Работнички - Лацио

Кој е победник на првиот дуел во Рим?


  • Вкупно гласачи
    145

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.155
Поени од реакции
18.183
Само ако може да ве замолам нешто. Сите анти-Работнички , комплексаши и слични структури да си се тргнат од темава. Лацио како Лацио го знаеме убаво , имаат прејак состав во споредба со Работничкаи. Ама све е можно , ако не потценат може све д се случи. Битно изгураа работнички до тука прават голем чекор за македонскиот фудбал некој се со набиен комплекс заради ова ама ако. Само што ми е жал нема да можам да ја гледам утакмицава од стадион нема да сум у ск.
Ги гледам на кило во темава.Штета.Македонски синдром...

Знам колкава разлика се,ама се надевам на изненадување.Време е после толку години наша екипа во некоја групна фаза,морат од негде да се почнит...
БТВ,не сум навивач,симпатизер на Работнички ама со цело срце сакам да одат понатака и ќе навивам за нив,за МАКЕДОНСКИ клуб.За разлика од многу други патриоти на форумов шо веќе го отпишаа...
 
А

Анноун

Гостин
што тропа бе овој тренерот на Работнички ! Не се плашел од Сисе , Роки ќе бил најголема опасност. Сисе нема пријателска да остане без даден гол , а башка што работнички ќе биде без ќумбев у одбрана, се се плашам дека некој ќе го скроти Сисе , минимум два гола дава сигурно.

Моја прогноза 3-0 за лацио. ќе бидам пресреќен ако Работнички се врати со поповолен резултат , ама мислам дека доволно направија и до сега , респект за резултатите ова лето во европа.
 
Член од
24 август 2006
Мислења
136
Поени од реакции
45
Има ли некакви најави за составот на Лацио? Може ќе не потценат па ќе истрчаат со втор состав и ќе ни се посреќи :P
Голмани: Marchetti, Bizzarri;

Одбрана: Biava, Diakitè, Dias, Radu, Lulic, Scaloni, Zauri;

Среден ред: Brocchi, Cana, Hernanes, Ledesma, Matuzalem, Mauri;

Напад: Cisse, Kozak, Klose, Rocchi, Zarate.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Ги гледам на кило во темава.Штета.Македонски синдром...

Знам колкава разлика се,ама се надевам на изненадување.Време е после толку години наша екипа во некоја групна фаза,морат од негде да се почнит...
БТВ,не сум навивач,симпатизер на Работнички ама со цело срце сакам да одат понатака и ќе навивам за нив,за МАКЕДОНСКИ клуб.За разлика од многу други патриоти на форумов шо веќе го отпишаа...
Сосема нормално е да се навива за наш клуб во Европа. За мене е неверојатно како може некој да посакува ( не да кажува дека Лацио е подобар и ќе тепа - тоа сите го знаеме) Работнички да биде поразен?

Јас фатив дел и од поранешната Екс Ју лига (5-6 години) и до ден денес ми е сосема нормално да ме радува успех на ПАртизан , Звезда, еве вчера на ДИнамо Загреб и останатите екс Ју екипи, а камоли пак на една македонска екипа.

Каква личност треба да е некој да посакува ионака малиот Работнички да биде прегазен од ионака големиот ЛАцио:tapp:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Ај ако е некоја утеха,Лацио треба да игра без Зарате зашто е пред трансфер во Атлетико(М). Е сеа ако настапи на оваа утакмица ке нема право после да игра за Атлетико. Така да добро е ова за одбраната на Работнички.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
Ayyy napad Cisse i Klose :place:

Opaaa Marchetti na golot ajde samo slozno ovoj ne go biva :D
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Страшни изгледа вака(за Работнички инаку други би го сомелиле) ама пак зошто да се стегнат.Секогаш ваков комплекс имаме,па еве Зарате ако не игра сите други звучни имиња се изгубени Ѓерманци 32+.Младата снага и желбата за доказ би можела да биде пресудна.
 
Член од
24 август 2006
Мислења
136
Поени од реакции
45
„Бебињата“ од Дебар Маало подготвени за Лацио

Најискусен во составот на Работнички, чија просечна старост е 21,7 години, е Димитрија Лазаревски (28), додека Дарко Велковски (16) ќе биде најмладиот член во почетниот состав против Лацио. „Бебињата“ на Работнички вечерва ќе имаат вистински испит на зрелоста во мечот против Лацио (просечна старост 29,5 години на можниот состав), од кој без разлика на конечниот исход, ќе излезат како победници со досега постигнатото и констатацијата дека ја претставуваат иднината на Работнички и на македонскиот фудбал.

Можни состави
Лацио: Маркети (28) - Конко (27), Биава (34), Дијаз (32), Раду (24) - Ледесма (28), Матузалем (31) - Хернанес (26), Маури (31), Сисе (30) - Роки (33).
Работнички: Димитриевски (17) - Тодоровски (26), Најдоски (19), Лазаревски (28), Глигоров (18) - Д. Велковски (16), Петровиќ (21), Вујчиќ (25), Настевски (20) - К. Велкоски (23), Маневски (26).


Влезниците за Работнички од 55 до 95 евра
Цената на влезниците за вечерашниот дуел на „Олимпико“ меѓу Лацио и Работнички се движат од 55 евра до 95 евра. Најевтините се однесуваат за трибините зад головите на римскиот фудбалски храм, најскапите, пак, за централните позиции на главните трибините. Билет за место по краевите на централните трибини чини 80 евра. Лацио пушти во продажба и ВИП-влезници за мечот со дебармаалци кои се движат од 99 евра до 147 евра.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
што е работава на liveonsat нема ниеден канал што ке пренесува на сателитска можно ли е да ја нема на ниедна програма
 
Член од
7 декември 2009
Мислења
138
Поени од реакции
40
Претешко че биди, ама искрено се надевам на минимален пораз од еден разлика, супер интересен реванш во Скопје и преполн стадион!
 
Член од
24 август 2006
Мислења
136
Поени од реакции
45
што е работава на liveonsat нема ниеден канал што ке пренесува на сателитска можно ли е да ја нема на ниедна програма
За на сателит сеуште нема најава, но барем ќе ја има на Premium Calcio (дигитална земска телевизија), па ни преостанува да бараме стрим (n)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom