дојде до тој степен) најдобро ќе научи и нема да го повтори тоа (има исклучоци сепак) а понатаму, кога ќе порасне, ќе сфати и самото дете.
 
Член од
19 ноември 2009
Мислења
499
Поени од реакции
84
Имам јадено ќотек додека бев мал, не многу ама јадев, и се заблагодарувам на мајка ми и на татко ми за тоа.
Со зборови гарантирам дека нема многу да постигнеш, детето ќе смета дека е над тебе, дека добива се што сака кога сака...не може така...
Со ќотек (секако ако дојде до тој степен) најдобро ќе научи и нема да го повтори тоа (има исклучоци сепак) а понатаму, кога ќе порасне, ќе сфати и самото дете.
Ако се вратиш погоре на страницата ќе прочиташ што напишав околу поставувањето на граници. Разгалени деца не се раѓаат , родителите се криви што ги разгалуваат, е после со шамари работа не се исправа. Со ќотек само ќе го одалечиш детето од себе и еве ти јаз на генерации. Имај повеќе време за него додека го растеш, вложувај во неговото исправно воспитание и нормално кога еден го кара другиот родител несмее да брани туку со здружни сили сложно воситувај. Значи нај важно е да имаш време за него секогаш.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom