Секако дека би споделила, бидејќи и мене ми беа од голема корист информациите што ги црпев од форумов благодарение на членовите.
Одам преку Мајоми, интервјуто на голема среќа беше во Скопје во хотел ''Карпош''. Не се сеќавам точна дата,мислам јули беше. Презентацијата ја држеше Синиша, човек во години, добро познат регрутер мислам од Загреб дека е, поим немам. Ни го претстави Тони, регрутерот на Карнивал, фин младич околу 30 години. Фино беше што ни напоменаа на презентацијата да не се откажуваме од сегашните работни места веднаш и дека до септември нема да има ништо. Тек почеток на септември ке се знае кој кога се укрцува поради тоа што тогаш се разлабавува академијата и може да прими нови кандидати. По половина час презентација, следеше иннтервју со Тони, 10 минути чисто за персоналити да оцени, потоа малку поконкретни прашања врзани со позицијата за која аплицираш. Дечкото беше лабав, пријатен за разговор. За 15 мин моето интервју помина глатко, се оценува каков персоналити имаш, како говориш англиски и што знаеш за она за кое аплицираш. Типс плус од мене, фокус, гледај во очи, внимавај на body language, колку повеќе одговори даваш, толку помалце прашања добиваш но не да го отупиш и да одолговлекуваш со одговори, максимум минута и јасен и гласен. После 3 дена добивме меил кој прошол и останува да се чека до септември. Од 30-тина души пројдовме 18 ми се чини можеби грешам. Дојде септември, луѓето се јавија да се спремаме. Ситни документи као потврда за неосудуваност, Марлинс тест се полага во Мајоми и кошта околу 1200 денари, талент тест се полага електронски добиваш линк од Карнивал.
Потоа следеше медикал во Тоспаш 7200 ден + 600 рендген снимка кај Толовски =7800 ; Потоа имаш карта авионска за Мајами 850е ; и на крај апликацијата за виза се наплаќа околу 1700ден и визата те кошта 160$. Тоа се моите трошоци.
Значи да сумираме:
Во Мајоми : 1200ден Марлинс
Апликација за виза 1700ден
Амбасади, медикал и авио карта - околу 130е медикал, 850е авио карта ,виза 150е = 1,130 евра.
Значи ова плакате во клиника,во амбасада и сл., не ви ги зимаат парите од Мајоми. Во Мајоми рачунајте од прилика 50 евра да платите со се тестовиве и апликацијата и плус минус некои преводи на документи ако правите, другово си го плаќате регулар кај шо треба.
Значи мене дамла ме удри коа напраив математика, пошо реално многу е да ги фукнеш 1200 е на гладно, ама знам каде ми отидоа парите, и во Мајоми не плаќам никаква провизија освен ова што го кажав, додека со Коузон имав непријатно искуство и тоа лично со Господинот Кочоски и тој Атанас такозвани Нацето, шо си се намести на Викинг, а нас кој не врти пошо јас од 8 сабајле на интервју влегов во 7 вечерта со температура 39,8. и ред други глупости шо ми ги направија да не бројам. Имам и многу пријатели задоволни од Коузон, а и дечко ми исто така, но јас немав срека со нив. Освен тоа едвај издвоив 1130е за тука да платам виза и сл трошоци, прочитав некаде дека во Коузон се на се испаѓало околу 3000е ?!! Тоа е малце ту мач. Не е за парите, јас сум разочарана од пристапот конкретно на Кочоски, Александра, Атанас...како на улица да сме најдени. А другарчињата на Нацето не требаше да дремат во Палас и да чекаат како нас сите нормални, туку чекаа Нацето да им се јаве разбираш па они да дојдат вечерта, да не го губат денот нели, пошо само они имаат обврски, ние не. И ПАК да влезат преку ред. Иако бев д бест на све шо ми подметнаа да слушам, пак чекам ја у системот, да да тука сте чекаме позиција за вас... 2 факинг години поминаа,чекаме сите чекална отворив. Магаре у купатило. И се заглавило копчето на HOLD.
Како и да е, се надевам дека се сега попристапни и пољубезни, се менуваат лугето, поминува време, гледам
@Tonchie e таму, се надевам дека нешто е сменето. Ако уште нешто можам да помогнам, гоу а хед прашајте, ако ми треба нешто прашувам .
П.С Предходно имаше кавги на темава,само да нагласам дека немав намера никого да навредам, ова е лично искуство и мислење, кај секого е индивидуално. Поздрав другари.