Работата на крузерите можеби звучи како совршена - патување по светот, запознавање на различни нации и одлична плата, но оваа работа е се само не тоа. Сите валкани тајни кои ги чува просторот под палубата на луксузните пловечки хотели ги откри Брајан Дејвид Брунс, првиот Американец во историјата на компанијата „Carnival cruise“ кој го одработил целиот договор беа давање отказ.
- Како келнер на бродот “Carnival’s Legend” работев 100 часа неделно и тоа 15 недели по ред, после тоа едноставно престанав да бројам. Немав слободен ден 10 месеци. Платата никако не одговара на одработените часови, поради што ретко ќче видите работници од развиените земји. На „Легендата“ добивав вкупно два слободни ручеци секои осум дена. Инаку работев секој доручек, ручек и вечера. Секој ден. А често и во полноќното бифе. Најлошиот дел од работата е чувството дека работодавецот едноставно ве поседува. Корпорацијата контролира што јадете, кога јадете, кога можете во тоалет, колку ви е температурата во кабината, апсолутно се, вели Брајан.
Меѓутоа, фактот дека работат како робови, спијат натискани во кабините како сардини без нималку приватност и дека се платени неверојатно малку, работниците морале некако да преживеат. Во тоа им помагал сексот. Многу секс и исмејување со гостите.
- На крузерите сите имаат секс со сите. Тоа е исклучителна прилика да го „вкусиш светот“ ако можам така да се изразам. Екипите се ротираат на неделна база, па нова бродска романса е секогаш достапна, ја продолжи Брајан приказната.