- Член од
- 12 февруари 2014
- Мислења
- 7.976
- Поени од реакции
- 25.631
Со европски пасош, или не, ти во Шведска можеш да останеш се додека имаш право на престој, а тоа го добиваш не поради пасошот, туку поради работна дозвола(за која пак ќе потенцирам, пасошот не игра улога), ако се школуваш и ако те повлечат роднини или партнер кои веќе имаат дозвола за перманентно право на престој, работа и место на живеење(за да те згрижат и да не останеш на улица). Значи дури и со европски пасош имаш право на престој само три месеца(како и луѓето кои немаат еу пасош), освен ако не си дојден поради некоја од работиве кои ги спомнав претходно.ок, не треба генералии ниту твои ниту од фирмите каде си работела тоа приватност се согласувам, но по однос на законите за странци во Шведска кои имаа ЕУ пасос- како бг, појасни кои права ги имаа.
По однос на плата, можеш и за тоа да напишеш и споделиш со нас, осигурување да/не-за членови на семејството-деца сопру/сопруга-во случај само сопругот да има бг пасош. По однос на социјална заштита во што подетално се однесува, трошоци месечни за живот (кирии, комунални давачки, сметки и сл.) и висина на стандард.
Со одговори на овие прашања би добиле една појасна слика, а истовремено ќе имаш и заштита на личните приватни твои работи - (име, фирми и сл. да не ги спомнуваш)
За ова што ме праша за во случај само една личност во фамилијата да има бг пасош, таа личност за да ја донесе фамилијата ќе мора да има работа овде и место на живеење, плус и дозвола за престој. Подетални информации на странава на миграциониот одбор http://www.migrationsverket.se/English/Private-individuals/EU-citizens-and-long-term-residents.html
Здравствено осигурување може да добие цела фамилија ако има еден од родителите, значи преку неговото добиваат и другите, додека не се средат документи и секој добие за себе.
Просечна плата ми се чини дека беше околу 1500-2000 евра.
Киријата е од 300 евра па нагоре, само што ако си фамилијарен човек, ќе мораш да им обезбедиш повеќе простор на децата, значи поголем стан, за кој цената ќе варира во зависност од местото каде се наоѓаш и колку членови има во семејството, ама рачунај дека ќе биде повеќе од 550 евра.
Еве од прилика како одат цените за храна http://www.numbeo.com/cost-of-living/country_result.jsp?country=Sweden
Месечните трошкови многу зависат од вашите потреби, така да тука не можам да изнесам прецизна калкулација.
Интернетот е околу 30-50 евра, струјата зависи од големинта на станот, ама не е многу скапа, би требало да е помалку од 100 евра.
Мислам дека одговорив за сѐ што те интересираше, ако имаш уште прашања, пукај, ама ќе се префрлиме на темава http://forum.kajgana.com/threads/Скандинавија-и-Финска.63622/page-12
а тука нека се зборува само за придобивките од бугарски пасош во западна Европа.
Кога сме веќе кај пасошот, единствена разлика која ја имам осетено и за која имам искуство е тоа што не можев да добијам еден вид работа, затоа што имав европски пасош. Зошто такво ограничување, не ми е јасно, затоа што работава е за оние кои се пресни во државава и штотуку почнале да го учат јазикот. Се работи за пола работно време, на странава имате на англиски и на други јазици подетална информација. http://www.arbetsformedlingen.se/For-arbetssokande/Stod-och-service/Fa-extra-stod/Ny-i-Sverige/Instegsjobb.html