Работа на брод

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
Ова важи само на речните бродови, или општо на сите крстосувачи ?

Ако е ова второво, тогаш сосема разбирливо е зошто бродските компании вообичаено бараат персонал од државите со евтина работна сила, наместо да вработуваат од своите матични држави.

Во богатите и развиените држави работниците сакаат да бидат добро платени за својата професија, а не да примаат ниски плати за да работат се` и сешто.
Општо за сите.
 
Член од
3 мај 2015
Мислења
206
Поени од реакции
180
Другари здраво, да ве замолам за мала помош, ме интересира колку би ме чинело одприлика се комплет до качување на брод (услуга за агенција, виза, карта, обука итн.) и дали од таа сума нешто покрива компанијата за која би работела... поздрав до сите
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.463
Различни компании покриваат различни трошоци, ама во принцип ти е од 500-1500 долари.
Дел од трошоците ти ги враќаат со прва плата на картичка, ама и тоа е ептен индивидуално од компанија до компанија.

Но она што јас им го викам на сите, пред се од лично искуство, сите тие трошоци се покриваат со првата плата, така да ти остануваат од 5-8 месечни плати да ги трошиш како знаеш и умееш.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739

Со која позиција најлесно се качува на брод ?
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.463
Со која позиција најлесно се качува на брод ?
Со таа што најдобро знаеш да ја работиш :wink:
Најтешкиот дел од процесот е проаѓање на интервјуто. Ако знаеш да работиш одредена работа имаш многу повеќе шанси да пројдеш на интервју отколку за некоја позиција за која и немаш нешто познавања.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Со таа што најдобро знаеш да ја работиш :wink:
Најтешкиот дел од процесот е проаѓање на интервјуто. Ако знаеш да работиш одредена работа имаш многу повеќе шанси да пројдеш на интервју отколку за некоја позиција за која и немаш нешто познавања.
Имам работено како рецепционер, шанкер и келнер.
Тоа во последниве 4 години, све тоа знам да го работам. Ама пак сигурно знам и како собар, чистач или што било.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.463
Како келнер во ресторан можеш најлесно да заминеш на брод. Работата е тешка, тимовите се големи, нон стоп се бараат келнери у ресторан. Само помеѓу келнер на брод, и келнер кај нас има разлика, така да колку подобро се покажеш на интервју, толку подобри шанси за подобра стартна позиција.
Чистач... зависи...
Шанкер, тешко, многу луѓе аплицираат, тие што ќе ја добијат работата тераат по многу договори пред да дадат отказ, најбавно оди качување во бар департмент.
 
Член од
23 август 2009
Мислења
176
Поени од реакции
31
Бев во Коузон на предавањето и јасно разбрав дека да се одпочне апликација е 500 ден, па некој тест или обука 160 долари за виза и картата обично првиот пат сам ди ја плаќаш, бев и во Мајаоми, некако набрзина ми објасни ама трошоците ми игледаа помалку.. Некој поупает да каже нешто

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570

Многу едноставна е споредбата, Коузон има своја таканаречена академија за угостители, па ако сакаш да аплицираш за келнер или слична угостителска работна позиција, мораш да поминеш низ нивната таканаречена академија, можеби ќе ти кажат дека не е обврзувачка, но сепак поголеми ќе ти биле шансите да те вработат ако успешно поминеш курс на таа нивна таканаречена академија.

За тие кои се новајлии и немаат многу работно искуство, им организираат и настава за тоа како треба да бидат дотерани и како да се однесуваат на интервју доколку бидат интервјуирани од страна на некоја бродска компанија за работна позиција.

И се разбира, нивната таканаречена академија и нивната таканаречена настава за дотерување и однесување воопшто не се бесплатни, бидејќи тешко ќе се опарат од 500 денари по човек само бидејќи оставил своја биографија.

Еден мој колега од Прилеп - родниот град на Зоран Кочоски - сопственикот на Коузон, кој се гордее на себеси како успешен бизнисмен кој успеал да им избега на тутунските полиња во Прилеп, беше на една од таканаречените обуки и/или академии на Коузон, и после 200 или 300 евра фрлени кај нив, остана на копно, а има завршено факултет за туризам и угостителство. Иронично, неговиот прилепски со-жител Кочоски му направил услуга со тоа што само го цицал финансиски, а не го качил на брод, бидејќи колегата во меѓувреме го открил програмирањето, па сега работи како програмер, и слободно можам да кажам дека одлично си ја врши работата, а на брод може само да сонува за таква 4 цифрена плата во евра како келнер или било каков угостителски работник.

Мајоми од друга страна, работат исклучиво како посредници, не организираат никаква обука, ниту ти бараат било какви дополнителни плаќања.

Единствено ако од бродската компанија одлучат да те вработат, ќе мораш да платиш 500 евра за против-пожарна обука и за спасување на патници, која е потребна за стекнување на меѓународен STCW сертификат кој е задолжителен за сите кои работат на брод.

Потоа патните трошоци и трошоците за виза варираат во зависност од тоа на кое пристаниште ќе се качиш на бродот, ако ти се посреќи да биде некое европско пристаниште, нема визни трошоци, туку само патните трошоци од Македонија до тоа конкретно пристаниште.
 
Последно уредено:

И се разбира, нивната таканаречена академија и нивната таканаречена настава за дотерување и однесување воопшто не се бесплатни, бидејќи тешко ќе се опарат од 500 денари по човек само бидејќи оставил своја автобиографија.

Еден мој колега од Прилеп - родниот град на Зоран Кочоски - сопственикот на Коузон, кој се гордее на себеси како успешен бизнисмен кој успеал да им избега на тутунските полиња во Прилеп, беше на една од таканаречените обуки и/или академии на Коузон, и после 200 или 300 евра фрлени кај нив, остана на копно, а има завршено факултет за туризам и угостителство. Иронично, неговиот прилепски со-жител Кочоски му направил услуга со тоа што само го цицал финансиски, а не го качил на брод, бидејќи колегата во меѓувреме го открил програмирањето, па сега работи како програмер, и слободно можам да кажам дека одлично си ја врши работата, а на брод може само да сонува за таква 4 цифрена плата во евра како келнер или било каков угостителски работник.

Мајоми од друга страна, работат исклучиво како посредници, не организираат никаква обука, ниту ти бараат било какви дополнителни плаќања.

Единствено ако од бродската компанија одлучат да те вработат, ќе мораш да платиш 500 евра за против-пожарна обука и за спасување на патници, која е потребна за стекнување на меѓународен STCW сертификат кој е задолжителен за сите кои работат на брод.

Потоа патните трошоци и трошоците за виза варираат во зависност од тоа на кое пристаниште ќе се качиш на бродот, ако ти се посреќи да биде некое европско пристаниште, нема визни трошоци, туку само патните трошоци од Македонија до тоа конкретно пристаниште.
Браво детално кажано, гледам дека имаш познавање, сигурно со бил на брод. Со без работно искуство во угостителтвото а познавање на англиски конверзациско ниво дали би можел за некоја позиција од угостителство да аплоцирам и како сњ движат платите.?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.847
Кој има искуство како келнер, добар е со наглиски а аплицира за работа на Кaрнивал, само како келнер во bar department, никако restaurant service, и тоа по можност да оди на карнивал колеџ за bar service, месец дена некаде трае.
Подобро да почека подолго, него да замине на шо било.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Браво детално кажано, гледам дека имаш познавање, сигурно со бил на брод. Со без работно искуство во угостителтвото а познавање на англиски конверзациско ниво дали би можел за некоја позиција од угостителство да аплоцирам и како сњ движат платите.?

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Ќе те разочарам и ќе го повлечеш аплаузот, бидејќи никогаш не сум работел на брод.

Сум бил на брод, но како патник и познавам луѓе кои биле на брод, повеќето преку Мајоми, но ги има и такви кои се вработиле преку Коузон. И сите работат или работеле за исти бродски компании и примале отприлика исти плати.

Лично не познавам луѓе кои работеле како келнери, туку исклучиво кои работеле како собари или кои чувале деца на бродот - ако добро ја разбрав нивната работа, а платите им се движеле помеѓу 800 и 1.600 евра месечно - за тие кои подолг временски период работеле на брод.

И сите велат дека најважно е одличното владеење на англискиот јазик и некое најосновно работно искуство, не ти бара препорака од ресторан или хотел со 5 ѕвезди, туку бара да имаш најосновни познавања и манири за услужување на гостите.

А кога сме кај тоа за колку време би се качил на брод, никогаш нема фиксен временски период на чекање, некои чекаат со месеци, а некои за помалку од месец дена се качуваат на брод, ако им се посреќат околностите.

Сепак повеќе ти ги препорачувам Мајоми, односно Uspinjaca Posao, бидејќи тие соработуваат со Uspinjaca Posao од Хрватска и постојано објавуваат на нивната Фејсбук страница слободни работни позиции за кои во блиска иднина ќе има интервјуа за вработување.

https://www.facebook.com/Rabota-na-brod-Uspinjaca-Posao-Skopje-135663383142234/
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.463
Бев во Коузон на предавањето и јасно разбрав дека да се одпочне апликација е 500 ден, па некој тест или обука 160 долари за виза и картата обично првиот пат сам ди ја плаќаш, бев и во Мајаоми, некако набрзина ми објасни ама трошоците ми игледаа помалку.. Некој поупает да каже нешто

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
Здраво Надеж,

Ти си ги помешала информациите. Не се иде во двете агенции во ист ден :)
Кај Мајоми, ако ти најдат работа на Карнивал сама си ја плаќаш картата за да стигнеш до брод.
Компаниите со кои соработува Коузон плаќаат авионска карта во двете насоки во сите договори.

@Dexter26 има нешто лично против Коузон па цело време пишува на темава против Коузон.

Одамна ги немам напишано своите трошоци кога јас се качував на брод, ама испаднаа отприлика вака.

Пред да ја добијам работата, бев на интервју во Загреб кое се на се ме чинеше 300 евра.

Откако ја добив работата уште 700 евра за разни трошоци, визи, медикали, тракатанци.

Додека бев на обука во Мајами и пред да почнам да добивам плата на брод потрошив 400 долари.

Мојата компанија ми одбиваше за камера и униформа и депозит (сега веќе нема депозити, ама у мое време имаше) 1500 долари.

Се на де околу 3000 долари.
Дали вредеше? ДА!!!

Прошетав пола свет. Имам другарчиња низ буквално цел свет. Видов дека жените надвор од Македонија се нормални, не ти викаат бегај бе сељак ако им кажеш здраво. Си купив уште подобар апарат од тој првиот што ми го наплатија од фирма. Си купив лап-топ кој и после 3 години на старо чини повеќе од 1000 евра. Си направив колекција од патики во која додуша ми фалат уште едно 2-3-4 модели, ама сепак имам пристојна колекција.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
...

@Dexter26 има нешто лично против Коузон па цело време пишува на темава против Коузон.

...
Нема лутенка, на мене лично Коузон ништо не ми згрешиле за да имам било што против нив.

Но познавам луѓе кои ги олеснале за по некое евро, а за возврат не добиле ништо, а истовремено немам слушнато такви поплаки за Мајоми, па затоа за Коузон го имам резервирано подебелиот крај од стапот на критиката.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.344
Поени од реакции
7.463
А бидејќи Декстер шири дезинформации, морам да пишувам исправки.

Многу едноставна е споредбата, Коузон има своја таканаречена академија за угостители, па ако сакаш да аплицираш за келнер или слична угостителска работна позиција, мораш да поминеш низ нивната таканаречена академија, можеби ќе ти кажат дека не е обврзувачка, но сепак поголеми ќе ти биле шансите да те вработат ако успешно поминеш курс на таа нивна таканаречена академија.

За тие кои се новајлии и немаат многу работно искуство, им организираат и настава за тоа како треба да бидат дотерани и како да се однесуваат на интервју доколку бидат интервјуирани од страна на некоја бродска компанија за работна позиција.

И се разбира, нивната таканаречена академија и нивната таканаречена настава за дотерување и однесување воопшто не се бесплатни, бидејќи тешко ќе се опарат од 500 денари по човек само бидејќи оставил своја биографија.
Дали ти Декстер како програмер ќе дозволиш некој келнер да ти кажува каде имаш грешки во кодовите?! Си бил на едно крстарење, си правел муабет со 2-3-4 другари и мислиш дека знаеш се за брод.
На времето се служеше војска, и обично пракса беше кога некој ќе дојде на викенд или кога ќе се скине да собере околу него средношколци и да им кажува за своите авантури додека бил во војска, најчесто 90% од приказните немаа воопшто врска со реалноста, но децава што не биле војска немаат со што да споредат дали информацијата која што типот ја дава е вистинска или не.

Еден мој колега од Прилеп - родниот град на Зоран Кочоски - сопственикот на Коузон, кој се гордее на себеси како успешен бизнисмен кој успеал да им избега на тутунските полиња во Прилеп, беше на една од таканаречените обуки и/или академии на Коузон, и после 200 или 300 евра фрлени кај нив, остана на копно, а има завршено факултет за туризам и угостителство. Иронично, неговиот прилепски со-жител Кочоски му направил услуга со тоа што само го цицал финансиски, а не го качил на брод, бидејќи колегата во меѓувреме го открил програмирањето, па сега работи како програмер, и слободно можам да кажам дека одлично си ја врши работата, а на брод може само да сонува за таква 4 цифрена плата во евра како келнер или било каков угостителски работник.
Никој не може да ти гарантира успешно поминување на интервју. Коузон дава се од себе да ги спреми подобро своите кандидати.
Инаку и Employment Power имаат своја академија ко што љубиш ти да пишеш таканаречена. Ми наплатија 100 евра за дводневен курс по фотографија на кој што научив само зошто Барак Обама кога позира застанува во десниот дел од фотографијата. Се останато знаев од порано, но беше многу корисна за оние кои немаа претходно доволно знаење или искуство.

Единствено ако од бродската компанија одлучат да те вработат, ќе мораш да платиш 500 евра за против-пожарна обука и за спасување на патници, која е потребна за стекнување на меѓународен STCW сертификат кој е задолжителен за сите кои работат на брод.
И оваа информација ти е погрешна. Курсот во Македонија чини 550 евра. Во Будимпешта е малку поефтин, ама кога ќе ставиш патни трошоци и престој ќе ти испадне поскапо.

Потоа патните трошоци и трошоците за виза варираат во зависност од тоа на кое пристаниште ќе се качиш на бродот, ако ти се посреќи да биде некое европско пристаниште, нема визни трошоци, туку само патните трошоци од Македонија до тоа конкретно пристаниште.
Ова зависи од компанија до компанија. За која компанија пишуваш тука?!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom