Како некој кој што работал добар период од животот и е млад, сметам дека добар дел од работодавците се крвопијачи.
Еден од проблемите е у тоа што за разлика од некои други држави во светот, нашата плата е фиксна т.е на интервју нема преговарање у врска со плата според вештините кои ги поседуваш. Тоа значи дека некој кој што е повешт у одреден сегмент од таа работа ќе биде исто платен како тој што нема вештини во тој аспект од работата.
Пример 1, ако јас можам да куцам 140WPM (words-per-minute, куцање на тастатура), а друга личност само двоцифрен број на WPM, дали двајцата треба исто да земаме плата ако јас ја вршам работата многу побрзо?
Пример 2, ако јас работам на место каде што влагаат околу 500тина луѓе на дневна база, каде што клиентелата е агресивна и самата работна атмосфера не е пријатна и поради тоа морам да користам комуникациски вештини за да дифузирам ситуации, дали треба јас исто да земам како некој што работа на мирно место каде што не ни влегуваат ни 50тина луѓе на дневна база и клиентелата е помирна?
Прекувремената работа/работата без слободен ден/работањето кога е празник е толку демотивирачки платено што се осеќаш како роб од 15ти век, а не како работник од 21 век.
Дали е ОК поради недостиг на работник да работате скоро два месеци секој ден, сам на смена, без слободен, од прва у втора, од втора у прва, сето ова у период на екстремна гужва, а за сето тоа да бидете платени само 3000 денари?
На ниту едно место каде што сум работел не сум го работел само тоа за што сум бил договорен туку и плус, а сум бил платен само за тоа што сум бил договорен бидејќи другото ,,се подразбирало".
Фрката е тоа што ако ќутиш ќе те мотаат ваму таму, а ако се побуниш тогаш слободно можеш да си дадеш отказ бидејќи ќе најдат некого (некој друг роб) кој ќе работа за таа плата, поготово ако живееш надвор од Скопје и каде што има огромна невработеност.
За нас младите сметам дека е многу неисплатливо да работиме, моменталните газди се оние кои што живееле во Југославија и истото им било на нив правено па сега они го прават истото на нас помладите. На сите мои другари сум им велел доколку немаат потреба да работаат (студираат, нивните имаат пари, имаат side-hustle со кои можат да ги финансираат секојдневните потреби и луксузи) да не се нафаќаат да работаат, поготово не кај приватник.