- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 10.984
- Поени од реакции
- 12.428
Па подобро ти отколку тие кутрите сиромаси кои присуствуваат на презентациите, тебе барем те плаќаат за да се нервираш, а тие кутрите дошле во потрага по излез од сиромаштијата, а не по дополнителен стрес и нервоза со коментари од типот "знае(в)те ли дека бродовите за крстарење се луксузни хотели на вода", "знае(в)те ли дека на брод се работи и до 12 часа дневно", "знае(в)те ли кои се вашите права и овластувања на бродот", "што ве наведе/привлекува за да работите на брод" и слични глупости кои излегле од устата на Зоран Кочовски. Хехе, па да знаев дека вакви глупости ќе дудлаш цели 3 саати, несуден тутуноберачу, воопшто не ќе ти дојдев на презентација.Еј момци, ќе ме изнервирате и ќе седам на цела презентација на колегата некој вторник, баш да видам што конкретно кажува. Јас ја следев таа презентација 2011та кога ја држеше дечко кој претходно работел во казино, и тој не го кажа тоа.
Кога сме кај Мајоми, тие се позади Броз кафе во една од уличките уште пред скоро година дена, се гледа од тротоарот на Партизански одреди. Соработуваат со Карнивал, и со Имиџ (фото сервисис). Нивните интервјуа се обично Загреб или Белград (јас опрчив над 300 евра за време на моето интервју у Загреб 2011та, а баш гледав да не трошам).
Нормално никој не ви гарантира дека ќе ја добиете позицијата.
И да, биди 100000000000% сигурен дека баш во твое присуство твојот колега ќе го каже истото што им го изнакажал и на безброј други кои присуствувале на тие презентации.
Немој погрешно да ме разбереш, и јас за време на моите факултетски години имав професор по математика кој не` убедуваше дека мораме да му присуствуваме на предавања за најдобро да го разбереме материјалот и да не се занесуваме дека подобро ќе се подготвиме на приватни часови по математика. Но и покрај тоа што професорот навистина се потруди да ги направи предавањата што е можно поинтересни, сепак повеќето од нас - вклучувајќи ме и мене - потрошивме дополнително време на приватни часови - кој со пријател кој добро објаснува, кој со приватен професор кој наплаќа за добро да објасни. Тој што мене ми помагаше ми наплаќаше 700 денари за 90 минути, ама затоа па немаше предмет за кој тој ме подготвуваше, а да не го положев од прва.
Нешто слично се и овие презентацииве во Коузон - на крајот од денот повторно не гарантираат ништо, но твоите колеги не го кажуваат тоа, туку го повторуваат истото што го велеше и професорот - не се занесувајте дека со некоја друга агенција подобро ќе поминете.
Последно уредено: