Здраво,
Еве и јас да пишам ред-два-три... вака од далечина, трговскиот центар во Кејп Канаверал
Ако фирмата решила да не вработува веќе вработени од одредени земји, сигурно има причина. Мојата фирма Имиџ не вработува босанци. Принцес не вработуваат македонци откако пред многу години група сервери одбиле да работат на последниот ден од нивниот договор и демолирале кабина. Дизни не вработува македонци откако пред 10тина години група сервери од Велес и околината групно фатиле илегала на копно у Флорида. Казната што Дизни Круз Лајн ја платил е бааги солена. Имаше еден македонец, сениор бродкаст техничар (кој вели дека убавите позиции не се за македонци) кој се вработи бдејќи претходно работел на слична позиција на Ројал, ама и он нешто забушаваше па се курчеше, па даде отказ, па сакаше да се врати, е тогаш од ДЦЛ му покажаа среден прст.
Казански имаше пишано многу страни наназад да се чувате од ќумбињата од карибите. Јас не му верував, ама откако ми дојдоа три ќумбиња од јамајка у фото тим потполно го разбирам.
Друго... не знам што да ви пишам сеа... имам пријатели од Македонија кои успеале во Америка, знам луѓе што се успешни на бродови, ама пред се се работи за квалитетни личности и вредни работници. Напорната работа се исплаќа. Забушанти не се добредојдени никаде. Луѓе кои загрозуваат безбедност на гости и персонал на ден брод се целосно забранети.
Коа сум веќе кај забраните, на Карен и забранија пристап на Дизни бродови поради закана за насилство кон друг вработен, а поради лоши перформанси Имиџ реши да ја отпушти (има исклучоци кога некој вработен од Имиџ бива исфрлен од една круз компанија, па Имиџ го распоредува на друга, но само кога се работи за луѓе кои придонесуваат за фирмата).
За месец и нешто се враќам во Македонија па ќе можам повеќе да пишувам и може и муабет у живо да падне ако сака некој да ме договори