Работодавци, чесни и измамници

  • Креатор на темата Креатор на темата Mile Vuna
  • Време на започнување Време на започнување

Mile Vuna

Neradnik
Член од
21 јули 2011
Мислења
69
Поени од реакции
94
Локација
Od Kude Tumbu...
Здраво,
Подолго време сум член на форумов ама ова ми е прва тема. Приметив дека конкретно ваква тема за оценување и давање мислење за работодавци сеуште нема. По примерот на "Reddit" ја отварам оваа тема со намера за споделување искуства на работа со фирми, каде што сте имале коректен однос или пак ужасно искуство, се со цел за кога би барале и аплицирале за работа, да се знае за каква фирма се работи.
 
На една рака се бројат добрите компании во Македонија.

Славното студио за холивудски ефекти FX3X е во лошата категорија, мајката нивна преварантска. Фала богу згасна фирмата и му ја киднаа у Луксембург.
 
да им дадеме шанса :)
Алгоритмот е таков: Кој има проблем пишува по сајтови, мрежи и форуми. Кој нема, нема што да се замара. :toe:
 
Последно уредено:
Логаритмот е таков: Кој има проблем пишува по сајтови, мрежи и форуми. Кој нема, нема што да се замара. :toe:
mislis algoritmot, ili namerno bese na zaebancija :D
p.s. dobra e logikata vo sekoj slucaj hhh
 
mislis algoritmot, ili namerno bese na zaebancija :D
Сорри! Техничка струка, логаритми у главата, логаритми насекаде :facepalm: Не беше намерно, едно мислиш, друго по навика пишуваш!
 
Овде за чесен работодавач пост нема да видиш!
Ne znam sto podrazbirate pod "cesni" ili "izmamnici"... Ako e od aspekt na rabotnici, dali redovno davaat plata, K15, platen odmor... za sreka mnogu gi ima...

Od pogolemite, DM drogerii vazat za solidni, KAM marketite, Reptil marketite
 
Како некој кој што работал добар период од животот и е млад, сметам дека добар дел од работодавците се крвопијачи.

Еден од проблемите е у тоа што за разлика од некои други држави во светот, нашата плата е фиксна т.е на интервју нема преговарање у врска со плата според вештините кои ги поседуваш. Тоа значи дека некој кој што е повешт у одреден сегмент од таа работа ќе биде исто платен како тој што нема вештини во тој аспект од работата.

Пример 1, ако јас можам да куцам 140WPM (words-per-minute, куцање на тастатура), а друга личност само двоцифрен број на WPM, дали двајцата треба исто да земаме плата ако јас ја вршам работата многу побрзо?

Пример 2, ако јас работам на место каде што влагаат околу 500тина луѓе на дневна база, каде што клиентелата е агресивна и самата работна атмосфера не е пријатна и поради тоа морам да користам комуникациски вештини за да дифузирам ситуации, дали треба јас исто да земам како некој што работа на мирно место каде што не ни влегуваат ни 50тина луѓе на дневна база и клиентелата е помирна?

Прекувремената работа/работата без слободен ден/работањето кога е празник е толку демотивирачки платено што се осеќаш како роб од 15ти век, а не како работник од 21 век.

Дали е ОК поради недостиг на работник да работате скоро два месеци секој ден, сам на смена, без слободен, од прва у втора, од втора у прва, сето ова у период на екстремна гужва, а за сето тоа да бидете платени само 3000 денари?

На ниту едно место каде што сум работел не сум го работел само тоа за што сум бил договорен туку и плус, а сум бил платен само за тоа што сум бил договорен бидејќи другото ,,се подразбирало".

Фрката е тоа што ако ќутиш ќе те мотаат ваму таму, а ако се побуниш тогаш слободно можеш да си дадеш отказ бидејќи ќе најдат некого (некој друг роб) кој ќе работа за таа плата, поготово ако живееш надвор од Скопје и каде што има огромна невработеност.

За нас младите сметам дека е многу неисплатливо да работиме, моменталните газди се оние кои што живееле во Југославија и истото им било на нив правено па сега они го прават истото на нас помладите. На сите мои другари сум им велел доколку немаат потреба да работаат (студираат, нивните имаат пари, имаат side-hustle со кои можат да ги финансираат секојдневните потреби и луксузи) да не се нафаќаат да работаат, поготово не кај приватник.
 
Друже те гледам многупати пишуваш на оваа тема што значи дека ти смета. Зошто не пробаш надвор од Македонија, на толку работа тука ако ништо друго барем ќе заштедиш пари а веќе си навикнат на прекувремено и на тоа дека немаш услови за преку бунење да се смени нешто, туку само ќе напредуваш ако си таков, поготово ако си она баш работник.
 
За нас младите сметам дека е многу неисплатливо да работиме, моменталните газди се оние кои што живееле во Југославија и истото им било на нив правено па сега они го прават истото на нас помладите. На сите мои другари сум им велел доколку немаат потреба да работаат (студираат, нивните имаат пари, имаат side-hustle со кои можат да ги финансираат секојдневните потреби и луксузи) да не се нафаќаат да работаат, поготово не кај приватник.
Wow, ти си веројатно многу лош другар што дава убер-лоши совети. Како тоа е неисплатливо да се работи? Значи да бидат моржови што мама и тато ќе ги ранат до смрт? И утре при прва пара ќе сакаат да бидат газди, и ќе го прават истото тоа што они требале да го работат ама избегнале за некој да не ги малтретирал, и после ќе се изживуваат врз вработените затоа што не осетиле на своја кожа како е да имаш лош газда.

Проблемот со младите во Македонија е што мислат дека се експерти на секое поле, во ИТ индустрија после 1 година сакаат сениори да бидат и секеое распрдено прдле мало настапува од старт со тоа, „не бе батка, не ти работам ја за 18.000".

Е од вакви ментални размислувања избегав од Македонија, а ако мислиш дека во Европа е полесно и те како си се заебал. Ако не го потиш газот има ајкули у буквална смисла што ќе те изедат и за брзо ќе си останеш без работа.
 
Не е убаво да станеш полтрон, но ако веќе некој има услови да не мора да работи до некој 20, 21 тогаш би му советувал да го направи тоа. Среќа што ете сум тука и барем нешто штедам иако е исто срање, првото вистинско вработување ми беше 7 дена по матурската, значи ако сум останел еве како членов доле буквално исто ми се фаќа дали ќе сум работел од 18 или 20, 21.
 
Едно е да работиш кога ќе завршиш факултет, друго е ич да не работиш затоа што твоите имале пари како што членот наведе. Иритиран сум од вакви размислувања затоа што познавам еден куп врсници што место да градат нешто, да успеат у животот они уште зависат од мама и тато да им дадат пари за кафе.
 
Само лебари можат да речат дека не се исплати да работиш, луѓе што целта на работа одат само да преживеат а не го сфаќаат тоа како некој предизвик. Нажалост преку 90 посто се такви а другите неколку проценти што ги гледаат работите поинаку се нивни шефови.
 
Зависи за каков тип на работа станува збор, можеби во тој ИТ сектор е поразлично, барем така мислам а за 90% од работите се знае како се напредува и станува шеф и нормално чест на исклучоци.

А не знам како што друго да го сфатам одењето на работа освен концепт да се преживее.
Автоматски споено мислење:

Едно е да работиш кога ќе завршиш факултет, друго е ич да не работиш затоа што твоите имале пари како што членот наведе. Иритиран сум од вакви размислувања затоа што познавам еден куп врсници што место да градат нешто, да успеат у животот они уште зависат од мама и тато да им дадат пари за кафе.
Ок далеку од тоа дека е добро да си зависен после 20+ но ако има простор вреди да се искористи тоа слободно време од 18 до 20 во еден вид на потрошено време, зошто и онака ќе мора да работиш подоцна. Ја искрено не познавам многу луѓе што живеат од тато и мама, барем новите генерации не се такви за среќа, сите што ги знам се активни или студираат па и работат или се вработени некаде.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom